Телефон ( теле-далеку и фон-глас) е телекомуникациски уред кој овозможува два или повеќе корисници да водат разговор, кога тие не се во близина или немаат физичка видливост помеѓу нив. Телефонот го конвертира човечкиот глас во електрични сигнали кои се погодни за пренос преку кабли или други медиуми на долги растојанија.
Всушност телефонот е развиен во тек на подобрувањето на работата на телеграфот кој бил претходно развиен и патентиран. Во тек на овие експерименти на кои работеле Александар Греам Бел и неговиот асистент Томас А. Вотсон дошле до откритието како да го претворат говорот во електричен сигнал и како да го испратат по жица.Први зборови изговорени преку телефон се "Mr. Watson -- come here -- I want to see you." (Господине Вотсон дојдете кај мене – сакам да ве видам). Денес постојат повеќе типови на телефонски апарати кои се користат во комуникацијата помеѓу луѓето така да имаме обични фиксни телефони кои се врзани на главната телефонска централа преку еден пар бакарни жици, имаме безжични или радио телефони или безжични мобилни телефони како и исто така безжични сателитски телефони.
Дали сте знаеле дека, Александар Грахам Бел, кој го изумил телефонот, никогаш не разговарал телефонски со својата мајка и сопруга, бидејќи и двете биле глувонеми.
ОдговориИзбришиСо задоволство ги читам Вашите објави од областа на физиката, колешке. Ме навраќаат на деновите кога ја учев во училиште и на убавите денови кога имаше ТВ-емисии и анимирани филмови кои беа образовни и инспиративни.
ОдговориИзбриши