Пушење
Пушење е
вдишување на чадот од растение што гори, особено тутун од цигара, пура или
луле. И покрај социјалните и медицински совети против пушењето, оваа навика е
раширена насекаде во светот. Никотинот и другите слични алкалоиди влијаат на
психоактивната состојба и заедно со катранот (остаток кој содржи смола и други
пропратни соединенија) имаат негативни здравствени последици. Тие последици
вклучуваат рак на белите дробови, рак на грлото и орален рак, срцеви болести,
удари, емфисема, хроничен бронхитис и дегенерација на кожата.
Пушењето,
исто така го зголемува ризикот од други болести. Пасивното пушење (вдишувањето
на чадот од другите пушачи) го зголемува ризикот на непушачите од рак на белите
дробови и ризикот од синдромот на ненадејна смрт кај бебињата. Програмите за
самопомош и докторската помош, заедно со никотинските лепенки и гуми за џвакање
кои ја обезбедуваат потребната доза на никотин, спаѓаат во помагалата кои им се
на располаѓањена оние кои сакаат да се откажат од цигарите. Многубројните кампањи
против пушењето во САД го намалија бројот на пушачи, иако во останатите држави
тој сѐ уште е во пораст.
Исушениот
тутунов лист за пушење се користи како што се: цигара, пура и тутун за лула и
др. При пушењето се врши горење на тутунот т.е сува дестилација при што се
ослободуваат повеќе отровни супстанции кои се составен дел на тутунскиот чад, а
меѓу нив најопасен е никотинот.Никотинот претставува силен отров.Една цигара
содржи 5 мг. никотин. Десе цигари или 50 мг. Се доволни да убијат човек. Пушачите
кои пушат многу повеќе цигари на ден добиваат секогаш тровање, бидејќи околу 50
% од никотинот оди во чадот,во околната средина 25 % се распаѓа при горењето на
цигара, околу 20% останува во организмот на пушачите и околу 5 % останува во
пепелот.
Освен
споменатите состојќи, при пушењето се ослободуваат и тутунски катран кој се
смета за причинител на една од најтешките и засега неизлечиви болести ракот.
Незнаејќи какви опасности крие тутунот
луѓето,младите и децата наивно ја ставаат првата цигара во уста.При тоа се
придржуваат на своите другари што пушат сметајќи дека така ке изгледаат повозрасни,
посериозни и поважни. Кога почнат да ги чувствуваат последиците од пушењето ,
насојуваат да се откажат од него, но тоа веќе не е можно , бидејќи се состава
навика од која тешко ке можат да се одвикнат.
Пушачите
скоро секогаш настојуваат да го прикажат пушењето како општо прифатена форма на
однесување затоа што сметаат дека тоа не е болест, зошто во денешно
време пушат и многу жени кои сметаат дека пушењето е симбол на еманципираност. Докажано е дека пушењето причинува активни и хронични пореметувања
на функцијата на оделни органи и системи и воопшто на човековото здравје.
Пушењето
доведува до пореметување на човековото однесување , односно човекот станува
зависен од пушењето и од него не може да се одвикне без потешкотии
особено во однесувањето , затоа пушењето се смета за болест на зависност
како што е алкохолизмот и наркоманијата, значи пушењето
претставува болест што во одредени ситуации треба да се лекува и да се делува
превентивно зошто:
- пушењето е причина за многу заболувања.
- смртноста на пушачите е за 80-100% поголема одколку кај непушачите,
- пушачите умираат најчесто од : болести на крвните садови на телото, на
срцето, хронични воспаленија на дишните патишта и белите дробови, рак на
бронхиите, белите дробови, грлото и усните.
Со пушењето во организмот се внесуваат веќе споменатите отровни состојки кои
дирекно делуваат на дишните патишта и почнуваат воспалителни процеси (пушачки
катар и кашлица, заболување на белите дробови и нивното проширување, како и тешки
неповратни промени на сетилото за мирис и вкус.
Тутуновиот
катран е причинител на најтешката и засега неизлечлива болест - рак на устата,
грлото, дишните патишта и белиот дроб. Отровните состојки кои навлегуваат во
крвта по крвен пат се пренесуваат до сите органи на телото, особено во мозокот
каде најбрзо се забележуваат односно чувствува неговото дејство а кое се
манифестира со: раздразливост, главоболка, несвестица, гадење, повраќање и
воспаление на нервите и на органите за вид.
Алкохолизам
или алкохолна зависност, хронична болест позната по потребата по алкохол.
Луѓето кои страдаат од ова заболување се познати како алкохоличари. Тие не
можат да го контролираат своето пиење дури ниту кога станува директна причина
за сериозна штета, вклучувајќи медицински заболувања, брачни проблеми, загуба
на работата или сообраќајни незгоди.
Медицинската
наука сѐ уште ја нема откриено точната причина за алкохолизмот, но
истражувањето покажува дека генетички, психолошки и социјални фактори помагаат
во неговото развивање. Алкохолизмот сѐ уште не е излечен, но најразлични
третмани можат да им помогнат на алкохоличарите да го избегнат пиењето и да си
го вратат здравиот живот.
Луѓето
асоцираат било кој вид на претерано пиење со алкохолизам. Но лекарите и
научниците познаваат дека нестабилностите поврзани со алкохолизмот се
појавуваат како резултат на континуирана лоша состојба. Тие преферираат да го
користат терминот алкохолна зависност или алкохолизам за да ги одвојат
најсериозните неправилности предизвикани од алкохолот. Поимите злоупотреба на
алкохол и проблеми со пиењето се однесуваат на помалку сериозни алкохолни
проблеми како резултат на претерано пиење.
Алкохолната
зависност се развива различно кај секоја индивидуа. Но, одредени симптоми ја
карактеризираат болеста. Алкохоличарите развиваат силна потреба за пиење и
покрај свесноста дека пиењето им создава проблеми во животот. Тие страдаат од
недостаток на контрола, односно неможност да сопрат со пиењето кога веќе
почнале. Алкохоличарите стануваат физички зависни од алкохол. Кога ќе престанат
да пијат по период на тешка злоупотреба на алкохол, тие страдаат од непријатни
физички симптоми, кои вклучуваат гадење, потење, тресење и вознемиреност,
познати како симптоми на враќање.
Алкохоличарите
развиваат поголема толеранција на алкохол, односно, тие треба да пијат големи
количини на алкохол за да стигнат до интоксикација. Светската Здраствена
Организација (СЗО) забележува дека друго однесување кое е познато кај луѓе со
алкохолна зависност е барањето можности за да пијат алкохолни пијалоци – многу
почесто од другите активности и брзо враќање на старите навики за пиење по
периоди на апстинирање.
Општа состојба
Алкохолната
зависност е распространета ширум најразлични општества низ светот. Статистиките
покажуваат дека алкохолната зависност допрела и до успешни бизнис директори,
талентирани механичари, работници, архитекти и членови на цркви од сите
религии. Научниците сѐ уште не се дефинирале типичен карактер на еден
алкохоличар и тие не можат да предвидат со потполна сигурност кои пијачи
прогресивно ќе развијат алкохолна зависност.
Употребата
на алкохол варира зависно од социјалното, културното или религиозното потекло
на индивидуата. Некои индувидуи не пијат воопшто – околу една третина од
возрасното население во САД, на пример, кое е над 18 години, апстинираат од
алкохол. Други пијат како дел од социјалниот обичај. Сеуште, некои пијат често
и во прекумерни количини. Тие кои страдаат од алкохолна заисност пијат за да ја
задоволат неконтролираната потреба за алкохол за да ги одбегнат непријатните
физички симптоми на враќање.
СЗО
проценува дека скоро 62 милиони луѓе ширум светот патат од алкохолна зависност.
Општата состојба на болеста варира во различни земји. Во Р. Македонија се
регистрирани 527 лица болни од алкохолизам во 2002 година, што е приближно
0.02% од населението, додека вистинската бројка на луѓе зависни од алкохол се
проценува дека е поголема. За споредба, во САД се проценува дека има околу 15
милиони луѓе кои имаат проблеми поврзани со нивната употреба на алкохол. Од
нив, 8.1 милион мажи и жени имаат алкохолна зависност, или приближно 3% од
населението. Мажите имаат трипати поголема веројатност да станта алкохоличари
во однос на жените, додека луѓето над 65 години имаат најмали стапки на
алкохолизам. Во Македонија, но општо и во светот, луѓето кои почнуваат да пијат
на рана возраст имаат голем ризик да станат алкохоличари. Проценките кажуваат
дека 40% од луѓето кои почнале да пијат на возраст под 15 години ќе станат
евентуално алкохоличари во некој момент од својот живот. Овие индивидуалци
имаат четири пати поголеми шанси да станат алкохоличари во однос на оние кои го
одложувале пиењето до својата 21 година.
Во Канада,
околу 600000 луѓе, или 1.9% од 15 години
па нагоре, се алкохолни зависници, а бројот на машки зависници е двоен во однос
на бројот на женските зависници. Највисикота стапка на болеста кај Канаѓаните е
меѓу 20 и 24 години возраст. Во Канада анкетирани се сегашни и минати
алкохоличари и секој петти испитаник признал дека пиењето им наштетило во
одреден момент од животот, вршејќи ефект врз нивната работа или финансиска
состојба.
Алкохолната
зависност постигна критични пропорции во Русија, каде 40 проценти од мажите и
17 проценти од жените се алкохоличари. Алкохолизмот
е казнлив прекршок во Русија. Алкохоличарите кои одбиваат болнички третман
можат да бидат затворени во работнички кампови. По нивното ослободување тие
тешко наоѓаат вработување, а ако се фатени како пијат пак, тие се враќаат во
затворите. Зафатите на владата да го контролираат пиењето со затворање на
фабриките за дестилација, пиварите и баровите резултираше со контраефект.
Наместо решавање на проблемот, таквите тактики само создадоа широко
распространет црн пазар за алкохол, како и земја полна со луѓе кои ги кријат
своите проблеми со пиењето.
Во азиските
земји како Јапонија, алкохолната злоупотреба стана социјален проблем преку
последната декада. Во овие земји, пиењето е скоро потребно кога се склучува
бизнис. Баровите станаа продолжување на канцелариите, места каде клучни одлуки
се донесувани. Личност која ќе одбие покана за пијалок после работа, прави
ризик да не напредува во компанијата. Алкохолот е многу пристапен во Јапонија.
Постојат машини на улиците на Токио кои служат лименки со саке или пиво. Во
последните 30 години, алкохолното конзумирање во Јапонија е зголемено за
двапати.
Физички ефекти на алкохолот
Етил алкохол
или етанол, е присутен во разни количини
во пива и вина и во дестилирани пијалоци – виски, џин и рум. Кога една личност
конзумира алкохол, стомакот и органите за варење бргу го апсорбираат. Од таму
алкохолот патува преку крвта низ целото тело, вршејќи влијание скоро на секое
ткиво. Поголеми дози на алкохол ги пореметуваат функциите на централниот нервен
систем, вклучувајќи го мозокот.
Колку е
повисоко нивото на алкохол во крвта, толку е поголемо оштетувањето. Како што
крвта минува низ црниот дроб, ензимите го разложуваат алкохолот на безопасни
продукти кои се елиминирани од организмот 6 до 8 часа подоцна. Но стапката со
која алкохолот се акумулира во телото може да биде поголема со стапката со која
организмот го елиминира, а со тоа се зголемува концентрацијата на алкохол во
крвта. Како резултат, алкохолот останува во организмот, создавајќи ефекти на
интоксикација неколку часа откако е проголтана последната голтка алкохол. Мали
количини на алкохол можат да ја ослободат напнатоста или измореноста, да го
зголемат апетитот и да имаат аналгетски ефект кој ја отапува болката.
Поголеми
количини ги потиснуваат повисоките мисли, ја зголемуваат самодовербата и го
намалуваат стравот, напнатоста и вината. Кога личноста ќе стане интоксицирана
или пијана, болни или посрамотувачки ситуации стануваат помалку заканливи и со
прогресијата на пиењето, говорот стаува гласен и неповрзан. Пореметеното
расудување може да биде причина за нерационално однесување, а физичките
рефлекси и мускулната координација стануваат забележително нарушени. Ако
пиењето продолжува, следува целосна загуба на физичката контрола, завршувајќи
со губење на свеста и можна смрт.
Социјални ефекти на алкохолот
Низ
поголемиот дел од историјата, општеството ги гледало луѓето кои пијат како
неодговорни, неморални и со слаб карактер. Казнувањето на пијаниците било
сметано како потребно за да се заштити заедницата. Во почетокот на 20-от век,
експертите верувале дека алкохолната зависност е резултат на оштетувањето на
ткивото од страна на алкохолот.
Овие промени
создавале континуирана потреба за пиење, така што индивидуата бара поголеми
количини на алкохол во почести интервали. Сепак, општеството сѐ уште смета дека
земањето или одбивањето на пијалок е прашање на лична одлука, односно, сето
претерано пиење преставува самоволен акт. Индивидуата, според ова, е одговорна
за неговото/нејзиното однесување.
Интоксикацијата
не се заканува само на индивидуи кои пијат, туку и на заедницата. Токму затоа
општествата околу светот се обиделе да го контролираат прекумерната употреба на
алкохол. Некои општества во 19-от и 20-от век изгласале закони кои овозможуваат
апсење и затворско казнување за состојба на пијанство во јавност па дури до
забрана за производство, дистрибуција и консумирање на алкохолни пијалоци.
Денешните
експерти ги карактеризираат неправилностите предизвикани од употребата на
алкохол како болест која е има многу големо распространување и преставува голем
здраствен проблем. Според СЗО, алкохолната зависност и други форми на
злоупотреба на алкохол го слабеат глобалното здравје, сметано за 3.5% од сите
случаи на заболување ширум светот.
Причини
Психолошко-генетички причини
Истражувањата
покажуваат дека алкохолизмот се пренесува во семејствата – алкохоличарите имат
6 пати поголеми шанси од неалкохоличарите да имаат роднина во семејството кој е
зависник од алкохол. Истражувачите долго време не знаеле дали овие проблеми се
резултат на фамилијарно генетско наследство, или пак резултат на општата
средина во семејството, која често вклучува родители-алкохоличари.
Испитувањата
врз близнаци се обидуваат да откријат дали алкохолната зависност се развива
како резултат на генетички фактори, заеднички влијанија на средината, или пак
комбинација на двете. Лабараториските истражувања ја споредуваат генетската структура
кај луѓе кои се зависници од алкохол со оние кои немаат историја на лични или
семејни проблеми со алкохол.
Причини од средината
Научниците
тврдат дека проблемите поврзани со алкохолот се резултат на комплексна
интеракција меѓу биолошките влијанија и факторите на средината. Факторите на
средината кои можат да влијаат на развивањето на болеста се личното однесување,
пријателските влијанија во раниот живот, однесувањето на родителите, социјални
и културни мислења кон алкохолот, животен стрес и расположливоста со алкохолни
пијалоци.
Еднаш кога
личноста ќе развие рутина за пиење, факторите на средината заедно со физичките
промени здобиени како резултат на тешкото пиење можат да ја засилат постојаната
употреба на алкохол.
Психолошки влијанија
Многу
експерти тврдат дека губењето на контрола за пиењето е психолошки поврзано.
Студиите покажуваат дека зависници од алкохол ќе пијат прекумерни количини на
безалкохолни пијалоци доколку веруваат дека во нив има алкохол. Истотака,
доколку им се даде алкохолен пијалок за кој веруваат дека е безалкохолен,
нивното однесување во пиењето е слично со она на лица кои не се зависни на
алкохол.
Последици по здравјето
Долгорочната
употреба на големи количини на алкохол можат да предизвикат сериозно оштетување
на црниот дроб. Во првиот стадиум од болеста, маснотија се акумулира во црниот
дроб. Повеќето луѓе не ги препознаваат симптомите на овој стадиум, иако кај
повеќето од нив црниот дроб отекува и станува поголем. Некои луѓе добиваат и
хепатитис, кој ги воспалува и убива клетките на црниот дроб. Други добиваат
цироза, неповратлива состојба во која нормалното ткиво на црниот дроб е
заменето со оштетено ткиво.
Ова ја
спречува крвта да минува слободно низ црниот дроб, формирајќи висок крвен
притисок во вените кои минуваат низ црниот дроб. Како последица на ова, црниот
дроб веќе не е во состојба да ја прочистува крвта од токсичните материи. Затоа
епилогот може да биде фатален.
Тешкото
пиење истотака го оштетува и срцевиот мускул. Близу половината од
кардиомиопатиите се поврзани со злоупотреба на алкохол. Во ова заболување,
десните и левите вентрикули се зголемени, а со тоа е намалена способноста на
срцето за пумпање крв. Алколичарите имаат високо ниво на хормонот епинефрин во
крвта и недостаток на минералот магнезиум.
Оваа
комбинација создава тешки аритмии, или нерегуларности во чукањето на срцето,
што преставува честа причина за нагла смрт кај тешките алкохоличари. Тие често
развиваат и хипертензија, што е главна причина за удар.
Во некои
случаи, алкохолот доведува до делириум тременс (алкохолно лудило), кое
предизикува збунетост, поспаност, депресија и страшни халуцинации. Во овој
стадиум на делириум, кај рацете се појавува неконтролирано тресење, кое може да
се прошири на главата и телото.
Жените кои
пијат претерани количини на алкохол за време на бременоста, водат ризик за да
родат дете со фетален алкохолен синдром (ФАС), што е водечка причина за дефекти
при раѓањето, комбинација на физички и писихички дефекти, како што се
ретардација, мала глава и слаба мускулатура. Некои бебиња изложени на алкохол
за време на созревањето на фетусот развиваат фетален алкохолен ефект (ФАЕ), кој
вклучува повеќе суптилни симптоми, вклучувајќи проблеми во однесувањето,
проблеми со концентрацијата и фокусирањето или немоќноста да мислат апстрактно.
Лекување
Најдобрите
методи за лекување на алкохолизмот варираат, зависно од индивидуалните
медицински и лични потреби. Некои тешки алкохоличари кои го препозанаваат
нивниот проблем се лекуваат сами од себе. Некои алкохоличари бараат долгорочна
индивидуална или групна терапија, која може да вклучи и хоспитализација. А
сепак, некои воопшто не бараат третман.
Овие луѓе на
бараат третман како резултат на комбинацијата од фактори, вклучувајќи го
игнорирањето на симптомите на болеста, социјалниот страв од фактот дека ќе биде
етикетиран од заедницата како алкохоличар и неволјата да прифати доживотна
апстиненција од алкохол како една од целите на лекувањето.
За некои
алкохоличари, лекувањето почнува со детоксификација, која безбедно го
ослободува пациентот од алкохолот во организмот, а во исто време ги лекува
физичките компликации кои создаваат силни симптоми, како делириум тременс или
алкохолно лудило. Детоксификацијата обично трае помалку од една недела, а за
тоа време пациентите се сместени во специјална установа или посебен оддел од
општата или психијатриската болница. Овие установи истотака нудат и продолжен
третман за да се помогне на алкохоличарите во нивното закрепнување.
Повеќето
програми за лекување ефективно помагаат зависниците да престанат да пијат за
некој период, но тие се помалку успешни во превенцијата на повторно враќање на
пиењето. Програмите за третман обично содржат дел кој се фокусира да им помогне
на алкохоличарите да ја разберат ситуацијата, чуствата и личните интеракции кои
го предизвикуваат повторното пиење. Овие програми ги учат луѓето како да се
снајдат со овие фактори без повторно да се вратат на пиењето.
Превенција од алкохолна зависност
Напорот на
многу јавни здраствени организации може да овозможи општеството да ги препознае
раните стадиуми на проблемите со пиење и да ги охрабри луѓето да направат рана
интервенција пред да се влоши ситуацијата. Кампањи за рекламирање, текстови во
весниците, вклучени приказни во списанијата и филмови и телевизиски презентации
го повикуваат вниманието на проблемот можат да помогнат во превенцијата.
Училиштата спонзорираат програми кои им помагаат на учениците да ги
препознаат симптомите на алкохолна зависност и да знаат како да добијат помош
доколку пиењето стане проблем. Како што јавноста станува се посвесна за
здраствените и социјалните последици на болеста, бројот на алкохолно заболени
лица може да се намали, а пораните и подобрите третмани можат да доведат до
повисоки стапки на излекување.
ШТО Е ТОА
ДРОГА ?
Дрогите се
природни или синтетски материи кои внесени во организмот на човекот кај
некои луге одпрвин предизвикуваат чувство на пријатност , но покасно со
повторно земање доведуваат до промени во свеста и расположението за да на
крајот доведат до зависност од нив .
Повторуваната
употреба на дроги доведува до појава на наркоманија која се карактеризира со :
несопирлива желба да се продолжи земањето на дроги и по секоја цена да се
обезбеди нејзиното добивање , склоност да се наголемува дозата на дрогата и
психичка а по некогаш и физичка зависност од дејството на дрогата .
За појавата
на наркоманијата означение се следниве фактори:
1. Специфично фармаколошко дејство на дрогата:
еуфорично дејство , пријатност одстранување на болките и стравот и др.
2. Фактор на личноста: многу современи психијатри
тврдат да идните наркомани се регистрирани од онаа категорија на личности кои
поседуваат некои скриени или манифестни пореметувања на личноста . Се работи за
емоцијонални незрели личности , неуротичари кој ја зимаат дрогата за да ја
намалат својата напнатост , ив о невозможност да ги совладаат своите лични
проблем ии конфликти бегат од нив во опојното дејство на дрогата . Поред некои
личности некои ја зимаат дрогата поради својата бунтовност кои имаат силни
желби да бидат “подруги” од својата средина, а понекогаш ја земаат поради
љубопитност да се доживее нешто ново и чудно и желбата да се направи нешто што
е забрането.
3. Социјално -културни фактори т.е од достапноста на
дрогата и ставот на општеството кон нивната употреба.
Од
неконтролирана, медицинска и незаконска употреба на дроги не може да се има
никаква корист.
Дирекното
штетно дејство на дрогата може да се манифестира во вид на тешки труења и
телесни оштетувања. Дрогите имаат и хронично штетно дејство кое резултираат на
постепени и долготрајни труења со нив. Тие доведуваат до стварање на психичка и
физичка зависност. Долготрајната употреба на поедини дроги е причина за тешки
психички пореметувања. Луѓето што употребуваат дроги почесто страдаат во разни
несреки било да ги предизвикуваат тие или други. Наркоманите се во контакт со
светот на криминалот и подземјето. Тие за да дојдат до дрога често не бираат
средста. Нивното однесување често е антисоцијално или криминално.,
Социјалното,
телесното и друштвеното пропаѓање на наркоманот негативно се одразува на
неговата фамилија и занимање. Наркомаијата има и негативен економски ефект како
врз самиот наркоман кои своите дроги скапо ги плаќа, така и за општеството кое
трпи губитци поради неговото боледување разорување на семејството и евентуално
антисоцијални акти.
Од сето ова
произлегува дека решавањето на проблемот на наркоманијата не е лесна работа.
Наркоманијата не е првенствено болест на поединецот, но проблем на општеството
, тогаш е и природно да се прифати ставот дека општеството е најповикано да го
решава тој проблем т.е комплексноста на проблемот бара ангажирање на многу
стручнаци, не само здравствени работници, но и социјолози, психолози, просветни
работници, практично целокупната општесвена заедница.
Општеството
во целина мора да се ангажира во настојувањето да ствара друштвено здрави
особи, снажни, отпорни спремни да ги решаваат своите проблеми со рационални
методи, а не по пат на опивање на својот ум со дрога постигнуваат бегство од
реалноста, бегство во имагинарен и вештачки заборав.
Состав и дејство на дрогата
Под поимот
дроги кои предизвикуваат опасност, подразбираме дроги кои имаат способност да
влегуваат во интеракција со живите организми, предизвикувајќи состојба на
психичка или физичка или пак двете (Депенденце Продуцион Друг). Дрога може да
биде било која природна или синтетичка супстанција која поседува некоја посебна
или изборна привлечност.
Такви се
опојните дроги кои се сметаат за супстанции од природно или синтетичко потекло
со чија употреба може да се создадат состојби на зависност, што можат да го
загрозат човековиот интегритет во физичка, психичка или социјална смисла. Како
опојни дроги се сметаат и психотропните супстанции. Од фармаколошки аспект,
дрогите имаат дејство, предизвикано од хемиските својства на супстанциите, кои
влијаат на структурата и функцијата на живите организми, а со тоа го менуваат
расположението и свеста на човекот.
Дејството на
дрогата ја менува човековата личност, а со повеќекратно консумирање се
оштетуваат одредени витални органи. Дрогата има дејство и врз менталниот живот,
проследено со лудило, параноја и шизофренија. Користење на прекумерни дози
доведува до смрт. Исто така имаат влијание и врз психичката преобразба на
личноста, проследено со физичко и психичко распаѓање, слабеење на нервниот
систем, менување на карактерот. Со сето ова не само што е засегнат поединецот,
туку засегнати се и семејството и општеството во целост.
Дејството на дрогата врз поединецот,
со повремено или трајно корисење, води кон толеранција, а толеранцијата е
поврзана со потребата од постојано зголемување на неопходната доза дрога поради
постигнување исти, веќе доживеани ефекти. Самото дејство на дрогата води кон
психичка и физичка зависност, а злоупотребата на дрогата и нејзиното дејство
врз животот и организмот на човекот, предизвикано од хемиските супстанции што
ги содржи дрогата, има штетни последици врз индивидуата и општеството во
целост.
Видови дроги
Постојат
повеќе приоди и класификации за поделба на дрогите, кои најчесто се
злоупотребуваат во светот и кај нас.
Според
потеклото, дрогите ги делиме на:
1. природни - се добиваат од билки или
сонивна преработка;
2. синтетички - се добиваат по хемиски пат во
легални или илегални лаборатории. Овие дроги во последно време ги има во голем
број и со различно дејство, а нивната злоупотреба е се почеста последниве
години.
Постојат
многу поделби на дрогите, меѓутоа поради нивно подобро согледување, поделени се
на следниве шест групи:
1. Канабиоди (канабис дроги): • марихуана • хашиш • хашишово
масло
2. Халуциногени: • ЛСД • ПСП (фенциклидин) • мескалин • Псилоцибин
3. Наркотици: • опиум • морфиум • хероин • метадон
4. Психостимуланси: • кокаин • крек • амфетамини • метанфетамини •
екстази
5. Психодепресори: • седативи (барбитурати) • транквилизери
(бензодиазепини)
6. Други видови супстанции: • испарливи течности (лепаци,
разредувачи и сл.)
7. Канабиноиди (канабис дроги)
Во овие видови дроги спаѓаат
марихуаната, хашишот и хашишовото масло. Како една од најкористените дроги во
светот и кај нас е марихуаната. Ова растение се одгледува во повеќе делови од
светот, на најразлични начини: во саксии на тераси, во оранжерии, во паркови и
места скриени од случајни минувачи (мочуришта, планински делови итн.).
За разлика
од марихуаната, хашишот пак се одгледува во тропските краишта кое лачи поголема
количина смола, која се собира на најразлични начини и најразлични форми.
Неговото има потекнува од зборот хасхисхан или во превод “џвакач на трева”.
Најсилно дејство од овие дроги има хашишовото масло, кое се добива по хемиски
пат со одвојување на чистата смола од канабисот, потоа доаѓа хашишот, а
најслабо дејство има марихуаната. Најважна активна супстанција на чие дејство
се должат ефектите на канабис дрогите е ТХЦ супстанцијата
(тетрахѕдроцаннабинол). Од нејзината количина зависи и силината на ефектот на
овој вид дроги.
8. Халуциногени дроги
Халуциногените
дроги спаѓаат во најстарите и најдобро познавани дроги кои се користат заради
нивната способност да ја променат човечката перцепција и расположение.
Природните халуциногени дроги, кои се наоѓаат во растенијата и габите, векови
наназад се користеле за религиозни, медицински и социјални цели, меѓутоа денес
се произведуваат бројни синтетички халуциногени дроги, кои по својот ефект врз
човечкиот организам далеку ги надминуваат нивните природни оргинали.
Во овој вид
дроги влегуваат: ЛСД, ПСП (фенциклидин) - најопасна дрога меѓу останатите, мескалин,
псилоцибин и др. Биохемиската, фармаколошката и физиолошката основа на
халуциногената активност не е доволно позната, па затоа името на оваа група не
е најсоодветно, бидејќи сите други од оваа група не предизвикуваат секогаш
халуцинации. Сепак, сите тие земени во нетоксични дози, предизвикуваат промени
во перцепцијата, начинот на размислување и расположението. Меѓутоа, мора да се
има предвид дека ефектите на халуциногените дроги се непредвидливи и различни
секогаш кога се земаат.
9. Наркотици (опијати и опиоди)
Зборот,
наркотици, потекнува од грчкиот збор “наркос”, кој всушност значи супстанции
што предизвикуваат спиење. Во наркотици, спаѓаат природните (опиумот,
морфиумот, кодеинот и тебаинот), полусинтетичките (хероинот, хидроморфинот,
оксикодеин и хидрокодеинот) и синтетички (мепердинот, метадонот и со него
поврзаните дроги, фентанил и пентазоцинот) наркотици.
Покрај
медицинската употреба, наркотиците се најчесто злоупотребувани дроги по
канабис-дрогите и во последно време ја преземаат доминацијата. Ефектите на
наркотиците врз човечкиот организам зависат од дозата, начинот на употреба,
претходното искуство и очекувањето на корисникот, односно неговата психичка
состојба. Со зголемување на дозата, токсичните ефекти се зголемуваат.
Карактеристично за наркотиците е тешкото лечење на зависниците од овие дроги,
поради тешките апстиненцијални кризи кои се јавуваат кај корисникот.
10. Психостимуланси
Психостимулансите
се природни или синтетички супстанции кои внесени во човечкиот организам,
предизвикуваат стимулација на централниот нервен систем. На тој начин, се
предизвикува будност, помала психичка и физичка замореност, намален апетит и
слично. Најчесто користени стимулатори се никотинот, кој се наоѓа во тутунот и
кофеинот, потоа во кафето, чајот и други напивки.
Во оваа
група спаѓаат кокаинот, крекот, амфетаминот, и неговите деривати (екстази и
др.), метанфетамин. Во медицината постои примена на овие супстанции кај некои
видови заболувања, меѓутоа нивната злоупотреба е почеста отколку легалното
користење. Психостимулаторите кои се злоупотребуваат, можно е да развијат
физичка зависност, додека психичката е високо развиена. Предозирањето со ваков
вид дроги може да доведе до смрт.
11. Други
видови супстанции
Во оваа
група спаѓаат испарливите течности кои во вистинска смисла на зборот не се
дроги, но се употребуваат за наркотизирање. Во оваа група спаѓаат: пареа од
бензин, лепило, мастило и друго. Овие средства претежно ги користат деца од 10
до 15 години. Се консумираат со вдишување на пареата што кај консуматорот
создава опиеност со особено возбудување и веселост, можни се оштетувања на
мозокот, нервниот систем, до промени на манталниот и физичкиот развој.
Социолошко-криминолошко
сфаќање за појавата, ширењето и злоупотребата на дрога Современата социолошка
наука во светот се повеќе наоѓа интерес за проучување на општествените појави и
процеси кои имаат непосреден одраз врз целината на општествениот живот. Во таа
смисла и криминалот и социјалните појави стануваат предмет на истражување и од
социолошки аспект. Така, за криминалното однесување се смета дека е погодна
почва за развивање во секоја организирана општествена заедница, и дека е во
тесна врска со нејзините општествено - економски и социјални услови.
Социологијата
како наука ги изучува законитостите на општествениот развој. Со оглед на тоа
дека криминалитетот претставува негативна појава, воедно значи и изучување на
причините и условите кои придонесуваат одредено лице да се јави во улога на
лице со криминално и антисоцијално однесување. Со овој проблем се занимава
криминалната социологија. Злоупотребата на дрога се карактеризира како
помасовна појава која се шири во услови на развиени општествено-економски и
социјални услови, опфаќајќи ги сите слоеви на општеството, особено меѓу младите
генерации.
Ако се тргне
од мултикаузалноста, како основа за проучување на причините на која било
криминогена и социо - патолошка појава, ќе се види дека и злоупотребата на
дрога е предизвикана од повеќе фактори кои придонесуваат оваа појава да исплива
на површина и да егзистира и во сегашни современи услови.
Злоупотребата
на дрога како социо-патолошка појава има димензии од епидемиолошки карактер, со
катастрофални последици врз младите генерации и општеството во целост. Оваа
појава карактеристична е за целиот свет, а за повеќе земји претставува
национален проблем, прераснувајќи во социо-патолошка појава од меѓународни
рамки. Дрогата го следи човекот низ историјата, така што луѓето ја култивирале,
но не ја прифатиле како средство за уживање, применувајќи ја како лек во
исклучителни случаи кога требало да се смири болка, несоница или слично и тоа
во умерени количини и во одредени дози. Можеме да заклучиме дека разни луѓе
земаат дрога во различни услови и околности, но последните децении
злоупотребата на дрога добива големи димензии, што придонесува за нејзина
експанзија.
Не
треба да се изгуби од предвид и зголемувањето на на венеричните
заболувања за чие зголемување игра голема улога зголемениот талас на наркоманијата
кај нас и во светот.За разлика од старата класична наркоманија кои
изолирано живееле во зависност на дрогата и по тој пат ги решавале своите лични
потреби , современите млади наркомаи доста пркосно, јавно, колективно во мали
или поголеми групи уживаат во дрогите, градејќи свое друштво, свои општествени
принципи, спротиставувајќи се на пошироката општествена заедница, на нејзиниот
начин на живеење, на нејзините општествени принципи и норми пропаѓираки при тоа
слобода која им е ускратена врзувајќи се пред се на нагонските чувства .
Нема коментара:
Постави коментар