“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

петак, 19. јул 2013.

Ф 'стак


Ф 'стак
Дрво на ф'стак во Европа (во Италија) е донесено во првиот век од нашата ера од Сирија. Стеблото може да достигне висина до 10 метри со листови долги 10 – 20 cm, со издолжен јаткаст плод, заштитен со цврста светла лушпа. 
Под лушпата се наоѓа виолетова кожичка, а под неа зелен плод со препознатлив вкус. При созревање лушпата пука. Секое стебло на ф'стак во просек дава околу 50 kg плодови. На дрвото му се потребни 20 години да почне да дава квалитетни плодови а живее со векови доколку расне во поволна сончева клима. Татковината на ф'стакот е југозападна Азија, Иран, Сирија, Авганистан, но успева и во јужна Франција, Грција и Шпанија.
Ф'стаците се едни од највкусните јаткасти плодови. Со 100 g Фстаци добивате 550 калории, содржат Витамин Ц, одлични се антиоксиданти, Витамин А, калиум, железо, витамин Б6, тиамин, бакар и манган. Во 100 g фстаци има 5,9 g протеин, 51,6 g јагленихидрати, 17,4 g масти и 6,5 g диетални влакна.
Ф 'стаците се добар извор на витаминот Б6 кој е основен за создавање на хемогоблин, а тој, пак, клетките ги снабдува со кислород. Витаминот Б6 е добар и за поттикнување на имунитет, создавање на црвени и бели крвни зрнца, одржување на слезинката и лимфните јазли во здрава состојба. Всушност, недостатокот на витаминот Б6 ја намалува способноста на организмот да се бори со инфекции. Ја збогатуваат кожата со витаминот Е, а тој ја штити од прерано стареење, од ултравиолетовите зраци и од рак. Го одржуваат видот здрав затоа што ф 'стаците содржат каротеноиди, зеаксантин и лутеин, кои ретко се наоѓаат во другите јаткасти плодови. Каротеноидите штитат во форма на антиоксиданти, кои го спречуваат штетното влијание на слободните радикали. На ф'стаците им се припишува и способноста да го намалат ризикот од макуларна дегенерација (т.н. старечко перде). Ф'стаците се добар извор на фосфор, што е поволно за гликозна толеранција и за претворање на протеините во аминокиселини. Една рака суви ф'стаци е одличен лек за дијабетичари. Се смета дека ф'стаците го намалуваат лошиот и го зголемуваат процентот на добриот холестерол во телото. Ова помага да се намали ризикот од срцеви заболувања. Како дел од исхраната, помагаат во регулацијата на крвниот притисок. Луѓе со нарушена работа на бубрезите треба да го ограничат внесот на ф'стаците во организмот, поради калиумот. 
Баклава со чоколадо и ф'стаци
 Потребни состојки: 100 g чоколадо, 100 g ф'стаци сечкани, 1 лажица мед , 8 кори за баклава, 20 g путер растопен, шеќер во прав, за декорација, 1/2 лажичка цимет , 1/4 чаша хопла

Подготовка: Рерната ја загреваме на 180 степени, ги сечкаме ги ф'стаците на парчиња и ги оставеме на страна. Во помало тенџере ја ставеме хоплата и половина лажичка цимет и ја вариме на оган со средна јачина. Кога ќе се загрее го додаваме чоколадото искршено на коцки и мешаме додека да се растопи. Потоа ги додаваме во чоколадото ф'стаците и ги промешуваме. Го тргаме тенџерето од оган и го оставаме да се излади.
Го топиме путерот во мало тенџере. Земаме една кора за баклава, ја превиткуваме на половина, ја мчкаме со малку растопен путер, земаме две лажици од чоколадото и ставаме на средина од кората. Ја превиткуваме кората од двете страни за да го преклопиме чоколадото, а потоа ја виткаме во ролна. Продолжуваме со останатите кори.
Ги ставаме свитканите парчиња баклава во тавче. Ги мачкаме одозгора со остатокот од путерот. Ги ставаме во загреаната рерна да се печат околу 10 минути додека да добијат златно жолта боја.
Ги сервираме изладени, пресечени на половина и декорирани со шеќер во прав.

среда, 17. јул 2013.

Лепчиња со Сирење

Цветно лепче со сирење


Потребни состојки:  900 g брашно, 1 филџан масло,
1 лажичка сол, 1 квасец, 1/2 литар вода, 200 g сирење,
4 јајца ( 2 за тесто, 1 за сирење, 1 за мачкање).



Замесете гo квасецот со малку брашно, шеќер и топла вода да стаса. Додадете го маслото, 2 јајца, солта и водата, изработете го и оставете го да расне. Откако ќе биде гoтoво тестото, поделете го на кравајчиња и  секое oд нив расукејте ги во правоаголни кори. Уз работ на коричката ставете од сирењетo пoмешанo со јајца и изролувајте. Извиткајте ги ролничките како полжавчиња, наредете ги вo плех, премачкајте ги сo јајце, поросете ги со сусам и афион и откако ќе раснат десетина минути, испечете ги во загреана рерна додека да се вцрват.

ПАЛАЧИНКИ

ПАЛАЧИНКИ
Дали знаевте дека првите палачинки се јаделе уште во античко време? 
Секако, тоа не биле палачинки онакви какви што ние денес јадеме. Печената мешавина од млеко, брашно, јајца и зачини, античките Римјани ја нарекувале "alita dolcia", што во превод би значело "нешто слатко", а истата наликувала на погача или омлет. Палачинките какви што ние денес јадеме се настанати во Европа во средниот век. Самиот збор палачинка доаѓа од унгарскиот збор "palacsinta". Во текот на историјата, состојките за палачинки се менувале и надградувале.
Брашно, пченка и компир се дел од состојките од кои што се правеле палачинките. Некогаш тие се печеле на огниште во импровизирани тави. Денес се печат во специјални тавчиња за палачинки.Тенки или дебели, солени или слатки, прелиени со најразлични сирупи или п осипани со овошје, сите видови на палачинки се прилагодени на најразлични национални кујни и локални обичаи.


ОСНОВЕН РЕЦЕПТ КОЈ УСПЕШНО ПРЕТРПУВА ПРОМЕНИ ВО ЗАВИСНОСТ ШТО ИМАТЕ  НА РАСПОЛАГАЊЕ:

  Подготвување на смесата:
Се матат добро 3 јајца во подлабока чинија со лажица (обична или лажица за мешање).
Се додава 1/2 кгр. брашно и заедно се промешуваат добро.
Се додава малку сол, а потоа се додава по малку млеко додека не се потроши половина литар.
Се меша добро додека смесата не се изедначи.  
Смесата треба да има густина како јогурт. Да не биде многу густа, но и премногу ретка.
Пржење на палачинките:
Во тавче се става малку масло додека добро не се загрее. Со салфета или тоалетна хартија намастете со масло на тавчето по секоја палачинка. На тој начин избегнувате да се лепат палачинките.
Во загреано масло се додава по една кутлача од предходно подготвената смеса. Се разлева веднаш во тавчето за да бидат палачинките што потенки.
Штом ќе се испржи едната страна палачинката се превртува и се пржи и од другата страна. 
Кога е готова се става на чинија. Палачинките пржете ги додека се потроши тестото.
 НАЈЕДНОСТАВНО СЕ ПОДГОТВУВААТ ПОСНИТЕ ПАЛАЧИНКИ СО КИСЕЛА ВОДА, БРАШНО, МАЛКУ СОЛ и МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ. СЕ ФИЛУВААТ СО ШТО САКАТЕ, СОЛЕНИ или СЛАТКИ.