“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

среда, 24. јун 2015.

Зборникот на браќата Миладиновци

На 24 јуни 1861 година, во приватната печатница на Анте Јакиќ на Влашката улица бр. 48 во Загреб,излезе од печат една од најзначајните книги за македонскиот народ, „Зборникот на народни умотворби“ на браќата Миладиновци од Струга.
 Зборникот на браќата Миладиновци претставува книга над книгите, со песни од Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Магарево, Воден, Кукуш. Има 511 страници и вкупно 674 објавени песни (од кои 598 се македонски, а 76 се бугарски, кои Константин ги купил од бугарскиот фолклорист Васил Чолаков).
Класифицирани се во 14 тематски групи: самовилски, црковни, јуначки, овчарски, ајдучки, жаловни, смешни, љубовни. Овој летопис содржи над 23.000 стиха, 16 народни преданија и педесетина народни пословици, 104 гатанки, 422 машки и женски имиња и презимиња и многу обичаи и свадбени описи, верувања, гатанки и ритуали. Содржи и прв скратен македонско-хрватски речник, како и посвета со благодарност до хрватскиот бискуп.