“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 3. септембар 2016.

ПРОСТА МАШИНА - ЛОСТ


Прости машини се: коса (наведена)  рамнина, тркало, лост, чекрек, клин, навој.

(Во различна литература се среќаваме со различни податоци, како на пример дека постојат пет прости машини, а не шест зошто  клинот всушност е подвижна коса рамнина. Некаде тврдат дека постојат четири прости машини тврдејќи дека сврделот претставува хеликоидална коса рамнина. Некои тврдења велат  дека постојат само две прости машини, бидејќи чекрекот и тркалото може да се сметаат за специјална форма на лостот, така што за нив постојат само лостот и косата рамнина како прости машини.)
Лост претставува секое тврдо тело кое може да се врти околу една неподвижна точка (потпирка) и притоа му дејствуваат две сили кои се стремат да направат спротивни завртувања. Лост е  една од шесте прости машини опишани од ренесансните научници,а  најстар запис за лостот потекнува од III век п.н.е. во списите Архимед.   
Со употреба на мала сила со лостот може да се совладаат големи товари. Лостот се користи за совладување на голема сила при мало растојание на едниот крај со употреба на мала сила на поголемо растојание на другиот крај. 
Растојанието од точката A до точката O се вика крак на силата и се обележува со а, растојанието од точката O до точката B се вика крак на товарот и се обележува со b.
Постојат два вида на лостови: еднострани и двострани.
Ако силата и товарот дејствуваат на иста страна од потпорната точка, тогаш лостот е едностран.
Ако силата и товарот дејствуваат на различна страна од потпорната точка, тогаш лостот е двостран.
Двостраниот лост може да биде рамнокрак и разнокрак.
a) Рамнокрак е ако должините на краците се еднакви. 
б) Разнокрак е ако должините на краците се различни.
Производот од силата и нејзиниот крак (F·a) се вика момент на сила и се обележува со MF
Производот од товарот и неговиот крак (G·b) се вика момент на товарот и се обележува со MG.
MF=F·a
MG=G·b
Лостот може да биде во рамнотежа кога моментот на силата ќе се изедначи со моментот на товарот.
F·a = G·b
Оваа равенка го претставува законот за лостот, односно MF = MG .
F = G · b/ a 
КОЛКУ Е ПОДОЛГ КРАКОТ НА СИЛАТА, ТОЛКУ НИ Е ПОТРЕБНА ПОМАЛА СИЛА ЗА ДА ГО ПОДИГНЕМЕ ТОВАРОТ.