“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

четвртак, 1. април 2021.

Вежба - Составување струен круг, мерење на јачина на електричната струјата и електричниот напонот

 

Функционалниот картон

Вежба - Составување струен круг, мерење на јачина на електричната струјата и електричниот напонот

Потребен прибор: Компјутер, интернет, инструкции изработени ид наставникот, PHET или CIRCUIT BUILDER  симулација за составување на струен круг.

Тек на работа׃

1.   Електричниот струен круг состави го според дадената шема.

При составување електричен струен круг треба да се запомни следново׃

    а) Составувањето на електричен струен круг секогаш се врши со отворен прекинувач.

 б) Врзувањето во кругот започнува со едниот пол на изворот и по последователното врзување на сите елементи во него, се поврзува со другиот пол на изворот.

в) При врзувањето ва инструментите со кои се мери истонасочна струја секогаш внимавај на поларитетот.

г) Амперметарот во електричниот струен круг секогаш се врзува сериски со изворот и потрошувачите, а волтметарот секогаш паралелно.

ГЛАВЕН ДЕЛ:

1. Еден од учениците под надзор од наставникот, составува струен круг според шемата, го мери напонот и јачината на струјата и ги запишува измерените вредности.

2. Друг ученик го Исклучува прекинувачот, амперметарот и волтметарот ги врзува во друга положба како на сликата. Го вклучува прекинувачот. На амперметарот ја прочитува вредноста на јачината на струјата, a на волтметарот ја  прочитува  вредноста на напонот  и ги внесува во табелата.

3. Задолжение за сите ученици: Избери сам некоја трета положба во која ќе ги врзеш амперметарот и волтметарот. Прочитај ги вредностите за јачината на струјата и за напонот па внеси ги во табелата.  

Завршен дел:

- Спореди ги вредностите на јачините на струјата. Што заклучуваш?

- Врз основа на добиените вредности за напонот одговори на следниве прашања:

а) Колкав е напонот меѓу половите на изворот на струја кога електричниот круг е затворен?

б) Колкав е напонот меѓу половите на изворот кога електричниот струен круг е отворен?

в) Дали се сеќаваш како се вика напонот што постои меѓу половите на изворот на струја кога струјниот круг е отворен?

недеља, 11. октобар 2020.

Пример на онлајн час со имплементација на меѓуетничка интеграција во образованието 2019/2020 и 2020/2021

Часовите  се наменети за спроведување на заеднички ученички активности во основните училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.

Часовите се реализирани со наставници од три  основни училишта и тоа 2. наставници од ОУ „ Мустафа Кемал Ататурк“, Центар Жупа,  од турската и албанската наставна програма,  1 наставник  ООУ „11 Октомври“, Скопје, од македонска наставна програма и 1 наставник од ООУ “Димитар Миладинов” Скопје, од македонска наставна програма. (Наставници: Фехми Скендер, Лејла Шаиноска, Биљана Васиќ и Аида Петровска)

Часот се одржаа на три јазици и тоа на македонски, албански и турски јазик се со цел учениците спонтано да научат нови зборови на јазикот на другарчињата.


Кликни ТУКА за да го погледаш часот - Движење на воздушните честички 

 

Најава за втор час со проширен тим:



субота, 10. октобар 2020.

Меѓу 100 најдобри наставници во светот


Меѓу 100 најдобри наставници во светот за 2019 година
Аида Петровска, наставник по физика при ООУ “Димитар Миладинов” е избрана за еден од сто најдобри наставници во светот од страна на престижната организација AKS education од Њу Делхи.
Наградата за најдобар наставник во светски рамки “Global Teacher Awards” им се доделува на наставниците кои даваат особен придонес во својата професија  како на локално така и на глобално ниво.
На овој избор за најдобар наставник биле предложени наставници од 70 земји.  Од илјадници наставници  избрани се 100. 
Изборот на најдобри  наставници е спроведен од Alert Knowledge Services (AKS)  од Индија кој соработува со училишта од целиот свет   на едукација на  директори на училишта, наставници, библиотекари,  советници во образование со една единствена цел  - изградба на подобро општество преку образование.

"Global Teacher Awards" и Њу Делхи, оставив за некој друг пат.
Сигурна сум дека ќе се повтори :)
 
 
 

петак, 15. јун 2018.

Рамазан Бајрам

Верниците од исламската вероисповед денеска (15.06.2018) го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот. 
Рамазан е најсветиот месец во исламот во кој е објавен Куранот во 610 година. Празникот Рамазан Бајрам се слави по завршувањето на светиот месец. За цело време на светиот месец се држи строг пост. Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистување.  
Рамазан - Бајрам се слави три дена.
Почетокот на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар. 
Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болни.
Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување.  Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат.
Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.
На првиот ден од Бајрам се одржува утринска молитва - Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Според обичаите, утрото на Бајрам масовно се посетуваат џамиите. 
Се облекуваат најубавите работи како за на слава, а се излегува со „тегбир“. 
После молитвата, верниците си го честитаат празникот и се смируваат скараните. Потоа се доручкува во домашен амбиент во потесен круг на семејството, по што се посетуваат гробиштата, каде верниците се молат за душите на починатите. 
Дома за најблиските се подготвуваат подароци, се посетуваат постарите, роднините, комшиите... 
Трпезите се различни, но богати, а покрај слаткото и баклавата, специјално за празникот се подготвуваат традиционални јадења.


Исламското учење вели дека во месецот на Рамазан е објавена светата книга Куран.

Честит Рамазан Бајрам!

среда, 28. фебруар 2018.

Меѓународен ден за борба против насилство меѓу врсниците - Pink Shirt Day 2018

Денот на розови маици е познат како Pink Shirt Day, а се одбележува во последната среда од месецот февруари. Со организирање на манифестации на овој ден, даваме свој придонес во борбата против насилството меѓу врсниците.


субота, 25. новембар 2017.

ФИБОНАЧИ


1.1.2.3 -  (23 ноември),
Фибоначи
0, 1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144, 233, 377, 610...

     Творецот на најпознатата низа на броеви која може да се примени во многу области на науката и уметноста, е најталентираниот математичар на средниот век, кој со своите книги ги пренесе сите тогаш познати источни знаења за алгебрата и аритметиката, во време кога во Европа не се употребуваа дури ни арапски бројки.
Леонардо Пизано Боначи, познат и како Леонардо од Пиза, Леонардо  Биголо, како себе се нарекуваше, или најпознато - Леонардо Фибоначи, се родил околу 1170 година во семејство на богат италијански трговец, Гиљермо Боначи, секретар на Република Пиза и управител на трговската колонија Буџа во Алжир која била во власт на Пиза. Токму татко му ќе влијае на Фибоначиевото математичко образование, кога со себе го носи во Алжир, за таму да научи да смета и да го научи арапскиот систем на бројки кои се уште не се употребувале во Европа. Патувањето на Фибоначи тука не завршува.
Ќе помине време во земјите на медитеранското крајбрежје, Египет, Сирија, Грција, Сицилија и Прованса, и така стекнува знаење од различни математички техники. Ќе сфати дека хунду-арапскиот систем на броеви е поедноставен од европскиот, а времето го минува учејќи од најпознатите арапски математичари.
Во Пиза се враќа во 1200., и тука почнува да ги објавува своите дела. Напишал многубројни важни текстови, кои играле важна улога во оживувањето на древните математички вештини. Во своето најпознато дело „Книга за пресметувањето“ (или Liber Abaci), која ја напишал во 1202 година, го глорифицирал хинду-арапскиот систем на броеви.
Зборува за девет знаци, 9, 8, 7, 6, 5, 4, 3, 2, 1 на кои со употребата на знакот нула може да се напише било кој број, ја објаснува природата на овие броеви, употребата во пресметувањето и применливоста во практичните трговски работи. Бидејќи Фибоначи создавал пред пронаоѓањето на Гутенберговата печатарска преса, многу од неговите дела не се сочувани, освен неколку преписки на книги кои денес ги знаеме, покрај најпознатата „Книга за пресметувањето“. За жал, неговата книга за комерцијалната аритметика и коментарот за десеттата книга на Еуклидовите елементи со расправите за ирационалните броеви, загубени се.
Фибоначиевата работа станала славна меѓу неговите современици, така овој математичар дошол и до пријателството со императорот Фредерико II, кој му станува голем почитувач на делото и заштитник. По 1228., од Фибоначи постои само еден официјален документ, издаден од Република Пиза во 1240 година, а со кој се доделува плата на „сериозниот и учен учител, Леонардо Биголо". Со тоа, препознаен е неговиот придонес во подучување на граѓаните.
 Фибоначиевата низа и златниот пресек
   Тоа по што денес е најпознат Фибоначи е таканаречената „Фибоначиева низа", која е составена од низа броеви кои почнуваат со 0 и 1, а збирот на двете претходни секогаш го дава следниот број. На тој начин се добива низа на броеви 0, 1, 1, 2, 3, 5, 8, 13, 21, 34, 55, 89, 144... Фибоначи на посебен начин дошол до откритието на низата, истражувајќи ги законите за размножување на животните, а особено зајаците. Дури во 19 век оваа низа на бројки Едвард Лукс ја нарекол „Фибоначиеви броеви“. Денес е познато дека токму овие бројки играат голема улога во многу од природните процеси, како што е распоредувањето на листовите околу стеблото на билката, создавање на природни спирали кои ги сретнуваме насекаде околу нас, од закривеноста на брановите, или куќичките на полжавите, па се до самиот Млечен пат.
Со цртање на правоаголник според правилата на низата на Фибоначи, можеме повторно да дојдеме до спирала, а со низа на тие правоаголници кои имаат строго правило секој од нив да има страна со должина еднаква на збирот на двата последователни броеви од низата, доаѓаме и до златниот пресек, кој често се употребува во уметноста и архитектурата и се смета за врвно достигнување во пропорцијата, уште од античките времиња. Во ренесансата златниот пресек е нарекуван "божествена пропорција" и "златна тајна" , која владеела со архитектурата, сликарството, но која владеела и со пропорциите на човечкото тело.

Леонардо Фибоначи починал околу 1250 година, најверојатно од природна смрт. Неговиот придонес на математиката и науката е исклучително голем и траен. Неговата низа на броеви со текот на времето станува и актер на популарната култура, кој се појавува во многу филмови, книги и песни. Да наведеме само еден, посвеж пример. Во „Кодот на Да Винчи“ токму оваа низа на броеви се употребува како шифра за отворање на сефот.




уторак, 24. октобар 2017.

Зимско сметање на времето 2017


Летното сметање на времето е смислено пред 110 години од страна на Вилијам Вилет, кој забележал дека Британците во лето спијат кога сонцето изгрева, а за време на ноќта палат свеќи за да работат.
Неговата идеја од почеток била измеана, а една година по неговата смрт во 1915 година, Германија го усвои неговиот предлог. Месец дeна подоцна примерот го следеле и Британија, Белгија, Данска, Франција, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија, Шведска и Турција.