Упатство за работа на еден училишен проект (долгорочна домашна задача на група ученици – одделението се дели на 4 до 5 групи кои работат на иста тема но на различни проблеми)
1. Избор
на област на делување
инструкции: -Разговарајте
за тоа како би можеле да дадете свој придонес да го намалите загадувањето и
глобалното затоплување на планетата Земја.
-Вашите идеи документирајте ги на оваа страна
со помош на некоја од интерактивните алатки на THINKQUEST.
- Дискутирајте за идеите и одлучете на која
тема ќе работите.
2.
Истражувачки активности:
Собирајте податоци и информации
за областа за која ќе работите. Направете анализа, селекција и класификација на
собраниот материјал. Документирајте го процесот на истражување со прикажување
на селектираните информации.
3. Планирање:
Испланирајте ги активностите,
одредете временска рамка и изгответе план за акција, кој ќе го поставите на
оваа страна со алатката list
4.
Креирање продукт:
Документирајте со фотографии,
текстови, презентации и сл. активностите што сте ги извршиле креирајќи го
производот.
5. Реализација:
Документирајте ја реализацијата
на вашата цел од проектот со фотографии, текстови, презентации
6. Рефлексија:
Впечатоците од реализацијата на
проектот.
Што научивте?
Со какви пречки се сретнавте?
Кои се позитивните страни на
проектот?
Кои членови од тимот биле
најврени и најуспешни?
(Наместо THINKQUEST може да се искористи FACEBOOK)
Нема коментара:
Постави коментар