“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

четвртак, 30. јануар 2014.

Даниел Бернули


Даниел Бернули (Daniel Bernoulli; 9 февруари 1700 - 17 март 1782) - швајцарски лекар, физичар и математичар. Стекнал знаења од математиката и природните науки и предавал математика, анатомија, ботаника и физика. Бил пријател со Леонард Ојлер, со кого заедно соработувале на повеќе полиња од математиката и физиката (десет пати ја имаат споделено годишната награда од Академијата на науките во Париз). Различните проблеми кои се обидувал да ги реши (теорија на еластичност, мехника на бранови), го натерале да развие таков математички апарат како што се диференцијалните равенки и редовите. Поминал неколку години како професор по математика во Санкт Петербург, но најголемиот дел од неговата научна кариера се одвивал на универзитетот во Базел каде држел предавања од медицината, астрономијата и философијата. Како и неговиот татко, бил член на Академијата на науките во Париз, Лондон, Берлин и Санкт Петербург.
Објавил во 1738: 
Хидродинамика во кое ја дефинирал основната теорема за механиката на флуидите која и денеска го носи неговото име - Бернулиева теорема.
Теорија за мерење на ризикот, во која е таканаречениот Парадокс во Санкт Петербург, кој подоцна предизвикал расправиа помеѓу него и неговиот брат Николас, а кој претставувал темел за економската теорија на корисност.
Во своето дело Хидродинамика, го истакнува значењето на принципот за одржување енергија, и ги дефинира првите елементи на кинетичката теорија на гасовите.

Нема коментара:

Постави коментар