Освен
што се предвесник на пролета, кокичињата се и цвеќиња на надежта.
Според легендата, кокичето станало цвеќе на надежта кога Адам и Ева биле
протерани од Едемската градина. Во еден момент кога Ева ја изгубила
сета надеж дека зимата никогаш нема да заврши, дека нема да заминат
студените денови, се појавил ангел кој ги трансформирал снегулките во
цветот кокиче и со тоа повторно им ја вратил надежта
за потопли и подобри денови. Оваа легенда ни укажува дека секогаш
постои надеж, дека секоја зима си има своја пролет, а пробивањето и
растењето на кокичињата во снегот се показател за подобрите денови кои
доаѓаат.
Се смета дека потеклото на кокичињата е од Мала Азија и Европа. Тие се распространети најмногу во умерениот климатски појас, каде има снежна и студена зима. Тие се првите растенија кои цветаат во пролет, и тоа пред да се стопи снежната покривка. Најпознатите и најзначајни видови се кримското кокиче, и кокичето-џин. Родот кокиче вклучува околу 20 видови ниски монокотиледонски и многугодишни растенија кои ù припаѓаат на фамилијата кокичиња. Вообичаената боја е бела. Кокичињата изгледаат како капки млеко кои висат од стеблото, па од таму потекнува и латинскиот термин Galanthus што значи млечно бели цвеќиња. Нивните листови се нежно зелени, а снежно белите венечни ливчиња (6 на број), речиси се целосно сраснати. Само надворешните три венечни ливчиња се разделени, додека останатите се сраснати. Повеќето видови кокичиња се одгледуваат како украсни растенија, бидејќи имаат убави цветови. Тие меѓу луѓето се сметаат за градинарски растенија. Некои од видовите се загрозени и со можност за исчезнување, па затоа се заштитени со закон. Фамилијата на кокичињата е нашироко распространета – таа вклучува видови кои виреат во многу различни услови. Некои се распространети во потоплите климатски зони (понекогаш во пустини), но ги има и по влажни предели. Трети цветаат по стопувањето на снеговите на планините. Постојат 75 видови и врсти кокичиња. Фамилијата кокичиња вклучува многугодишни, монокотиледонски, цветни растенија. Најчесто подземниот орган на кокичињата е многу ситен (кокиче) или пак има голема луковица (хипеаструм). Листовите се зелени, а цветовите се со различна големина и ги има доста. Обично се со пријатен и нежен мирис.