Главната причина зошто на Земјата постојат годишни времиња е нејзината оска. Земјината оска е замислена линија која поминува низ половите и формира агол од 23.5 степени во однос на нејзината вертикална орбита околу сонцето и секогаш е насочена во иста насока во текот на целата година. Зраците кои доаѓаат од сонцето, паѓаат под помал агол во споредба со другите подрачја на земјината топка. Кога северната хемисфера е подалеку од сонцето, односно можеме да кажеме дека “бега” од него, тогаш количината на светлината која ја добива е поделена на поголемо подрачје и затоа добива помалку топлина. Така во тоа време на северната хемисфера ке биде зима, а на јужната лето. Истото се случува кога јужната “бега” од сонцето. Па така, во втората половина од годината, таму ке биде зима, а на северната ке биде лето. Затоа, од ова можеме да заклучиме дека сите делови од Земјата примаат различна количина на сончева енергија и затоа постојат годишните времиња. Летната долгоденица е времето кога северната хемисфера е најблиску до сонцето. Тогаш сонцето е на највисоката точка на небото, па затоа му треба повеќе време да го “помине” небото. Тоа е причината зошто најдолгиот ден во годината е некаде околу 21 јуни.
ЛЕТО |
Додека
северниот пол почнува да се повлекува од сонцето, тоа се движи се пониско
(јужно) на небото. Деновите постепено стануваат се пократки и кога ке дојде до
средната точка на “движење” околу 22 септември велиме дека настапила есенска
рамноденица.
ЕСЕН |
Кога
северниот пол ке се најде најдалеку од сонцето, тоа излегува на најниската
(најјужна) точка и затоа небото го “поминува” доста бргу. Тогаш, околу 22
декември го имаме најкраткиот ден и тоа го нарекуваме зимска краткоденица.
ЗИМА |
Кога
северната хемисфера повторно почнува да се приближува кон сонцето, тоа
секојдневно почнува да се крева се повеќе на небото и кога ке ја достигне
средната точка околу 21 март, велиме дека настапила пролетната рамноденица.
ПРОЛЕТ |
Најчеста забуна во врска со годишните времиња е од кога Земјата ке се приближи до сонцето, тогаш е лето, а кога ке се одалечи е зима. Земјата се движи околу сонцето во облик на елипса, а не како совршен круг, но таа елипса многу малку отстапува од кружницата и тоа отстапување нема голем ефект врз годишните времиња.