“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

четвртак, 20. јул 2017.

Нибиру или Планетата Х


Толкувач и преведувачот на сумерските таблици, американцот со азербеџанско потекло, Захарија Сичин е роден во Баку (1920-2010), Азербејџан, а пораснал во Палестина.
Се стекнува со знаење на современиот и древниот хебрејски јазик, другите семитски и европски јазици, потоа Стариот Завет, како и историја и археологија на Блискиот Исток. Сичин дипломирал на Универзитетот во Лондон, одел за економска историја. Долги години работел како новинар и уредник во Израел, а живеел и пишувал во Њујорк. Неговите книги се преведувани на повеќе јазици, па дури и на браевото писмо за слепите. Според интерпретацијата на сумерската космологија на Сичин, постои неоткриена планета со долга елиптична орбита, која влегува во нашиот Сончев систем на секои 3600 години. Оваа планета се вика Нибиру (и се поврзува со Мардук во вавилонската космологија). Според Сичин, Нибиру предизвикал катастрофа на древната планета Тиамат, која Сичин ја сместува помеѓу Марс и Јупитер. После тој небесен судир се настанати планетата Земја, астероидниот појас, нашата Месечина како и кометите. Според Сичин, Тиамат после сударот со Нибиру е поделена на два дела: од едниот дел е создаден астероидниот појас, а од другиот дел добил нова орбита и денес тоа е нашата планета Земја. Поддржувачите на теоријата на Сичин велат дека со ова се објаснува чудната географија на Земјата, но исто така и потеклото на Месечината, необично огромниот сателит за вака мала планета, а катастрофалниот судир е пресметано дека се случил пред околу 4,5 милијарди години.
Сичин смета дека планетата Нибиру е дом на технолошки напредна вонземска раса, налик на човекот, наречени Анунаки во сумерскиот мит, за кои Сичин смета дека се споменати и во Библијата каде се наречени Нефилими. Натаму толкувајѓи ги старите сумерски текстови на Енума Елиш, тој вели дека оваа раса за првпат се спуштила на Земјата пред околу 450.000 години во потрага по минерали, посебно злато, што го нашле и го ископувале во Африка. Овие „богови“ работеле самите во својата колонијална експедиција на Земјата, каде после бунтот на работниците од рудниците решиле генетички да го создадат хомо сапиенсот  со мешање на своите вонземски гени со оние на веќе постоечкиот хомо еректус. Целта била да си создадат робови кои бесплатно ќе работат во рудниците. Меѓутоа ова се само можните предпоставки кои тој ги толкувал на свој начин.

Анунаките или ”Небесните Богови” како што ги нарекуваат пред се се представени како чисти хуманоиди со божествени пропорции, прикажани се крилато, што алудира на небесност и боженственост, потоа силно и цврсто мускулно тело, долги бради и брановидни коси, слични на Античките Божества на Хелените, Етрурците, Нордијците, Галите, Словените итн…
Нивните симболи воглавном се Аријски (благородни) заштитни архитипови и обележја, a тоа се: Лавовите, oрлите, како и нивниот спој во грифон (гриваст однсоно крилат лав) и секако свастиката, што алудираат на вселенската, однсно небесената светлинска енергија. Мачката и орелот се главните непријатели на змиите односно рептилните родови. Но сите змии не се со негативен аспект. Така што постојат змии-чувари како што е Ескулаповиот смок, кој е заштитник на здравјето, кој до ден денеска се користи како симбол на медицината, за разликата од смротносните вајперски предатори.


Нибиру или  Планетата Х

Закарија Сичин ја опишува Нибиру според сумерската космологија како 12-та планета. Нибиру е дом на вонземјанска раса наречена Анунаки, екстремно напредна вонземна цивилизација. Истражувачите ја разгледувале можноста за постоење на џиновска планета која има крајно чудна орбита околу сонцето. Во 2008 година јапонските истражувачи објавиле дека според нивните пресметки, би требало да има „неоткриена“ планета на оддалеченосот околу 100 астрономски единици, која е за две третини поголема од Земјата. Овие пресметки ја поддржуваат хипотезата за постоењето на Нибиру или Планетата Х.
До сега можевме да прошитаме многу написи за оваа планета, како што се:
- НАСА идентификувала планета со аномална орбита околу сонцето. Тие ја нарекуваат Планета Х. Вашингтон Пост и други новински агенции пишувале за неа почнувајќи од 1983 година. Според Вашингтон Пост: „Небесно тело, веројатно со големина на џиновската планета Јупитер и кое можеби е доволно близу до Земјата за да биде дел од Сончевиот систем, е откриено во правец на соѕвездието Орион и сѐ што можам да ви кажам е дека не знаеме што е тоа – вели Гери Нојгебауер, главен научник на ИРАС.“
-  Луѓето кои ја поддржуваат теоријата за древните астронаути веруваат дека поклопувањето на трите концепти – планета/орбита/3600 – не може да биде случајност.
-  Р. Харингтон напишал една интересна статија за Астрономски журнал во 1988 година. Харингтон сугерирал дека постои планета која е три или четири пати поголема од змјата, наоѓајќи се на три или четири пати поголема оддалеченост од сонцето отколку Плутон. Според математичките модели, се верувало дека Планетата Х или Нибиру има крајно елипсовидна орбита од 30 степени.
- Името „Нибиру“ потекнува од древните Сумерци, кои некогаш ја населувале древна Месопотамија, земја во денешен Ирак.
- Нибиру се нарекува и Мардук и има екстремна елипсоидна орбита околу сонцето, која се движи во правец на стрелките на часовникот.
- Се верува дека оваа планета потекнува од соѕвездието Орион, минува крај нашата планета и потоа исчезнува во вселената на својот пат околу сонцето.
- Според повеќе древни текстови од Месопотамија, постои силен доказ кој ја поддржува теоријата дека Нибиру има орбитален период од 3600 години. Сумерите бројот 3600 го прикажуваат како голем круг.
- „Шар“, сумерскиот израз за планетата, исто така означува и совршен круг.
- Нибиру е магнетска планета, предизвикувајќи придвижување на нашата планета кога минува крај неа.
- Кога се појавува во близина на Земјата, изгледа како второ сонце.