“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

петак, 10. мај 2013.

Сарма од лозов лист

Сарма од лозов лист


Потребни состојки:
  • 50-60 листови од лоза
  • 500 g мелено месо
  • 2 помали главици кромид (или 2-3 млади кромидчиња)
  • 150 g ориз
  • 2 лажици мешан зачин
  • 1 лажиче црвен пипер
  • малку сол
  • малку бибер
Подготовка:
Листовите се обаруваат во врела вода, се цедат и се оставаат да се изладат.
Кромидот ситно се сечкаа и се пржи додека да омекне.
Се додава месото, сето се меша и се пропржува.
Се додава ориз.
Се зачинува со мешан зачин, црвен пипер, сол и бибер.
Сето се промешува да се изедначи и се трга од огин.
Со овој фил се филуваат листовите.
Се виткаат и се редат во тенџере или тава.
Се полеваат со врела вода (да ги покрие сармичките околу 3-4 сm над нив).
Доколку немате сад со капак од Братство - Охрид, се покрива со фолија или неколку слоеви од лозови листови.
Се вари 2 часа на тивко или се пече во рерна 1 час.
Заменете го месото со соја или зеленчук и ќе добиете вкусна, посна сарма од лозов лист.
Лозов лист за подобра циркулација
Кога некого ќе прашате за што служи лозовиот лист, како од топ ќе одговори: "За сарма", но малкумина знаат дека има и лековити карактеристики. Во народната медицина најчесто се употребува во лекувањето дијареја, лоша циркулација, проширени вени, нередовна менструација, хемороиди, но и да се исчистат бубрезите од песок или од камен.
За подобра циркулација, се препорачува да се варат две раце свежи, ситно исечкани лозови листови 15 минути во еден литар вода. Добиената течност се сипува во поголем длабок сад. Нозете се држат во неа половина час, потопени до колена. Овој третман треба да се применува секоја вечер во текот на еден месец.

понедељак, 6. мај 2013.

Ѓурѓовден - Празникот на Св. великомаченик Георгиј Победоносец



Празникот на Св. великомаченик Георгиј Победоносец - Ѓурѓовден, се празнува на 6 мај според новиот, односно на 23 април според стариот календар. Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува  не само христијанското, туку и целото население во Македонија, што од друга страна значи дека во негова основа е празнувањето на природата, на разубавувањето на вегетацијата и на животот воопшто. На Ѓурговден се негуваат повеќе обичаи како плетење на венец од растенија, миење со водата во која се потопуваат растенија и капење во река. Ноќта, наспроти Ѓурѓовден, некој од домашните ќе скине зелени гранки во најблиската шума и со нив ги закитува вратите и прозорите на куќите и останатите простории, како што се влезните порти и капии. Ова се прави, според христијанското верување, за годината и домот да бидат „бериќетни“ – „да има здравје, плодови и род во домот, полето, во трлата и шталите“. Исто така се плетат венчиња од „ѓурѓевско цвеќе“: ѓурѓевка, млечка и други, и со нив се закитуваат влезните врати на дворот и куќата. Тие венци стојат над вратата цела година, до следниот Ѓурѓовден. Наспроти Ѓурѓовден, домаќинката во сад полн со вода става разни пролетни растенија: дрен, па потоа здравец и на крај грабеж , црвено јајце и пазикуќа, а потоа тоа се става под ружа во градината да преноќи. Наутро сите се мијат со водата: децата – за да бидат здрави како дрен, девојките – момчињата да се грабат за нив, старите – да бидат здрави, домаќинот – куќата да му биде добро чувана итн. Секој според своите потреби и желби. Од голема важност е и бањањето во река, пред изгревот на сонцето понекогаш во реката се фрлаат и венци од цвеќе или се истура млеко. Потоа Ѓурѓoвден е најголем празник и на поголемиот број на Роми со кои се слави враќањето на пролетта. На тој ден многу Роми посебно свечено се облекуваат, стваат накит, одекнува ромската музика и се игра ромското оро. Домовите се украсуваат со цвеќе и расцветани гранчиња во знак на добредојде на пролетта. Обредите на овој празник вклучуваат бањање во вода со цветови, а понекогаш и ѕидовите од куќите ги мијат со вода. Обично на овој ден се јадe јагнешко месо. Како традиционално номадски народ, Ромите со овој прзник го обележуваат крајот на зимата и ги креваат своите черги, и повторно тргнуваат на пат.

субота, 4. мај 2013.

Домашна мачка


До неодамна за мачката се верувало дека била припитомена во стариот Египет каде била култно животно, но денес се претпоставува дека сите домашни мачки веројатно водат потекло од африканската дива мачка (Felis silvestris lybica), припитомени некаде околу 8000 п.н.е, на Блискиот Исток. Најстариот директен доказ за припитомената мачка е маче закопано до човек, уште пред 9,500 години на Кипар.
Расположението на мачката има подеднакво влијание на големината на нејзините зеници како и количеството светлина. Вознемирена или исплашена мачка има широко отворени зеници, додека лута мачка има стеснети зеници.
“Апаратот” за слушање кај мачката е толку развиен што тоа може да разликува два идентични звучни извори на растојание од 0,5m на одалеченост од дури 20 метри. Увото на мачката се состои од 30 мускули (луѓето имаат 6) кои ги контролираат движењата на надворешното уво и кои можат да го ротираат за 180 степени. Мачката така може да слуша звуци од сите правци без да ја помести главата.
Необичните звуци и притискање на забите кај мачките кои низ прозорецот гледаат во некоја птица или инсект само го претставува ловецот месојад кој го убива пленот со касање. Мустаќите им служат најпрво за проценување дали можат да поминат низ одреден отвор. Тие немаат поголема коска од черепот во своето тело, па затоа отворот низ кој поминува нејзината глава е доволен за да помине и нејзиното тело. Мачките немаат потни жлезди што го објаснува послабиот мирис на нивните тела (за разлика од кучињата). Овој факт ги прави релативно осетливи на високи температури.
На мачката во лошите светлински услови им е потребно 6 пати помалку светлина (во однос на човекот) за да можат да гледаат јасно. За тоа придонесува и посебната мембрана Tapetum Lucidum која се наоѓа на работ од корнеата и која има рефлективна површина. Таа уште еднаш ја одбива примената светлина кон зеницата и на тој начин ја зголемува “апсорбираната количина светлина”. Одблесокот на зелената боја која може да се види на фотографиите од мачки или кучиња кои се снимени со користење блиц ја претставува рефлексијата на оваа мембрана.
Освен во носот, мачката поседува уште едно чувство за мирис. Станува збор за хемиски, осетливи, нервни завршетоци кои се наоѓаат во горниот дел на усната празнина. Кога ке пие, јазикот на мачката ја внесува течноста со долниот дел во усната празнина, за разлика од јазикот на кучињата. Како и луѓето и мачките можт да бидат “левучари и десничари”. Од сите животни на планетата само жирафите, камилите и мачките одат истовремено со левите па десните нозе. Мачката многу ретко “мјауче” во комуникација со друга мачка. Овој начин на комуникација го користат само за луѓето.
Неодамнешното верување дека мачките не ги разликуваат боите е отфрлено со најновите истражувања. Мачките можат да ги разликуваат сината, зелената и црвената боја. Мачорот станува полово зрел помеѓу 7. и 10. месеци, додека мачката може да остане бремена веќе во 5. и 10. месец од нејзината старост. Без контрола може во континуитет да има мачиња на секои 4 месеци, па затоа е многу важно да се контролира парењето или стерилизација/кастрирање. Пропорционално со големината на нејзината глава и тело, мачките имаат најголеми очи од сите останати цицачи.
Мачките мораат преку исхраната да внесуваат масти, затоа што нивниот организам не е во можност да ги произведува. Немојте вашата мачка да ја храните со сува храна за кучиња, затоа што на мачките во проценти им е потребно 5 пати повеќе протеини отколку на кучињата. Тие имаат подобро краткотрајно помнење за разлика од кучињата. Со најновите експерименти е утврдено дека краткотрајното помнење кај кучињата не трае повеќе од 5 минути, а кај мачките може да трае и до 16 часа што ги преминува и резултатите направени кај мајмуните.
Единствен вид на домашна мачка која ја сака водата и на која тоа и е составен дел од карактерот на расата е Турската Ван мачка. Во регионот од каде доаѓа оваа мачка ја нарекуваат и “мачка која плива”. “Предењето” е составен дел од комуникацијата на мачката. Самиот звук е како резултат од движењето на воздухот низ каналите во градите кои со своето померање ги прави дијафрагмата. Необично е што некогаш предењето се слуша и кај мачките кои се разболени или повредени. Сепак, предењето пред се го претставува доброто расположение и прв пат се слуша кај мачката додека цицаат млеко.
Мачката Дон Спинукс е мачка без крзно и има Руско потекло. Историјата на настанокот на овој вид потекнува од приказната на Елена Ковалева, која враќајќи се кон својот дом забележала деца кои си шутираат торба како топка. Внатре во торбата имало престрашено маче кое што таа го спасила и го земала како свое домашно милениче. Со текот на времето, како што мачката стареела и опаднало сето крзно, а родила и мачиња без крзно на нив.
Многу одамна кога луѓето верувале во многу богови, црната мачка била божество за фараоните во стар Египет. Црната мачка за египќаните била чуварот и телесното олицетворение на божицата Бастет. Бастет била божица на месечината, плодноста, и воопшто претставник на женската енергија. Се верувало дека на секој кој ќе го отвори својот дом за да нагости мачка, Бастет ќе му подари плоден живот. Мачката за старите египќани била свето животно. Повредување на мачка било казниво со смрт. Тие ја почитувале толку многу најверојатно поради фактот што нивните улици биле чисти од глодари и други штетници токму поради мачките. Во келтската митологија пак црната мачка била земска форма на самовилата Сит, а самовилите за келтите секогаш носеле среќа. Во средниот век, кога се појавиле првите Викани, или мудри луѓе, кои денес популарно ги викаме Вештери и Вештерки, мачката им станала верен придружник. За Виканите, мачката е единствено земско суштество кое може да ја минува границата помеѓу духовниот и материјалниот свет. Таа е показател дека на некое место има или нема негативна енергија. И токму затоа ја користеле како заштитник кога правеле магии  во кои се минува прагот помеѓу двата света. Со појавата на христијанството и желбата да се искорени се што е паганско, инквизиторите ги нарекле вештерките и нивните мачки слуги на ѓаволот. Оттука потекнува денешното суеверно верување кое преовладува во Западниот свет дека црната мачка е лош знак. Меѓутоа, во Англија и Ирска црната мачка означува добар знак, бидејќи уште многу одамна жените на рибарите верувале дека ако видат црна мачка, мажите безбедно ќе им се вратат дома. Во Шкотска веруваат дека ако црна мачка ви го пречекори прагот од домот, со себе ќе ви донесе богатство.
За Јапонците црната мачка особено е добар знак. Тие веруваат дека жена која чува многу црни мачки во домот ќе има и голем број на додворувачи.