“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

четвртак, 30. јануар 2014.

Свети Валентин


Денот на вљубените Св. Валентинус, е празник кој го слави споменот на 14 февруари и го одбележува празникот на вљубените низ целиот свет.


Пагански празник на плодност и живот

На 14 февруари старите Римјани го прославуваат празникот на божицата Јунона. Празникот се одбележува така што мажите и жените ги ставаат писменца со имиња во две различни кутии, а потоа ги извлекуваат. Двете имиња кои ќе се извлечат од кутиите, мора да бидат поврзани како двојка за време на фестивалот  на одреден датум од годината. На овој начин се слави плодноста и циклусот на животот. Следниот ден, ритуалот се продолжува  со прослава на Луперкалија, во чест на Фауна, богот на плодноста. Мажите заминуваат во области каде што претходно биле Ромул и Рем. Таму жртвуваат коза, ја одеруваат и трчаат околу неа, а  при тоа ги удираат жените мислејќи дека на тој начин ја обезбедуваат нивната плодност.

Католички свети Валентин

Според друга приказна римскиот император Клаудиј Втори, ставил забрана на браковите, бидејќи премногу млади луѓе ја напуштале војската поради венчавките.

Свештеникот Валентин без оглед на забраната тајно ја одржал венчавката, по што бил осуден на смрт. Додека ја чекал егзекуцијата му пристигнале илјадници писма во кои пишувало дека љубовта е поважна од војната.

Тој наводно бил погубен на 269 година на 14 февруари во пресрет на римскиот празник Луперкалиа. Недолго по смртта, народот го прогласил за светец, а кога во Рим се зајакнало христијанството, свештениците одлучиле да се приклучат во празникот на Луперкалиа и смртта на Свети Валентин во едно. Тие одредиле новиот празник да се слави на 14 февруари, на денот на смртта на Валентин, а името му го дале во спомен на овој светец.

Три католички светци, сите вљубени и сите погубени во ист ден?

Постојат уште две приказни. Во првата главниот актер Валентин, свештеник кој бил уапсен за да им помогне на христијаните. Во заробеништво се вљубил во ќерката на неговиот затворски чувар и на љубовните пораки се потпишувал со „Твој Валентин“. По Папата Јулију Први, на неговиот гроб е изградена е базилка. Бил погубен на 14 февруари.

Другата споредна приказна за Валентин, епископот на Терн, кој е погубен на истиот датум и неговите останки до ден денес се во Терн.

14 февруари означува слава на Баала и Ниморд?

Самото име Валентинус доаѓаа од латинскиот збор „валенс“ (да биде силен, моќен, одважен) Библијата со слични епитети ја карактеризира само една личност – Од Куш се родил Ниморд, кој стана првиот моќник на Земјата. Бил силен ловец. Главните упоришта на неговите кралства се Бабилон, Ерек, Акад и Калне, сите во земјата Шинеару.
Празникот Луперцалиа можеме да го поврземе и со – Луперкус, римски бог кој е поврзан со неговата грчка верзија на Пан. Грците го копирале од феникискиата верзија на Ваал. Ваал е друго име за Нимрод, силен ловец и стрелецот Волф, творец и бог на Вавилон. Тој е врската помеѓу боговите на војната, лов и плодноста.

Баал претставува срце, слично како Купидо Нимрод

Баал е бабилонски господар, додека неговото име на калдејски означува срце што очигледно има поврзаност со славење на срце за Валентин. Уште една поврзаност е веселиот Купидо, кој означува желба за некој, а исто како и една од помладите верзии на Нимрод, кој со лакот и стрелата стрела во срцето. 

Нема коментара:

Постави коментар