27 јули според стариот (или на 9 август според новиот)
календар - Свети Пантелејмон –
празник на сите лекари
Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите
исцелители што лечеле со Божја помош. Роден е во Никомидија во областа
Витанија во Мала Азија. Најпрвин се викал Пантелеон, што значи „лав во сè”, а
подоцна бил наречен Пантелејмон што значи „семилостив”. Татко му бил паганин, а
мајка му христијанка, која што од мал го воспитувала во христијански дух. Но
таа умрела додека тој бил мал, а татко му го дал да го изучува лекарскиот
занает кај познатиот лекар Евстрогиј кој го лекувал и царското семејство. Така
младиот Пантелејмон се стекнал со симпатии и од царот Максимилијан кој од
учителот барал да не го жали трудот кога се работи за образованието на младиот
ученик. Така Пантелејмон со многу желба од своја страна, но и со внимание од
страна на познатиот лекар го изучувал лекарскиот занает, се стекнал со многу
симпатии и од пошироката средина и бргу напредувал во медицинските науки. Свети
Пантелејмон бил многу популарен лекар што лечел од разни телесни и душевни
болести. Лечел бесплатно. Особено внимателно ги лекувал христијаните што имале
рани од мачењето. Поради завист од лекарите бил наклеветен кај царот и бил
погубен во родното место
Никомидија на 27 јули според стариот (или на 9 август според новиот) календар
во 305 година. На Света Гора има голем манастир посветен на свети Пантелејмон
во кој според преданието се наоѓаат дел од моштите на светецот. Во Македонија
има поголем број цркви и манастири посветени на свети Пантелејмон како на пр.
во Нерези, Скопско, во Велес, Кочани, Штипско и други. Во Велес се празнува
овој празник во чест на заштитникот на градот – Свети Пантелејмон. Бидејќи
Свети Пантелејмон бил лекар, се смета дека 27 јули според стариот (или на 9
август според новиот) календар е празник и на лекарите. Верниците веруваат дека ако тој
ден се помолат на Свети Пантелејмон во неговите храмови тоа ке им донесе
здравје за целата година
Нема коментара:
Постави коментар