Алберт
Ајнштајн бил теоретскиот
физичар, еден од најголемите умови и една од најзначајните личности во
историјата на светот. Роден е во Улм, Германија на 14 март 1879 година, а
починал на 18 април 1955 година во Пристон во Њу Џерси. Тој ја поставил специјалната и
општата теорија на релативноста со што направил револуција во модерната физика.
Покрај тоа, придонел и за напредок на квантната теорија и статистичката
механика. Нобеловата
награда му е доделена во 1921 година за објаснувањето на фотоелектричниот
ефект, како и за придонесот за развојот на теориската физика. Објавил над 300 научни и 150
ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика.
„Информацијата не е знаење. Единствениот
извор на знаење е искуството.“
“Има две
бесконечни нешта: вселната и човековата глупост. За вселената, не сум баш
сигурен”
Ако на Google пребарувате „Ајнштајн лош во математика“ ќе добиете повеќе од 500.000 линкови.
ОдговориИзбришиИако животот на Ајнштајн нуди многу иронии, ова не е една од нив. Кога во 1935 година му го покажале текстот на рубриката „Риплиевите верувале или не“ за тоа дека паднал на испит по математика, Ајнштајн гласно се насмеал. Одговорил дека никогаш не паднал на математика и дека пред својата 15 година ги разбирал диференцијалните изедначувања и интегралните пресметки.
Во основното училиште бил меѓу најдобрите и над сите очекувања за просечно познавање на математиката. Со 12 години, според неговата сестра, бил многу успешен во решавањето на проблемите во напредната аритметика. За да вежба во текот на летото родителите му купиле збирка со задачи, а освен што успешно ги решил задачите, направил и теореми за сопствениот начин на решавање.
Ајнштајн имал проблеми со учењето на јазикот додека бил мал, а поради тоа родителите го носеле на доктор. Исто така бил и многу бунтовен, па го исфрлиле од едно училиште. Но, таквите работи создале гениј од него. Oдносот што го имал со авторитетите му овозможил да го преиспитува дотогашното знаење. Неговиот бавен вербален развој ги насочил неговите интереси кон занимавањето со просторот и времето, што за многу возрасни не било интересна тема за размислување. На возраст од пет години добил компас од својот татко, и до крајот на животот се интересирал со магнетните полиња. Интересно е што за светот повеќе сакал да размислува во слики отколку во зборови.
ОдговориИзбришиНеговите најголеми успеси се направени благодарение на визуелните опсервации и сликите во главата, а не со експериментирање во лаборатории. Во прашање се таканаречените мисловни експерименти. На 16 години тој се обидел да се замисли како јава на светлосен зрак. Прашањето било дали во таков случај, кога гледачот ќе ја достигне брзината на светлината, всушност ќе гледа неподвижни светлосни зраци.
ОдговориИзбришиПроблемот бил во тоа што Максвеловите едначења тоа го забранувале. Ајнштајн знаел дека математиката е јазик со кој природата ги опишува своите чуда, па можел да ги визуализира едначењата. Следните десет години ги посветил на слични мисловни експерименти и стигнал до специјалната теорија на релативноста.