Никола-Жозеф Кињо (француски: Nicolas-Joseph
Cugnot) (26 февруари 1725
– 2 октомври 1804)
бил француски изумител кој го
измислил првото возило на сопствен погон - автомобилот.
|
Кињо бил роден во Воад, Моз, Лотарингија.
Бил обучен за воен инженер. Уште од 1765
експериментирал со функционални макети на возила на парен погон на француската војска,
наменети за влечење на тешки топови. Кињо бил првиот кој го оспособил
движето напред-занад на парниот клип за вртливо движење. Првата негова кола
наречена „Fardier à vapeur“ („парна кола“) проработела во 1769.
Следната година тој направил подобрена верзија. Неговото возило можело да влече
4 тони, а да вози со максимална брзина од 4 km/h. Ова тешко возило имало две тркала подзади и едно напред,
на кое се држел парен котел, а самото возило било управувано со кормило. Во 1771
возилото се удрило во ѕид, што ја чини првата автомобилска
несреќа во историјата. Оваа несреќа заедно со финансиските проблеми
му оневозможило на Кињо да продолжи со работата, меѓутоа во 1772,
кралот Луј XV му доделил пензија од 600 франци
за неговата иновативна работа. Со Француската револуција
оваа пензија била укината во 1789, и Кињо морал да пребегне во Брисел, каде живеел во беда. Кратко пред
неговата смрт тој бил повикан назад во Франција од Наполеон Бонапартa. Тој се одзвал на овој повик и
се вратил во Париз, каде починал. Возилото од 1770 е зачувано и стои во Националната Конзерваторија на Уметностите и Занаетите во
Париз.
Историјата
на автомобилите е многу
богата и датира уште од од петнаестиот век кога Леонардо да Винчи креирал
дизајни и модели за транспортни возила.
Постојат
повеќе видови на автомобили – на пареа, на бензин и електрични – како и безброј
стилови и модели. Кој точно го измислил автомобилот е прашање на проценка. Иако
Никола Кињо често се спомнува како првиот кој направил механичко возило на
сопствен погон или автомобил уште во 1769 со преправка на коњска кола,
многумина го оспоруваат ова тврдење сметајќи дека неговото возило на три тркала
никогаш не било во состојба да се движи или да одржи рамнотежа.
Ако треба да
се посочи само еден, тогаш тоа најверојатно би бил Карл Бенц од Германија.
Многу факти докажуваат дека тој го конструирал првиот автомобил во 1885/1886.
Автомобилот
со погон на четири-тактен бензински мотор бил направен во 1885 година во
Манхајм, Германија од Карл Бенз. Тоа бил потполн дизајн, без преправки и
прилагодувања на постоечки компоненти, со вклучени бројни технолошки елементи
за да се создаде нов концепт. Тој започнал да ги продава своите возила во 1888
година.
Сепак,
постојат многу луѓе кои се заслужни за автомобилот да ги има изгледот, брзината
и карактеристиките кои ги поседува денес.
Нема коментара:
Постави коментар