Планинарски
дом Караџица, се наоѓа на 1455 m надморска височина и до
него може да се дојде на неколку начини и од неколку правци. Со возило по патот
од Драчево кон селата Долно Количани - Горно Количани - Црвена Вода – Преслап -
викенд населбата Мала Река - селото Алдинци – домот Караџица. Од Драчево до домот Караџица има 38 km
колски пат. Следна можност
за пристигнување со теренско возило е од велешка страна, односно преку селата
во општина Чашка – Лисиче – Дреново -
Долно
Јаболчиште - Горно Јаболчиште -
Дом
Караџица. Планинарски
патеки за пристигнување пеш до домот Караџица се: (скопско) Преслап - Кадина Река
– село Алдинци - Караџица ( 2,5 h пешачење), село
Цветово - Дом Караџица (околу 3,5 h
пешачење ), село Патишка Река - Салакови Езера –
Планинарски дом Караџица (8 h пешачење),
село Црн Врв - Салакови Езера – Планинарски дом Караџица (6 h
пешачење), (велешко) од Планинарски дом Чеплес -
Солунска
Глава – Планинарски дом Караџица (6 h пешачење). Во
близина на планинарскиот дом Караџица се наоѓаат неколку археолошки локалитети и тоа: “Кале”
на вливот на Јуручка во Кадина Река, Алдинци, влашки колиби на Салакова
Планина, Драчевски рид, селото Црн Врв и други. Околината
на домот е богата и со разни шумски плодови, габи, чаеви, шумски јагоди,
боровинки, капини, малини и др.
Домот има
капацитет од 15 соби со 65 кревети, кујна опремена со пристојни елементи
и прибори,
фрижидери, ормани за храна, туш кабини, ТВ со сателитски канали, салон со
капацитет од 40 столчиња.
Во
непосредна близина на домот има повеќе поголеми планински реки и потоци кој се
погодни за риболов. Поголеми и позначајни реки се Кадина Река, Салаковска Река,
Алијагица, Јуручка Река и Мала Река.
Погодни
релации за off roud и mount biking се Планинарски дом Караџица - Солунска
Глава, Планинарски дом Караџица – село Горно Јаболчиште, Планинарски дом Караџица
- Салаковски Езера и др.
ЈАКУПИЦА
Јакупица
или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од
повеќе планински делови: Даутица, Голешница, Караџица, Китка и Осој. Највисок и
најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2540 метри. Планинскиот масив е
настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од
кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници
и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку
циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и
фауна, пасишта, извори – врела богати со чиста вода за пиење.
👏👏👏Одлично напишано и објаснето
ОдговориИзбриши