“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 10. август 2024.

ЈАПОДСКИ ОСТРОВИ - најубавото место на светот – парченце од земскиот рај.

 

Долината на реката Уна е едно од најубавите природни богатства на целиот Балкан. Уна извира во Хрватска  кај  Доња Суваја, а нејзиниот  извор е најдлабокиот карстен извор во Хрватска и е меѓу петте најдлабоки извори од овој вид во светот.


Јаподските острови се неописиво убав зелен рај кој го крие реката Уна. По својот тек, поточно околу 90 километри, оваа река ја формира административната граница меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска. Се влева во реката Сава во близина на градот Јасеновац, од каде обично започнуваат туристичките тури за запознавање на овој крај.

Јаподските острови  се некогашен дом на најстарото илирско племе Јаподи. Самите острови  формираат облик на срце и се интересни како форма, местоположба, клима  и природна убавина.


Јаподите претставуваат етничка група на илирски племиња, кои во текот на средниот век ја населувале територијата на денешна централна Хрватска. За нив е интересно што тие беа мнозински политеистички луѓе кои имаа свои посебни  богови, а во близина на градот Бихаќ можете да ги најдете урнатините на храмот на Богот на водата Биндус, нивниот врховен Бог, кој најмногу  наликува на Нептун  од римската митологија.  Меѓу другите богови се издвојуваат Видасус -  покровител на лекарите, како и божицата Тхана, чија фигура е исклесана  во  камениот релјеф  кај Јастребарско.














Јаподите оставиле траги од живот на неколку локации по долината на реката Уна, особено во областа
Рачиќ. 








Островите денес се поврзани  со дрвени мостови.  Територијално се граничат  со  националниот  парк  Уна, еден од трите национални паркови во Босна и Херцеговина, кој  е оддалечен околу 40 километри од Националниот парк Плитвички езера.

Уна, една од најубавите реки во Босна и Херцеговина, го опкружува островот од сите страни нудејќи  рафтинг, кајак, нуркање , а кањонот  планинарење и фотосафари


Судејќи по трагите и по документите од минатото, просторот околу реката Уна  отсекогаш бил населен. 
За тоа сведочат остатоците од праисториските населби, аквадуктите од римската ера и неколку средновековни локалитети.

Легендата вели дека, одморајќи се од битката на брегот на реката, восхитен од нејзината убавина, еден од римските  војниците извикал „Уна!“ што значи една или единствена. Оваа река се нарекува така и е исто толку волшебна и денес - УНА.
Долината Уна е позната по огромни количества камен - седра - травертин, а нејзината посебна вредност ја сочинуваат над 39 видови риби, што ја рангира меѓу  најбогатите реки по видови риби во светот. Пејсажите се волшебни и неповторливи - изобилје травертински формации, брзаци, водопади, ади и речни езера, секогаш бујната крајбрежна вегетација и населбите покрај реката, ја прават навистина единствена во секој поглед.