“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

петак, 14. фебруар 2014.

Роберт Опенхајмер


Роберт Опенхајмер е роден на 22 април 1904 гаодина, а починал н 18 февруари 1967 година. Бил северноамерикански физичар, професор на Универзитетот во Калифорнија, до 1942 година. Повеќе години се занимавал со експерименти и имал повеќе пронајдоци на полето на атомската физика. Негов пронајдок е Опенхајмер-Филипсовата реакција. На покана на Министерството за одбрана на САД го напушта Универзитетот (1942) и завзема водечка улога во решавањето на проблемите на создавањето на првата атомска бомба. До 1945 година бил директор на лабораторијата за изградба на атомска бомба во Лос Аламос, кога Министерството за одбрана му доверило да работи на проектот за примена на атомската енергија во воени цели. Од 1953 година, под сомнение дека одржува врски со комунистите, оневозможена му е понатамошна работа на атомските пронајдоци во САД, затоа што бил противник на произведување на водородни бомби и се залагал за користење нуклеарна енергија во миротворни цели. Рехабилитиран е во 1963 година.

Нема коментара:

Постави коментар