“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

петак, 9. август 2013.

130 години од раѓањето на Панко Брашнаров

Панко Брашнаров – илинденецот од двата Илиндена, затвореникот од сите режими, еден од најголемите борци за Македонија.
Панко Брашнаров е роден во Велес на 9 август 1883 година. Војувал за татковината од Илинден до балканските и двете светски војни. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ и член на АВНОЈ. По неколку години работа во штотуку организираната држава тој бил приведен како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото. Прогласен е за непријател на власта и испратен на злогласниот остров Голи Оток каде што починал на 13 јули 1951.

Нема коментара:

Постави коментар