“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 31. децембар 2016.

Славјански аманет од непознат автор од 12 век

За думата, за јазикот наш насушен

Зборот може да се изгуби како град, како земја како душа.
А што е народот, ако го изгуби јазикот земјата душата?
Не земајте ги туѓите зброви во своја уста.
Земеш ли туѓ збор, знај дека не си го освоил,
туку, себе си се отуѓил.
Подобро е, да го изгубиш најголемиот и најобезбедениот град во земјата,
отколку најмалиот и најбезначајниот збор
- на својот јазик .
Земја и држава не се освојува само со мечеви,
туку и со јазици.
Знај дека непријателот те освоил и покорил,
толку колку што зборови ти украл и свои ти вметнал
Два народа мило мое, можат да се тепаат и да се мират.
Два јазика, никогаш не можат да се смират.
Два народа, можат да живеат во најдобар мир и љубов, но, нивните јазици можат, само да војуваат.
Секогаш кога два јазика ќе се сретнат и измешаат, тие се како две војски во борба - на живот и смрт.
Се додека во таа борба се слушаат и едниот и другиот јазик  - борбата е рамноправна.
Кога ќе почне подобро и погласно да се слуша еден од нив,- тој ќе преовладее.
Најпосле се слуша,само еден.
Борбата е завршена.
Исчезна еден јазик,исчезна еден народ.
Знај чедо мое, дека таа борба меѓу јазиците
не трае ден - два, како борба меѓу војски
ниту, година - две како војска (војна-з.м) меѓу народите, туку век или два.
Тоа е за јазикот исто толку,мала мерка за времето
како за човекот миг или два.
Затоа е чедо мое, подобро да ги изгубиш сите борби и војни отколку да се изгуби јазикот.
После изгубен јазик, нема народ.
Јазикот чедо мое е потврд од најтврдиот бедем
Кога непријателот ќе ги сруши сите бедеми и тврдини
- ти не очајувај, туку гледај и слушај, што е со јазикот.
Ако јазикот останал недопрен, тогаш не плаши се.
Таму каде оѕвонува нашиот збор, каде уште се доловува и каде како стар златник се врти нашиот збор, знај чедо мое дека тоа уште е наша држава,
без оглед кој во неа владее.
Народот е чедо мое, траен и од најтрајното и од секоја држава.
Кога тогаш народот ќе се спои како вода,
штом пукнат браните кои го раздвојуваат.
А јазикот чедо мое, јазикот е таа вода,
секогаш иста од двете страни на браната.
која како тиха и моќна сила која брегови рони,
пак ќе го спои народот во една татковина,
во една држава.


(превземено од Жорж Поповски)

понедељак, 21. новембар 2016.

Крсте Петков Мисирков

             Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Д-р Крсте Петков Мисирков роден на 18 ноември 1874 во Постол, Егејска Македонија а умрел на 26 јули 1926 во Софија. Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби…….


Потсетување на циклусот “Цутови на мисирковото дело во светот и дома”

    Во овој циклус изработивме многу портрети на слависти, македонисти, афирматори на македонскиот јазик надвор од границите на Македонија.

понедељак, 3. октобар 2016.

Караџица на Јакупица




Планинарски дом Караџица, се наоѓа на 1455 m надморска височина и до него може да се дојде на неколку начини и од неколку правци. Со возило по патот од Драчево кон селата Долно Количани - Горно Количани - Црвена Вода – Преслап - викенд населбата Мала Река - селото Алдинци – домот Караџица. Од  Драчево до домот Караџица има 38 km колски пат. Следна можност за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка – Лисиче – Дреново - Долно Јаболчиште - Горно Јаболчиште - Дом Караџица. Планинарски патеки за пристигнување пеш до домот Караџица се: (скопско) Преслап - Кадина Река – село Алдинци - Караџица ( 2,5 h пешачење), село Цветово - Дом Караџица (околу  3,5 h пешачење ), село Патишка Река - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (8 h пешачење), село Црн Врв - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење), (велешко) од Планинарски дом Чеплес - Солунска Глава – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење). Во близина на планинарскиот дом Караџица се наоѓаат  неколку археолошки локалитети и тоа: “Кале” на вливот на Јуручка во Кадина Река, Алдинци, влашки колиби на Салакова Планина, Драчевски рид, селото Црн Врв и други. Околината на домот е богата и со разни шумски плодови, габи, чаеви, шумски јагоди, боровинки, капини, малини и др.
 Домот има капацитет од 15 соби со 65 кревети, кујна опремена со пристојни елементи и прибори, фрижидери, ормани за храна, туш кабини, ТВ со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња. 
Местоположбата на домот нуди многу можности за планинарење, mountain biking, off roud driving, лов и риболов и други спортови. 
Релации за прошетки во околината на  планинарски дом Караџица има многу благодарејки на живописната природа, но најпосетувани се: Каменот Жаба и Кадина Река (0,5 h пешачење), врвот на планината Мумџица 1569 m надморска височина (0,5 h пешачење), вливот на Салаковска во Кадина река (1h пешачење), Споменикот во чест на паднатиот руски авион (1,5 h) врвот Сипичан 1790 m надморска височина  ( 2,5 h пешачење), Бегово Поле 2000 m надморска височина (3 h пешачење), Солунска Глава – 2540 m надморска височина (5 h пешачење), Салакови Езера 2180 m надморска височина (4 h пешачење). 
Жаба

Кадина Река
Мумџица
Солунска Глава
Салакови Езера
Сипичан
БЕГОВО ПОЛЕ
Во непосредна близина на домот има повеќе поголеми планински реки и потоци кој се погодни за риболов. Поголеми и позначајни реки се Кадина Река, Салаковска Река, Алијагица, Јуручка Река и Мала Река.

Погодни релации за off roud и mount biking се Планинарски дом Караџица - Солунска Глава, Планинарски дом Караџица –  село Горно Јаболчиште, Планинарски дом Караџица - Салаковски Езера и др.
ЈАКУПИЦА

Јакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Даутица, Голешница, Караџица, Китка и Осој. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2540 метри. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори – врела богати со чиста вода за пиење.