“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

среда, 9. септембар 2015.

Scientix



Математика, хемија, физика, биологија  сеуште се дел од предметите кои најчесто им создаваат главоболка и одбивност на учениците, а дополнително се намалува и бројот на ученици кои овие предмети ги избираат за полагање на државна матура или понатамошно студирање на факултет. И во Европа се намалува интересот меѓу учениците да природните науки бидат нивниот иден професионален избор. Целта  на Scientix е да биде место за наставниците од цела Европа на кое ќе се развива соработката, размената на идеи, освојување на современи методи во образовниот процес, надградување на професионалните знаења и предавања со современи техники и вештини за да се доближат природните науки до учениците.
Scientix е проект инициран од Европската комисија за истражување и иновации и е под FP7 програмата за истражување и технолошки развој.Со Scientix менаџира EUN (European Schoolnet Academy;www.eun.org) формирана 1997 година со седиште во Брисел,Белгија. EUN е мрежа од 31 Министерствo за образование во Европа и претставува една од клучните организации за иновации во наставата и учењето кои силно ја подржуваат европската соработка помеѓу училиштата и наставниците.
Scientix дава пристап до наставни материјали, резултати од истражувања и документи од различни европски проекти за образование и наука финансирани од Европската комисија и разни национални иницијативи.
Оваа платформа овозможува редовно ширење и размена на информации и најдобри пракси во образованието ширум Европа.
Во овој проект можат да учествуваат наставници од основно и средно образование кои предаваат биологија, хемија, физика информатика, географија, математика, инженерство и технологија и истражувачи. На онлајн  порталот (www.scientix.eu) корисниците се регистрираат со свое корисничко име и лозинка. Потоа преку  главните мениа имаат можност да пребаруваат низ порталот и да искористат најразлични едукативни материјали.Ова е проект-платформа, во која се сублимирани голем број на европски проекти. Проектите се пребаруваат според земја носител, земји учеснички, теми на интерес и сл. Освен вклучување во европски проекти овозможува нашите наставници подеднакво како и европските, да се стекнат со (само)едукација преку учество во курсеви за професионален развој, учество во онлајн обуки, вебинари, конференции, работилници и натпревари, превземање ресурси за ИКТ и дигитална технологија во училница, делење на извори и ресурси на подучување, размена на техники,вештини и методи во наставата.

Новини:
- превод на барање на ресурси и на македонски јазик
- редовни вебинари од еминентни наставници од цела Европа и можност за креирање на вебинари
- континуирани бесплатни сертифицирани курсеви овозможени од European Schoolnet Academy
- пишување и објавување на блогови
- Scientix 8-ма работилница за наставници во “училницата на иднината“ во Брисел
Филозофијата на Scientix платформата е: Барај, Најди, Вклучи се;
Логирајте се на страната на Scientix и  бидете дел од едно европско едукативно семејство со нови можности.

Силвана Ристевска
наставник по биологија и хемија
зам. амбасадор за Scientix во Македонија
email: ristevskas@yahoo.com

петак, 3. јул 2015.

Цепелин


На 3 јули 1900 година полета првиот воздушен балон конструиран од Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени "Цепелин". Првиот воздушен балон летнал на 3. 07. 1900 година. Златната ера на цепелините била во триесеттите години на 20 век, кога биле користени како патничко превозно средство за трансатлантски летови. Но тие паднале во заборав по спектакуларната несреќа на „Хинденбург“ во 1937 година, кога цепелинот се запалил во Лејкхрст, Њу Џерси, и притоа загинале 35 патници и членови на екипажот. Во 1977 година, подружница на „Цепелин“ ја основала „Њу технолоџи цепелинс“, компанија чии летала биле користени пред се' за туристички и промотивни летови.


среда, 24. јун 2015.

Зборникот на браќата Миладиновци

На 24 јуни 1861 година, во приватната печатница на Анте Јакиќ на Влашката улица бр. 48 во Загреб,излезе од печат една од најзначајните книги за македонскиот народ, „Зборникот на народни умотворби“ на браќата Миладиновци од Струга.
 Зборникот на браќата Миладиновци претставува книга над книгите, со песни од Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Магарево, Воден, Кукуш. Има 511 страници и вкупно 674 објавени песни (од кои 598 се македонски, а 76 се бугарски, кои Константин ги купил од бугарскиот фолклорист Васил Чолаков).
Класифицирани се во 14 тематски групи: самовилски, црковни, јуначки, овчарски, ајдучки, жаловни, смешни, љубовни. Овој летопис содржи над 23.000 стиха, 16 народни преданија и педесетина народни пословици, 104 гатанки, 422 машки и женски имиња и презимиња и многу обичаи и свадбени описи, верувања, гатанки и ритуали. Содржи и прв скратен македонско-хрватски речник, како и посвета со благодарност до хрватскиот бискуп.

уторак, 7. април 2015.

Добивање на ликови кај оптички леќи

Цели на часот:
- да разликува собирна и растурна леќа;
- да ги наброи карактеристичните величини кај леќите и да може да го скицира одот на карактеристичните зраци;
- да конструира ликови кај тенка леќа и да определува (опишува) каков лик се добива;
- да се увери во точноста на своите конструкции со споредување со компјутерската  апликација – Леќа.
- да пресмета јачина на леќа и да го разбира значењето на мерната единица диоптер (со знак плус и знак минус);
- да објасни примена на леќите во секојдневниот живот и во разни инструменти и оптички апарати;