“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

недеља, 19. јануар 2014.

Џејмс Ват


Џејмс Ват бил роден на 19 јануари 1736 година .



Џејмс Ват (1736 – 1819) му ја дал на светот една од најважните машини на сите времиња, - кондензирачката парна машина. Во 1757 година бил поставен за произведувач на научни инструменти и делови на универзитетот во Глазгов, каде што ги проучувал механичките потенцијали на пареата. Поправајќи една парна машина во 1764 година, дошол на идеја како одвоено да ја згусне пареата; ова го направило прочуен во светот. Станал партнер со англискиот инженер Метју Баултон и заедно почнале да ги произведуваат Ватовите пронајдоци. Меѓу неговите пронаоѓачки дела се хидрометар, бродски пропелер, и автоматски центрифугален уред за регулирање на брзината кај машините.

Ват (анг. watt; симбол: W, Вт) е изведена SI-единица за моќност. Еднаков е на 1 џул во секунда (1 J/s), или во електрични единици, еден волт-ампер (1 V·A). Единицата ват го добила името по Џејмс Ват поради неговите придонеси во развојот на парната машина и е усвоена на Вториот конгрес на Британската асоцијација во 1889 година и потврдена на единаесеттата Генерална конференција за тегови и мерки во 1960 година.

Нема коментара:

Постави коментар