“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 3. септембар 2016.

ПРОСТА МАШИНА - ЛОСТ


Прости машини се: коса (наведена)  рамнина, тркало, лост, чекрек, клин, навој.

(Во различна литература се среќаваме со различни податоци, како на пример дека постојат пет прости машини, а не шест зошто  клинот всушност е подвижна коса рамнина. Некаде тврдат дека постојат четири прости машини тврдејќи дека сврделот претставува хеликоидална коса рамнина. Некои тврдења велат  дека постојат само две прости машини, бидејќи чекрекот и тркалото може да се сметаат за специјална форма на лостот, така што за нив постојат само лостот и косата рамнина како прости машини.)
Лост претставува секое тврдо тело кое може да се врти околу една неподвижна точка (потпирка) и притоа му дејствуваат две сили кои се стремат да направат спротивни завртувања. Лост е  една од шесте прости машини опишани од ренесансните научници,а  најстар запис за лостот потекнува од III век п.н.е. во списите Архимед.   
Со употреба на мала сила со лостот може да се совладаат големи товари. Лостот се користи за совладување на голема сила при мало растојание на едниот крај со употреба на мала сила на поголемо растојание на другиот крај. 
Растојанието од точката A до точката O се вика крак на силата и се обележува со а, растојанието од точката O до точката B се вика крак на товарот и се обележува со b.
Постојат два вида на лостови: еднострани и двострани.
Ако силата и товарот дејствуваат на иста страна од потпорната точка, тогаш лостот е едностран.
Ако силата и товарот дејствуваат на различна страна од потпорната точка, тогаш лостот е двостран.
Двостраниот лост може да биде рамнокрак и разнокрак.
a) Рамнокрак е ако должините на краците се еднакви. 
б) Разнокрак е ако должините на краците се различни.
Производот од силата и нејзиниот крак (F·a) се вика момент на сила и се обележува со MF
Производот од товарот и неговиот крак (G·b) се вика момент на товарот и се обележува со MG.
MF=F·a
MG=G·b
Лостот може да биде во рамнотежа кога моментот на силата ќе се изедначи со моментот на товарот.
F·a = G·b
Оваа равенка го претставува законот за лостот, односно MF = MG .
F = G · b/ a 
КОЛКУ Е ПОДОЛГ КРАКОТ НА СИЛАТА, ТОЛКУ НИ Е ПОТРЕБНА ПОМАЛА СИЛА ЗА ДА ГО ПОДИГНЕМЕ ТОВАРОТ.

недеља, 24. април 2016.

Ден на планетата Земја 2016 - Earth Day 2016

Одбележување на денот на планетата Земја 
– МИО активност 2016


Општа цел на активноста: 
Одбележување на денот на планетата Земја
Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично.
Конкретни цели:

-      Изработка на презентацији за енергетска   
       ефикасност и садење дрвја

-      Презентирање на сработеното

-      Одбележување на ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА, споделување на активностите и честитките: https://www.facebook.com/groups/461418417384956/
Место на реализација: Училница по физика и училишниот двор. 
Потребни средства за реализација на активноста: кабинет, компјутер, постер презентации, садници, алат за садење. 
На ден 22.04.2016 во склоп на часовите по физика беа реализирани активности  од проектот за меѓуетничка интeграција – Сите живееме на иста планета. Активноста се состоеше од презентации за енергетска ефикасност, алтернативни извори на енергија и садење дрвја и цвеќиња во училишниот двор. Беа одржани повеќе часови за изработа на презентацијата, совети за правилно садење на растенија и објаснување што всушност значи ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА и зошто треба сите да се грижиме за нашата планета Земја..........