Фернандо
Магелан (16. март 1480 – 27 април
1521) бил португалски
истражувач кој пловел под шпанско знаме. Тој е првиот кој отпловил од Европа до
Азија одејќи на запад, прв европеец кој го преминал тихиот океан
и прв кој ја водел експедицијата со цел да ја обиколи земјината топка. Иако
Магелан трагично го изгубил животот на Филипините, пред враќањето во Европа,
осумнаесет членови на неговиот тим се вратиле во Шпанија 1522 обиколувајќи ја Земјата. Стапил во служба
на Шпанија
и ја повел експедицијата од 5 бродови за да го открие новиот поморски пат за молучките острови ("Острови на
зачинот"). 1519/1520 го истражил југоисточниот брег на Јужна
Америка и открил теснец кој подоцна
бил наречен Магеланов, а преку него стигнал до големиот
океан кој го нарекол Тихи океан
(Пацифик), бидејќи во него не доживеал бура како во Атлантскиот
океан. Стигнал 1521 година на Филипински
острови, каде е убиен од отровна стрела, а експедицијата го
продолжила патот околу светот, кој траел до 1522 година. Во Шпанија се вратил
само бродот "Викторија" со 18 луѓе, кој бил под водство на Себастијан
дел Кан. Со ова прво патување околу светот очигледно е докажано дека Земјата
има топчеста форма.
Нема коментара:
Постави коментар