Меѓународниот
ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8 март секоја година.Тоа е ден кога се одбележува борбата на
жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.
Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири.
Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.
По победата на болшевиците во Русија, а по иницијатива на Александра Колонтај, 8 март по прв пат е прогласен за државен празник. Советска Русија беше прва држава која 8 март го одбележа со црвени букви на календарот во 1917 година, а неработен ден стана во 1965 година.
На запад во 1920-тите одбележувањето на 8 март полека замре, а оживеа во 1960-тите заедно со растежот на феминизмот.
Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Бугарија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина.
Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и не е поврзан со идеалите за родова рамноправност. Во Мозамбик, Денот на жената се прославува на 7 март како знак на сеќавањето на смртта на националните херои и првата жена на првиот претседател на држвата Саморе Машела, Жозине Машел, која почина во 1971 година.
Во Јужноафриканската Република, Денот на жената се одбележува на 9 август во знак на сеќавањето на 1956 година, кога неколку илјади жени организирале марш против режимот во Преторија, што на суров начин беше задушен од страна на властите.

Нема коментара:
Постави коментар