Како настанал лебот?
Кратка историја на
секојдневното чудо на трпезата
Лебот е една од најстарите и најважни намирници што човекот ги создал. Наједноставно кажано, лебот се прави од брашно и вода, кои се замесуваат, се оставаат да нараснат и потоа се печат. Но зад оваа едноставна формула стои илјадници години историја.
Од Египет до денес
Првиот познат леб
потекнува од Древен Египет, уште пред околу 8000 години. Египќаните го мелеле
житото рачно и правеле рамен, округол леб, сличен на денешната тортиља.
Случајно, со помош на топлината и времето, тие го откриле и киселото тесто -
првиот облик на ферментиран леб.
Во текот на вековите, различни народи развиле различни видови леб - некои се зачувале до денес, а некои останале само во книгите.
Римјани, малина и бел леб
Околу 450 г. п.н.е.,
Старите Римјани ја измислиле воденицата, што го олеснила мелењето на брашното.
Тие започнале да прават бел леб, кој брзо станал симбол на богатство - колку
побел, толку повреден и поскап.
И во средновековна Британија, богатите јаделе бел леб, а сиромашните - темен од ‘рж или трици.
Индустриска револуција и
современ леб
Во 1834 година, во
Швајцарија е измислена мелница со челични ваљаци, што значително го подобрило
квалитетот на брашното. Ова овозможило подобро издвојување на глутенот –
протеин кој му дава на лебот волумен и еластичност.
Во 20 век, почнува масовното производство со додатоци и конзерванси, за лебот да трае подолго и да изгледа „поубаво“. Но денес, сѐ повеќе пекари се враќаат на природното производство - со малку состојки и без хемикалии.
Леб од сѐ – не само пченица
Иако пченицата е
најпозната основа за леб, денес се прават лебови и од: ’рж, овес, јачмен,
просо, па дури и од лен и чиа.
Сепак, само пченицата има доволно глутен за да го „нарасне“ лебот. Забавно е што зборот глутен доаѓа од латинскиот „glue“, што значи „лепак“ - баш затоа што ги врзува состојките заедно.
Совет:
Без разлика каков леб јадете - со или без глутен, бел или црн, домашен или купечки - секогаш внимавајте на рокот на траење. Вистинскиот леб, без конзерванси, треба да се јаде свеж и во истиот ден - инаку бргу мувлоса.
Драматизација - Лебот низ историјата
Времетраење:
10 - 15 минути
Улоги:
Раскажувач
Квасец
Брашно
Вода
Сонце
Печка
Пекар
Сцена 1: Древно време
Раскажувач:
Некогаш
одамна, многу пред да постојат продавници и пекари, луѓето го правеле лебот
рачно, на огниште. Денес ќе ви покажеме како настанува лебот - чекор по чекор.
(влегува пекар и држи сад)
Пекарот: Хмм... Имам брашно, имам вода... ајде да пробам нешто ново! (меша со раце)
(влегуваат
Брашно и Вода)
Брашно (со гордост): Јас сум најважната состојка! Без мене, нема тесто!
Вода (со насмевка): А без мене, ти си само прав! Заедно сме силен тим!
(се
прегрнуваат и „влегуваат“ во садот)
Сцена 2: Доаѓа Квасецот
(влегува
Квасец, мал и жив карактер, може со капче и очила)
Квасец (со енергија): Здраво друштво! Слушнав дека подготвувате нешто меко и вкусно? Јас ќе направам магија – ќе ве надувам!
Брашно и Вода (заедно): Да! Ајде да ферментираме!
(се движат во круг како да растат)
Сцена 3: Влегува Сонцето
(влегува
Сонце со жолта круна или нацртана сончева маска)
Сонце: Јас ќе ви помогнам да пораснете! Мојата топлина го буди квасецот!
(сите се
движат, се растегаат – имитираат нараснато тесто)
Сцена 4: Печка на сцена
(влегува Печка, облечена во сива/црна маичка, прави „звучни ефекти“)
Печка: Време е за финалето! Влегувајте кај мене – ќе ве направам златни и вкусни!
(„тестото“
влегува кај неа, сите седат неколку секунди, потоа излегуваат како „леб“ – со
етикета „Свеж леб од фурна".)
Сцена 5: Раскажувачот заклучува
Раскажувач: И така, со помош на природата и малку трпение, настанува лебот – храната што ја јадеме секој ден! Ајде сите да му аплaудираме на лебот – симбол на животот!
(сите се
поклонуваат, учениците во публиката аплаудираат)
Дополнителни идеи:
Да
се направи стрип со дадениот текст,
чениците се делат во 5 групи – 5 сцени и ги цртаат.
Кога глумат учениците
можат да направат етикети со имињата на состојките и да ги носат околу врат.
На крај еден ченик да ја изрецитира песничката за леб
Нашиот леб
Брашно,
вода, квасец стар,
се мешаат во
златен дар.
Се месат и печат сите,
Во пекарница кај чичко Мите.
Нема коментара:
Постави коментар