|
| 9-ти Мај – eTwinning ден, Ден на победа над фашизмот, Ден на Европа | |
| 9. Мај го одбележуваме пандемиски, скромно, со одработени 50 проекти наградени со европски квалитет. Ѕирнавме во светските кујни, осознавме сопствено културно наследство, пишувавме на стар… | |
|
- Отвори го link-от:
http://skr.rs/zzzQ
- На екранот ќе се појави работна површина на која што може да се поставуваат потребните
елементи од струјниот круг кои се
понудени во вертикални менија од левата
и десната страна на работната површина.
- Во менито од левата страна се дадени сите компоненти кои би можеле да бидат дел од
струен круг(извори на струја, прекинувачи, потрошувачи, спроводници, изолатори,
разни предмети и живи суштества)
- Во менито од десната страна се бира каква да биде
прикажана насоката на струјата (електронска или техничка), Дали
елементите покрај сликата да бидат именувани, Дали да се покажуваат вредностите
на отпорот, напонот и јачината на електричната струја. Ја местиме отпорноста на
спроводникот и внатрешниот отпор на
изворот. Го бираме и изгледот на елементите во струјниот круг , да е реален или
шематски.
- Кликни на елементот кој сакаш да го поставиш во струјниот
круг и довлечкај го на работната површина. За бришење кликни на елементот потоа
кликни на корпата за отпадоци.
Разгледај ја и
следнава симулација, па одбери со која ќе работиш.
CIRCUIT BUILDER
симулација за составуње струен круг
https://simbucket.com/circuitbuilder/
Упатство за користење на симулацијата:
- Отвори го link-кот
https://simbucket.com/circuitbuilder/
- На екранот ќе се појави работна површина со мрежа на која
каде може да се поставуваат потребни елементи од струен круг.
- кликни на елементот кој сакаш да го поставиш во струјниот
круг, а потоа кликни на мрежата каде што сакаш да го поставиш. За бришење
кликни на “Х” па потоа на елементот кој
треба да се отстрани.
- Ако кликнеш на менито означено со 3 ќе се појават стрелки,
со кои се менува напонот на батеријата.
- Ако кликнеш на менито 4 ќе добиеш волтметар и амперметар
со кои се мери напонот и јачината на струјата.
Вежба - Составување струен круг, мерење на јачина на
електричната струјата и електричниот напонот
Потребен прибор: Компјутер, интернет, инструкции изработени
ид наставникот, PHET или CIRCUIT BUILDER
симулација за составување на струен круг.
Тек на работа׃
1. Електричниот
струен круг состави го според дадената шема.
При составување електричен струен круг треба да се запомни
следново׃
а) Составувањето
на електричен струен круг секогаш се врши со отворен прекинувач.
б) Врзувањето во
кругот започнува со едниот пол на изворот и по последователното врзување на
сите елементи во него, се поврзува со другиот пол на изворот.
в) При врзувањето ва инструментите со кои се мери
истонасочна струја секогаш внимавај на поларитетот.
г) Амперметарот во електричниот струен круг секогаш се
врзува сериски со изворот и потрошувачите, а волтметарот секогаш паралелно.
ГЛАВЕН ДЕЛ:
1. Еден од учениците под надзор од наставникот, составува
струен круг според шемата, го мери напонот и јачината на струјата и ги запишува
измерените вредности.
2. Друг ученик го Исклучува прекинувачот, амперметарот и
волтметарот ги врзува во друга положба како на сликата. Го вклучува
прекинувачот. На амперметарот ја прочитува вредноста на јачината на струјата, a
на волтметарот ја прочитува вредноста на напонот и ги внесува во табелата.
3. Задолжение за сите ученици: Избери сам некоја трета
положба во која ќе ги врзеш амперметарот и волтметарот. Прочитај ги вредностите
за јачината на струјата и за напонот па внеси ги во табелата.
Завршен дел:
- Спореди ги вредностите на јачините на струјата. Што
заклучуваш?
- Врз основа на добиените вредности за напонот одговори на
следниве прашања:
а) Колкав е напонот меѓу половите на изворот на струја кога
електричниот круг е затворен?
б) Колкав е напонот меѓу половите на изворот кога
електричниот струен круг е отворен?
в) Дали се сеќаваш како се вика напонот што постои меѓу
половите на изворот на струја кога струјниот круг е отворен?
Часовите се реализирани со наставници од три основни училишта и тоа 2. наставници од ОУ „ Мустафа Кемал Ататурк“, Центар Жупа, од турската и албанската наставна програма, 1 наставник ООУ „11 Октомври“, Скопје, од македонска наставна програма и 1 наставник од ООУ “Димитар Миладинов” Скопје, од македонска наставна програма. (Наставници: Фехми Скендер, Лејла Шаиноска, Биљана Васиќ и Аида Петровска)
Часот се одржаа на три јазици и тоа на македонски, албански и турски јазик се со цел учениците спонтано да научат нови зборови на јазикот на другарчињата.
Кликни ТУКА за да го погледаш часот - Движење на воздушните честички
Најава за втор час со проширен тим: