“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 1. фебруар 2014.

Хајнрих Рудолф Херц


Хајнрих Рудолф Херц (22 февруари 1857 – 1 јануари 1894) бил германски физичар кој што во 1888 експериментално го докажал постоењето на електромагнетни бранови и утврдил дека нивната брзина е еднаква на брзината на светлината (Максвелова теорија) а ги испитал и нивните дејства. Херцовиот осцилатор послужил како основ за развој на радио-техниката. Ги изучувал дејствата на катодните и УВ зраците и на одреден начин утврдил фотоелектричен ефект. Единицата за осцилација (фрекфенција) го добила неговото име во негова чест.

Хајнрих Рудолф Херц е роден на 22-ри февруари 1857 година во Хамбург, во богата еврејска фамилија. Високото образование го заврши во Берлин, а потоа стана професор во Карлсрухе и на Бонскиот универзитет. Херц беше почесен член на Берлинската академија на науките. За време на школувањето во Берлин покажал голем интерес и познавање за науката и јазиците а учел арапски и санскрит. Наука и инжинеринг студирал во Дрезден. Минхен и Берлин. Бил ученик на Густав Р.Кирхов и Херман фон Хелхотз. Дипломата ја добил во 1880, а до 1883 останал Хелхолтзов ученик. Тогаш земал место како предавач на универзитетот во Келн. и тука ги открива електромагнетните бранови. После експериментот на Мишелсон во 1881 кој го докажал непостоењето на земјината патека околу сонцето која што настанала во 17 век, Херц ги преформулирал Максфеловте равенки и дошол до нови откритија. Во текот на експериментот докажал дека електричните сигнали можат да патуваат низ воздухот како што претпоставувале Џејмс Кларк Максфел и Мајкл Фарадеј, и тоа беше основа за откривање и развој на радиото.

Нема коментара:

Постави коментар