“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

уторак, 6. октобар 2015.

Мерење на време


Мерење на времето (t)

Една од основните физички величини што ја мериме е времето.
Поаѓањето на возот од една станица и пристигнувањето на друга станица се временски моменти, а времето што изминало од поаѓањето до пристигнувањето на возот е временски интервал.
Секоја природна појава има траење, свој почеток и крај, односно се случува во одределн временски интервал.
Основна единица за мерење на време во SI е секунда (s).
1 секунда, риближно е еднаква на  86 400 – от дел од еден среден сончев ден.
Времето го мериме со разни видови часовници.
За точно мерење и мерење на мали временски интервали се користи хронометар (штоперка).
Покрај обичните механички хронометри, на спортски натпревари, во научни лаборатории и секаде каде што е потребно многу точно мерење на времето, се користат електронски хронометри.
Поголеми единици мерки од  секунда:
минута           1min = 60 s
час                  1h = 60 min = 60 • 60 s = 3 600 s
ден                  1d = 24 • 60 min = 24 • 3 600 s = 86 400 s
Помали единици мерки од секунда:
милисекунда              1 ms = 0,001 s
микросекунда            1 μs = 0,000001 s 

Еволуција на часовникот

Една кинеска легенда зборува дека пред 3000 години пред нашата ера двајца кинески астрономи од тоа време биле осудени на смрт затоа што пропуштиле да го предвидат затемнувањето на сонцето. Низ историјата, многу народи и држави, својата историја ја означувале по времето на владеење на некои свои владетели или некој важен настан во нивната историја. Римјаните времето го сметале од основањето на нивниот град. Менувањето на годишните времиња и природните појави за определување на времето, за сите народи имало подеднакво значење и користејќи ги нив успеале да направат календари за подолги временски периоди кои служеле во практични цели, а најмногу во земјоделството. Некои од тие календари биле многу сложени, а други многу едноставни и точни. Во времето на Аристотел времето било толкувано и сфаќано како мера или функција на движењата и промените што настануваат во природата. Подоцна, во 17 век, во времето на ренесансата, толкувањето за времето претрпува измени. Сега тоа е сфаќано како универзална димензија спрема која можат да се мерат другите величини.
Англискиот физичар, астроном и математичар, Исак Њутн дал класична формулација за времето според која тоа е – апсолутно, реално и математичко време, по себе и по сопствената природа тече рамномерно, без никаква врска со било што надворешно – Од оваа концепција произлегло, времето да се сфати како идеален и апсолутен стандард, кој овозможува да се определи брзината и забрзувањето кај движењата, времетраењето на некоја појава и др. Постои само една стандардна мера за времето, во целата Вселена. Уште од самите почетоци во проучувањето на времето и неговото толкување се наметнува потребата за неговото мерење. Првиот и наједноставен часовник бил Сонцето. Колку повеќе Сонцето се издига над хоризонтот толку повеќе се доближува пладне, а колку пониско се спушта над хоризонтот толку повеќе се доближува ноќта. Пред повеќе од 3000 години, египетските астрономи времето во денот го определувале по должината на сенката на некое дрвено стапче наречено гномона.


        Вавилонците гномоната ја наместувале на полукружна плоча или полутопка на која биле нацртани кружни линии. Ваков часовник не требало да се навива. Тој можел да се користи само дење, кога има сончева светлина.
Старогрчкиот филозоф Платон направил воден часовник наречен клепсидра. 

         Клепсидрата претставува инка, наполнета со вода која истекува полека, во капки, а поделците нацртани на инката покажувале колку е часот. Денот и ноќта траеле 24 часа, но нивната должина не била еднаква. Денот започнувал со изгрејцонце, а завршувал на зајдисонце. Во лето часовите биле подолги, а во зима пократки.
Пред 800 години, во Европа се појавил првиот часовник со тркалезен механизам. Тој имал само една стрелка која ги покажувала само часовите. Во 1714 година англискиот парламент распишал награда за изработка на точен часовник кој нема да греши повеќе од четири минути за време од шест недели, колку што траело патувањето со брод од Англија до Америка. Таков часовник направил Англичанецот Џон Харисон и му додал и втора стрелка, која ги покажува минутите. Во 1760 год. На часовникот му е додадена и трета стрелка, која ги покажува секундите. Денес Часовниците се многу усовршени и со голема точност можат да го мерат времето, не само минутите и секундите, туку и илјадити делови од секундата.


Во денешно време многу употребувани се дигиталните часовници, но најпрецизен часовник во светот е атомскиот часовник. Тој не зависи од движењето на земјата, туку го мери времето според осцилациите на атомот на цезиум – елементот според кој се мери стандардното атомско време. Сите атомски часовници се сихронизираат со помош на радио – сигнали со часовникот на НАСА. Исто така овие часовници не треба да се ресетираат кога се преминува часовна зона или кога се променува летното сметање на времето. 
Најновите измени на атомскиот часовник од стронциум, кој го постигна рекордот за најпрецизниот часовник на светот, постигнаа ниво на точност и стабилност што сега значи дека часовникот нема да добие ниту изгуби ниту една секунда во текот на 15 милиони години - колку што отприлика е стар универзумот, велат научниците.




Нема коментара:

Постави коментар