“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

понедељак, 21. новембар 2016.

Крсте Петков Мисирков

             Македонски филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, историчар, етнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија, собирач и проучувач на македонското народно творештво.

Д-р Крсте Петков Мисирков роден на 18 ноември 1874 во Постол, Егејска Македонија а умрел на 26 јули 1926 во Софија. Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби…….


Потсетување на циклусот “Цутови на мисирковото дело во светот и дома”

    Во овој циклус изработивме многу портрети на слависти, македонисти, афирматори на македонскиот јазик надвор од границите на Македонија.

понедељак, 3. октобар 2016.

Караџица на Јакупица




Планинарски дом Караџица, се наоѓа на 1455 m надморска височина и до него може да се дојде на неколку начини и од неколку правци. Со возило по патот од Драчево кон селата Долно Количани - Горно Количани - Црвена Вода – Преслап - викенд населбата Мала Река - селото Алдинци – домот Караџица. Од  Драчево до домот Караџица има 38 km колски пат. Следна можност за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата во општина Чашка – Лисиче – Дреново - Долно Јаболчиште - Горно Јаболчиште - Дом Караџица. Планинарски патеки за пристигнување пеш до домот Караџица се: (скопско) Преслап - Кадина Река – село Алдинци - Караџица ( 2,5 h пешачење), село Цветово - Дом Караџица (околу  3,5 h пешачење ), село Патишка Река - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (8 h пешачење), село Црн Врв - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење), (велешко) од Планинарски дом Чеплес - Солунска Глава – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење). Во близина на планинарскиот дом Караџица се наоѓаат  неколку археолошки локалитети и тоа: “Кале” на вливот на Јуручка во Кадина Река, Алдинци, влашки колиби на Салакова Планина, Драчевски рид, селото Црн Врв и други. Околината на домот е богата и со разни шумски плодови, габи, чаеви, шумски јагоди, боровинки, капини, малини и др.
 Домот има капацитет од 15 соби со 65 кревети, кујна опремена со пристојни елементи и прибори, фрижидери, ормани за храна, туш кабини, ТВ со сателитски канали, салон со капацитет од 40 столчиња. 
Местоположбата на домот нуди многу можности за планинарење, mountain biking, off roud driving, лов и риболов и други спортови. 
Релации за прошетки во околината на  планинарски дом Караџица има многу благодарејки на живописната природа, но најпосетувани се: Каменот Жаба и Кадина Река (0,5 h пешачење), врвот на планината Мумџица 1569 m надморска височина (0,5 h пешачење), вливот на Салаковска во Кадина река (1h пешачење), Споменикот во чест на паднатиот руски авион (1,5 h) врвот Сипичан 1790 m надморска височина  ( 2,5 h пешачење), Бегово Поле 2000 m надморска височина (3 h пешачење), Солунска Глава – 2540 m надморска височина (5 h пешачење), Салакови Езера 2180 m надморска височина (4 h пешачење). 
Жаба

Кадина Река
Мумџица
Солунска Глава
Салакови Езера
Сипичан
БЕГОВО ПОЛЕ
Во непосредна близина на домот има повеќе поголеми планински реки и потоци кој се погодни за риболов. Поголеми и позначајни реки се Кадина Река, Салаковска Река, Алијагица, Јуручка Река и Мала Река.

Погодни релации за off roud и mount biking се Планинарски дом Караџица - Солунска Глава, Планинарски дом Караџица –  село Горно Јаболчиште, Планинарски дом Караџица - Салаковски Езера и др.
ЈАКУПИЦА

Јакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Даутица, Голешница, Караџица, Китка и Осој. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2540 метри. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори – врела богати со чиста вода за пиење.