“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.
понедељак, 21. новембар 2016.
Крсте Петков Мисирков
Македонски филолог, кодификатор на
македонскиот литературен јазик и правопис, историчар, етнограф,
аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, идеолог за
единство на македонскиот народ со интелегенцијата, а воедно и за
единство со комитетот, од што произлегла самостојноста на Македонија,
собирач и проучувач на македонското народно творештво.
Д-р Крсте Петков Мисирков роден на 18 ноември 1874 во Постол, Егејска Македонија а умрел на 26 јули 1926 во Софија. Тој е и автор на првото списание на
современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во
македонските научно-литературни и национално-политички друштва во
Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК и личност
на македонскиот 20 век.Мисирков е автор на книгата „За
македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии
објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал
и со превод на литературни дела и собирање на народни творби…….
Потсетување на циклусот “Цутови на мисирковото дело во светот и дома”
Во овој циклус изработивме многу
портрети на слависти, македонисти, афирматори на македонскиот јазик
надвор од границите на Македонија.
Нема коментара:
Постави коментар