Коперник е роден во градот Торуњ, Царска Прусија, автономна покраина на Кралството Полска. Се
школувал во Полска и Италија, животот претежно го поминал работејќи во Фромборк, Царска Прусија,
каде што и починал. Коперник бил
математичар, астроном, правник, физичар, учител, управник, функционер, дипломат, економист и војник. Неговата
теорија дека Сонцето,
а не Земјата, е центар на Вселената, се смета за една од најважните и решавачките за
понатамошниот развој на астрономијата и за една од најважните теории за
човештвото. Таа теорија ги поставува темелите на модерната астрономија. Главната
теорија на Никола Коперник била издадена во неговата книга „За движењето на
небесните топки“, во годината на неговата смрт, иако тој дошол до заклучоците
неколку децении порано. Во книгата, тој
се оградува од теоријата за геоцентричен (и антропоцентричен) универзум, во кој
Земјата е негов центар. Коперник бил убеден дека Земјата е само една планета
која се движи околу Сонцето, која прави периоди од една година, а околу својата
оска прави период од еден ден. Тој дошол до точниот распоред на познатите
планети и ја објаснил прецесијата на рамнодениците точно, со мали отстапки. Дал точно
произнесување и за годишните времиња, заради фактот дека земјината оска не е
нормално поставена во однос на рамнината
на нејзината орбита. Тој навел уште едно движење на Земјата, при коешто оската
преку целата година си покажува кон една иста точка, додека Галилео Галилеј кажал дека ако оската не
покажува кон една иста точка, тоа би означувало нејзино движење. Коперник
исто така ги заменил Птоломеевите екванти со повеќе епикружници.Системот на
Коперник, соодветно на тоа, содржел повеќе епикружници. Системот на
Коперник не бил експериментално подобар од системот на Птоломеј. Коперник се
плашел од ова, а поради недостаток на докази, се потпрел на тоа – како би
требало да изгледа тој систем. Од
издавањето на книгата, па се до 1700 година, само неколку астрономи биле
убедени во теоријата на Коперник, иако од неговата книга веќе постоеле околу
500 примероци. Теоријата на Коперник влијаела врз работата на Галилео Галилеј, Јоханес Кеплер, кој ја доразвил, а се обидел и
да ја докаже. Галилеовите набљудувања на фазите на Венера, биле првите практични докази кои ја поткрепувале
теоријата на Коперник. Коперниковиот
систем може да биде систематизиран и поделен во седум начела.
1. Во
универзумот не постои центар
2. Центарот на
универзумот е близу до Сонцето
3. Растојанието
меѓу Земјата и Сонцето е незначителна во однос на растојанието меѓу Земјата и
ѕвездите
4.
Движењето на
Земјата околу нејзината оска е одговорно за дневното движење на ѕвездите
5. Годишните
движења на Сонцето се предизвикани од движењто на Земјата околу Сонцето
6. Ретроградното
движење на планетите е резултат на движењето на Земјата, од каде што набљудуваме.
Нема коментара:
Постави коментар