“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

уторак, 23. јул 2013.

ЗЕЛЕНЧУК НА ПРЖИНСКИ НАЧИН

ЗЕЛЕНЧУК НА ПРЖИНСКИ НАЧИН
Потребни се повеќе видови на зеленчук, но јас, денес готвев со тоа што ми се нашло во кујната: 300 g грашок, 300 g морков, 300 g пченка, 100 g свежи печурки, 150 g ориз, 1 чаша павлака, 30 g масло за јадење, 1 главичка кромид, био-зачин, сол, бибер и црвен попер, 400 g пилешки стек и за експериментирање 1 подебела кора за пита исечена на кругови и потпечена на рингла.
Подготвување: маслото се загрева, се додава ситно исецканиот кромид, се пропржува и се додава оризот и зачините па се пропржува повторно. Се додаваат грашокот, морковот, пченката, печурките, се прелеваат со вода (колку да се покрие смесата) се покрива со капак и се става во рерна да се пече 30 монути на 250 степени целзиусови. Во намастена тава го пржиме пилешкиот стек додека не порумени. Се служи со павлака и салата по избор. За подекоративно сервирање можете да направите фишеци од печени кори, да ги намачкате со павлака, да ги наполните со зеленчукот на пржински начин и коцкички од печениот пилешки стек.

понедељак, 22. јул 2013.

Риба како извор на минерали и витамини

Веќе сите знаеме зошто на трпезата два до три пати седмично треба да имаме риба како извор на минерали и витамини. Дека навистина е здрава, доволен доказ ни се жителите на приморските земји, кои во исхраната често користат риба па во просек и живеат подолго и имаат помалку проблеми со малигни и кардиоваскуларни заболувања. Она што рибата ја прави посебна е фактот дека содржи малку калории, а многу корисни материи потребни на организмот. Рибиното месо содржи: бакар, калциум, натриум, незаситени масни киселини, протеини, селен, цинк белковини, витамини од Б комплексот, железо, јод, калиум. Месото од риба и рибиното маслио како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење. Рибиното месо делува како лек на многу болести и тегоби: акни, анемија, анксиозност, болести на крвните садови, болести на срцето, дебелина, губиток на помнење, депресија, импотенција, имунодефициенција, некои видови рак, неплодност, несоница, остеопороза, зголемен крвен притисок, ПМС синдром, проблеми со кожата, проблеми во менопаузата, проблеми во бременоста, синдром на хроничен умор, намалени триглицериди во крвта, намалени липиди во крвта, стрес, го успорува стареењето. Јадете почесто риба ако сакате да го зачувате добриот вид. Рибата е особено полезна за очите поради тоа што е богат извор на омега-3 масни киселини. Редовната консумација на омега-3 масни киселини ги заштитува малите крвни садови кои се наоѓаат во очите. Консумирајте риба како лосос, харинга или сардина барем 2 пати неделно.

Диета со риба 
Рибата содржи голема концентрација на витамин Д кој е неопходен за нормален раст и развој како и за формирање на коскеното ткиво. А масните киселини кои исто така ги има во изобилие се превенција од најразлични болести на крвоносниот систем и срцето. Затоа диетолозите препорачуваат вклучување на рибата во многу диети.
Наутро почнувате со 2 чаши зелен чај, две јајца варени, кисело млеко, една таблета витамин Ц, што после петиот ден може да се замени со некое овошје по избор.
Во 11 часот – Испиј пред јадење чаша вода. Во почетокот се јаде само половината риба за да го смириш гладот и да го стартираш процесот на варење на храната.
После половина час се дојадува рибата гарнирана со варен зеленчук. Ограничете ја консумацијата на сол, а зголемете ја употребата на бибер, кромид, лук, кориандар и босилек кои го забрзуваат метаболизмот. Рибата треба да биде печена и не повеќе од 200 гр.
Ручекот започнува најпрво со две чаши вода пред јадење. Менито се состои од 200 гр печена немасна риба со зелена салата или брокули на пареа и кисело млеко.
17 часот – Најпрво испијте голема чаша вода. Секојдневно треба да се консумира 2-2,5 литри вода. Вечерното мени е исто како и ручекот со таа разлика што рибата можете да ја замените со некои други морски плодови по избор, кои исто така треба да бидат печени и без употреба на маснотии.
Пред спиење испијте две големи чаши зелен чај.

Филети од ослиќ 
Потребно: 500 g филети ослиќ, 100 ml суво бело вино, 200 g oриз, 50 ml масло, малку магдонос, 2 чешниња лук,1 главица кромид, 100 g домат малку зачин.
ПОДГОТОВКА:
Филетите измијте ги и зачинете ги со, црн пипер, зачин, сечкан лук и магдонос. Во тенџере или огноотпорен сад ставете малку масло па распоредете го сечканиот кромид. Преку кромидот ставете домати исечени на кришки, па посипете со ориз. Преку оризот наредете ја рибата, налијте со вода, вино и малку масло, сè добро да биде покриено. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во рерна на 200 степени. 

(Осличот е риба со издолжено тело, широк устен отвор и долга вилица со силни заби. Достигнува должина до 1 m и тежина до 10 kg. Се храни со Сардини, Скуши и Харинги. Живее во Североисточен Атлантик, Црно и Средоземно Море.)


петак, 19. јул 2013.

Ф 'стак


Ф 'стак
Дрво на ф'стак во Европа (во Италија) е донесено во првиот век од нашата ера од Сирија. Стеблото може да достигне висина до 10 метри со листови долги 10 – 20 cm, со издолжен јаткаст плод, заштитен со цврста светла лушпа. 
Под лушпата се наоѓа виолетова кожичка, а под неа зелен плод со препознатлив вкус. При созревање лушпата пука. Секое стебло на ф'стак во просек дава околу 50 kg плодови. На дрвото му се потребни 20 години да почне да дава квалитетни плодови а живее со векови доколку расне во поволна сончева клима. Татковината на ф'стакот е југозападна Азија, Иран, Сирија, Авганистан, но успева и во јужна Франција, Грција и Шпанија.
Ф'стаците се едни од највкусните јаткасти плодови. Со 100 g Фстаци добивате 550 калории, содржат Витамин Ц, одлични се антиоксиданти, Витамин А, калиум, железо, витамин Б6, тиамин, бакар и манган. Во 100 g фстаци има 5,9 g протеин, 51,6 g јагленихидрати, 17,4 g масти и 6,5 g диетални влакна.
Ф 'стаците се добар извор на витаминот Б6 кој е основен за создавање на хемогоблин, а тој, пак, клетките ги снабдува со кислород. Витаминот Б6 е добар и за поттикнување на имунитет, создавање на црвени и бели крвни зрнца, одржување на слезинката и лимфните јазли во здрава состојба. Всушност, недостатокот на витаминот Б6 ја намалува способноста на организмот да се бори со инфекции. Ја збогатуваат кожата со витаминот Е, а тој ја штити од прерано стареење, од ултравиолетовите зраци и од рак. Го одржуваат видот здрав затоа што ф 'стаците содржат каротеноиди, зеаксантин и лутеин, кои ретко се наоѓаат во другите јаткасти плодови. Каротеноидите штитат во форма на антиоксиданти, кои го спречуваат штетното влијание на слободните радикали. На ф'стаците им се припишува и способноста да го намалат ризикот од макуларна дегенерација (т.н. старечко перде). Ф'стаците се добар извор на фосфор, што е поволно за гликозна толеранција и за претворање на протеините во аминокиселини. Една рака суви ф'стаци е одличен лек за дијабетичари. Се смета дека ф'стаците го намалуваат лошиот и го зголемуваат процентот на добриот холестерол во телото. Ова помага да се намали ризикот од срцеви заболувања. Како дел од исхраната, помагаат во регулацијата на крвниот притисок. Луѓе со нарушена работа на бубрезите треба да го ограничат внесот на ф'стаците во организмот, поради калиумот. 
Баклава со чоколадо и ф'стаци
 Потребни состојки: 100 g чоколадо, 100 g ф'стаци сечкани, 1 лажица мед , 8 кори за баклава, 20 g путер растопен, шеќер во прав, за декорација, 1/2 лажичка цимет , 1/4 чаша хопла

Подготовка: Рерната ја загреваме на 180 степени, ги сечкаме ги ф'стаците на парчиња и ги оставеме на страна. Во помало тенџере ја ставеме хоплата и половина лажичка цимет и ја вариме на оган со средна јачина. Кога ќе се загрее го додаваме чоколадото искршено на коцки и мешаме додека да се растопи. Потоа ги додаваме во чоколадото ф'стаците и ги промешуваме. Го тргаме тенџерето од оган и го оставаме да се излади.
Го топиме путерот во мало тенџере. Земаме една кора за баклава, ја превиткуваме на половина, ја мчкаме со малку растопен путер, земаме две лажици од чоколадото и ставаме на средина од кората. Ја превиткуваме кората од двете страни за да го преклопиме чоколадото, а потоа ја виткаме во ролна. Продолжуваме со останатите кори.
Ги ставаме свитканите парчиња баклава во тавче. Ги мачкаме одозгора со остатокот од путерот. Ги ставаме во загреаната рерна да се печат околу 10 минути додека да добијат златно жолта боја.
Ги сервираме изладени, пресечени на половина и декорирани со шеќер во прав.

среда, 17. јул 2013.

Лепчиња со Сирење

Цветно лепче со сирење


Потребни состојки:  900 g брашно, 1 филџан масло,
1 лажичка сол, 1 квасец, 1/2 литар вода, 200 g сирење,
4 јајца ( 2 за тесто, 1 за сирење, 1 за мачкање).



Замесете гo квасецот со малку брашно, шеќер и топла вода да стаса. Додадете го маслото, 2 јајца, солта и водата, изработете го и оставете го да расне. Откако ќе биде гoтoво тестото, поделете го на кравајчиња и  секое oд нив расукејте ги во правоаголни кори. Уз работ на коричката ставете од сирењетo пoмешанo со јајца и изролувајте. Извиткајте ги ролничките како полжавчиња, наредете ги вo плех, премачкајте ги сo јајце, поросете ги со сусам и афион и откако ќе раснат десетина минути, испечете ги во загреана рерна додека да се вцрват.