Што се
всушност рентгенските зраци?
Рентген зраците се добиваат во рентгенската цевка, која што е дел од секој рентгенов апарат. Тие се вид на електромагнетни бранови, како што се светлината и радиобрановите, не се регистрират од човечките сетила (не ги гледаме или слушаме), но имаат јонизирачка активност. Јонизирачката радијација има способност, поминувајќи низ живата материја, да предизвикува јонизација (или претворање на електронеутралните честички во електропозитивни или негативни) и на тој начин предизвикува штетни ефекти врз живите функции на ткивата и органите.
Кога таквите рентгенски зраци поминуваат низ човечкото тело, дел од нив се апсорбираат, но не подеднакво насекаде - зависи од тоа за какво ткиво или орган станува збор. Најсилно апсорбираат коските и коскеното ткиво, кое на рентгенската слика се гледаат како најјасна сенка, помалку се гледаат мускулите и масното ткиво, а најслабо белите дробови или други ткива и области со високо ниво на воздух (ткива кои се гледаат како просветлувања). Овде е важно да се истакне дека во рентгенологијата на сенка се мисли кога има бели јасни слики, а на просветлување кога има темни и црни пространства. Просветлување е затоа што тоа се ткивата кои што најслабо ги апсорбираат рентгенските зраци и преминуваат слободно преку ткивото.
Сликата од рентгенските зраци може да се добие на рентгенски филм. Тој метод е познат како рентгенографија (рентген + γράφω/grafo на грчки – пишувам). Освен тоа сликата може да е на монитор и рентгенологот во реално време да ги следи промените на полето кое се огледува. Тој метод се нарекува рентгеноскопија. Друг познат рентгенов метод е компјутерската томографија, многу скап и незаменлив метод на испитување во многу случаи. Таму со помошта на компјутер се добива детална слика на пресеци од телото. Зависно од тоа за какви пресеци станува збор, односно како се направени истите - разликуваме компјутерска аксијална или спинална томографија. Рентгенските зраци се употребуваат најмасовно за дијагностика, со помош на 3-те горенаведени методи. Така се откриваат и следат различни заболувања на различни органи и системи. Можат да се користат и за скрининг, што претставува масовно испитување на здрави луѓе со цел рано откривање и профилактика на одредено заболување, како што се туберкулоза и рак на дојка. Тие можат да се користат и како радиотерапија, при лечење на одредени малигни заболувања. Рентгеноскопијата е незаменливо средство за визуелизација во инвазивната кардиологија при кардијална ангиографија, во урологијата при екстракорпорална литотрипсија, а исто така и во ендокринологијата при определување на коскената густина со апарати наречени остеодензитометри со цел откривање на остеопороза.
Има ли ризик при рентгенското испитување?
Ризиците од прекумерната радијација со јонизирачки зраци, како што се рентгенските, се основно развој на малигни заболувања и канцерска дегенерација на ткива. Но, дали навистина се опасни рентгенските зраци? Радијацијата секогаш присуствувала во човековото постоење. Секој од нас се раѓа и живее во природен радијационен фон. Како извор на природната радијација може да ги споменеме космичките зраци, радиоактивните елементи од почвата, градежните материјали, воздухот, водата, храната, па дури и нашето тело. Човекот создал и извори на надфонова радијација, како што се рентгенските цевки, јадрени реактори и др. кои се користат во медицината, енергетиката итн. Јонизациската радијација предава на органите на човечкото тело енергија. Енергијата предадена на единица маса се нарекува доза. Поголем е ризикот при поголема доза на радијација. При рентгенските испитувања се користат многу ниски дози на радијација, 10 000 пати помали од дозата потребна за развивање на радијациона болест или рани на кожата. Се смета дека при рентгенските испитувања има минимален ризик за зголемување на првобитната природна веројатност за настанување на рак. Ризикот зависи и од местото и областа која што се зрачи.
Секој трет човек статистички се разболува од рак и дури никогаш да не му е правена рентгенографија. Пресметано е дека испитувањата на коски, череп и бели дробови можат да бидат причина за рак на 1 од 1 000 000 пациенти. Истиот ризик од смрт постои и при 100 км патување со кола, 1 000 км патување со авион или едноставно пушење на 1-3 цигари дневно.
Познатата на лекарите латинска сентенција: Primum non nocere - пред се да не се прави штета (се мисли на здравјето) е валидна и до денес. Од особена важност е проценката на лекарот дали да се направи рентген слика со цел откривање на заболување или состојба, или истата може да се докаже и без примена на јонизациони методи на дијагностика (ехографија или магнетно резонансна компјутерска томографија). Но, во некои случаи, за отривање на одредени болести, рентгенската дијагностика е незаменлива и често во медицината лекарот е ставен во положба да избира меѓу „две зла” од кои се избира „помалото зло”.

д-р
Томе Андонов
Нема коментара:
Постави коментар