“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

понедељак, 12. август 2013.

СТАР ПРЕДЛОГ - ЕКО правилник



ОУ ,,Димитар Миладинов”– Општина Центар Скопје



Вовед: 
Препознатливи сме по проектотите  од областа на екологија, поточно по повекегодишните проектни активности во кои учествуваме во периодот од 1998 до 2011 год. Онаа што го започнале нашите претходници ние го продолживме и се гордееме со стореното. Веќе 13 години сме ГЛОБЕ училиште, 3 години ЕНО училиште, 2 години АРМАЛОВО училиште, 4 години ЕКО училиште,  а завршивме и многу наши Еко проекти предводени од нашите екологисти чии маскоти се Шарко и Жапко. Се обидуваме да го решиме проблемот на глобалното  затоплување и климатските промени и да оставиме убави спомени на Земјата. 
Цели на проектот: 
- Сакаме на сите жители на нашиот град да им ја наметнеме грижата  за  нашата планета; 
- Сакаме да не подржат сите училишта ширум светот и да влијаат на  жителите во своите земји; 
- Сакаме да живееме во почиста и позелена средина. 
- Сакаме целосно да се исфрлаат од употреба најлонските ќеси; 
- Сакаме целосно да се отстранат пластичните шишиња; 
- Не сакаме диви депонии; 
- Сакаме секое празно место да биде засадено со дрво или цвет. 
Како ќе дојдеме до саканата цел: 
- Ќе направивме повеќе истражувања. Најинтересниот начин на прибирање на значајни информации е од најмалите соученици. Ќе  им одржиме неколку работилници (ќе изработиме играчки и честитки од отпад), ќе  им дадеме задача да набљудуваат и да не известуваат, како се однесуваат возрасните во нивното семејство: 
Кога одат да купуваат, дали носат платнени торби? 
Како ги мијат рацете? 
Дали се тушираат или ја полнат  кадата при бањање? 
Какви светилки користат? 
Истражување во однос на историјата на нашиот проект: 
13 години успешно го спроведуваме меѓународниот проект „GLOBE“ (глобално учење и набљудување во корист на животната средина), 3 години „ENO“ ( околина на линија), 2 години„ARMAL“ - заштита на питката вода во училиштето и многу други училишни проекти како што се: "Македонија – ризница на здава храна"; „Вреди да се штеди“; „ Кажи да, да за животот“; „Одржување на личната хигиена“; „Светилки за оние без светлина“, „Како јас да придонесам  да се намали загадувањето и глобалното затоплување на планетата Земја „ и др. 
Сите ги почувствувавме придобивките од секоја проектна активност. Податоците од „ГЛОБЕ“ ги користиме во редовната настава по физика за натпреварите по метеорологија (2009 год. Освоивме II награда на државниот натпревар – Теа Спасовска, 2010 год. IV награда  – Емилија Лазаровска). 
Со „ЕНО“ создадовме пријатели низ целиот свет. Со нив досега засадивме повеќе од  50 000 дрвца, ги направивме првите кампањи против климатските промени, научивме многу за животната средина, истите знаења ги користевме за натпреварите по екологија (2009 год. III награда на регионален натпревар– Вера Трајчева, 2010 год.  III награда - Ангела Трајковска) 
Од „АРМАЛ“ Мариборската леарница добивме 15 чешми – за проектот „Заштита на водите“. 
За сработеното секоја година во училиштето донесуваме многу сертификати и  дипломи. 
Каква беше ситуацијата на самиот почеток од проектната активност? 
Ситуацијата на нашите почетоци е помалку интересна од почетоците  на  нашите претходници. Како што раскажуваат, редовно ги мереле температурите на воздухот и почвата, влажноста на воздухот, облачност, но немале интернет и не можеле редовно да ги праќаат податоците. Оделе во интернет кафулиња, и по разни претпријатија молеле да им се дозволи да ги испратат податоците. Кога ја собирале пластиката и отпад по дворовите им се смееле врсниците. На нас тоа не ни се случува. Имаме интернет дома и никој не ни се смее за нашата работа. Често не пофалуваат, но ние сакаме да ни се придружат. 
Сакаме поголема поддршка од возрасните. 
Ние сме мали и тешко можеме да заинтересираме некого. Можеби грешиме, но мислиме дека сепак не забележуваат и им служиме како извор на идеи. Горди сме на тоа што ги поттикнуваме возрасните да се грижат за нашата планета , така ќе се исполнат и нашите цели. 
ГЛАВЕН ДЕЛ: 
Се обидовме да ги разработиме и комплетираме седумте фази за внесување на Еко програмата во училишни рамки и континуирано и постапно да ја менуваме свеста за заштита на животната средина, како и подигнување на нивото на свесно размислување за значењето кое го има животот во чиста и еколошки здрава животна средина и околина, но ова се само дел од пропишаните цели за заштитата на животната средина, нејзиното чување и одржување за придобивки не само на вработените и учениците во ОУ,,Димитар Миладинов,,  Општина Центар Скопје, туку и на сите оние кои се во постојан посреден или непосреден допир со нашето училиште. 
Со почетокот на учебната 2011/2012 година, училиштето ќе треба да помине низ седумте Еко фази и тоа: 
1. Формирање на Еко Одбор; 
2. Анализа на состојбата на животната средина; 
3. План на активности; 
4. Следење и евалвација на напредокот; 
5. Поврзување на животната средина со наставната програма; 
6. Информирање на пошироката јавност за нашата работа. 
7. Дополнување на постоечкиот Еко кодекс. 
На почетокот на учебната година ќе се започне со Фаза 1 и тоа:
 1. Формирање на Еко Одбор 
Еко Одборот ќе биде  составен од наставници, ученици, помошниот пресонал, хаусмајсторот и заинтересирани родители преку анкети, прашалници и разни алатки за да може да се идентификуваат вистинските членови на Еко Одборот за да може да дејствуваат како тим да соработуваат; и истиот мора да биде хетероген. 
Целокупната работа ќе ја  координираат наставниците: __________..... од кои  ќе се избере координатор на програмата и  претседател на Еко – одборот . 
Еко одборот е суштината на целокупната методологија, затоа што од него ќе зависи целокупната понатамошна реализација на сите останати фази од Еко програмата. Истиот ќе поминува заедно низ сите фази, детално ќе ги разработува и комплетира и исто така будно ќе ја следи тековната состојба во сите сфери и аспекти за заштита на животната средина. Еко Одборот ќе се придржува кон пропишаните Еко стандарди и тоа: 
• Заштеда на електрична енергија, 
• Заштеда на вода, 
• Оддржување на училишната зграда, здрава средина во училиштето и надвор од училиштето, 
• Уредување на училишниот двор. 
Во понатамошната своја работа Еко Одборот ќе треба да се насочи преку својата работа на еден или повеќе од пропишаните Еко стандарди, за кој смета дека се најакутени и  ќе бара истите итно да се решат, но истовремено ќе води грижа и за сите останати аспекти од останатите пропишани Еко стандарди. Отакако ќе се помине низ седумте фази во текот на целокупната учебна година; на крај ќе треба да се доработи Еко кодекс како 7 ма фаза. Еко кодекс ќе биде официјален пропишан документ кон кој сите ќе се раководат и почитуваат,се до изработката на нов Еко кодекс.  Еко Одборот својата работа ќе ја води преку работа на терен – во и околу училиштето, а недостатоците, резултатите и целокупните согледувања ќе ги презентира  на состаноци со активно водење на записници. 
Откако ќе биде формиран Еко Одборот и откако ќе се дефинираат целите, очекувањата и задачите што ќе треба понатаму да се имплементираат, се преминува на Фаза 2: 
2. Анализа на состојбата на животната средина 
Еко Одборот ќе треба најпрвин да ги разгледа и утврди пропишаните Еко стандарди по кои и ќе работи и понатаму. Методологијата на Фаза 2 во случајов ќе се одвива со конкретно согледување  и регистирање на посточеката состојба по соодветните области и писмено забележување на недостатоците преку кои ќе произлезе Фаза 3- План на активностите. Покрај тоа што  ќе се согледуваат состојбите, Еко Одборот, тимски, ќе ја  согледа тековната состојба, а училиштето на Еко планот самото ќе си направи самоевалвација и ќе ги утврди своите приоритети и одлучи на кој Еко стандард понатаму ќе работи како негова главна стратешка цел. Од анализата на состојбата на животната средина, на самоевалвацијата произлегува Фаза 3 
3. План на активности 
Планот на активности произлегува од анализата на состојбата и  Еко одборот ќе треба да ги зацрта и дефинира идните приоритети коишто ќе треба да се сработат во иднина. По однос на одржување на конструктивнио состаноци Еко Одборот ќе има јасна задача да ги постави идните задачи што ќе треба да се остварат и да го  состави идниот план на активности. 
Во планот на активности ќе треба да се дефинираат задачите за секој Еко стандард. Се избира еден или повеќе Еко стандарди за кои Еко одборот смета дека треба да се работат и на нив се дефинираат задачите и развојните цели. Откако ќе биде утврден планот на активности, се оди на реализација на четвртата фаза и тоа: 
4. Следење и евалвација на напредокот 
Оваа фаза е доста карактеристична со тоа што истата се спроведува тековно, постојано и континуирано затоа што Еко Одборот во оваа фаза има мониторинг функција за да будно ја следи состојбата и напредокот; дали активностите од Планот за активности се реализираат; како оди работата; дали се добиваат очекуваните резултати; дали има напредок; позитивна промена и прогрес. Сите коментари на тековното согледување на состојбата се преточуваат во своевидни записи и се формираат т.н Еко патроли на ученици коишто одат во и околу училиштето и ја следат состојбата на поставените Еко стандарди. Посебен акцент се става на избраниот Еко стандард. Четвртата фаза не завршува тука- таа е долгорочна и води кон одржливост на целиот проект. 
Понатаму, се преминува на Фаза 5. 
5. Поврзување на заштитата на животната средина во сите видови на наставни предмети 
Оваа фаза е започната уште од почетокот, затоа што на сите наставници им беше дадена задача пред завршувањето на минатата учебна 2010/2011 год. да во нивните годишни глобални, тематски процесни и дневни планирања да ја вметнат заштитата на животната средина секој во својот предмет поединечно и со тоа да најдат одредени поврзувања на животната средина со предметот кој го предваат- и во одделенска и во предметна наства- без разлика дали се работио за природна, општествена или уметничка група на предмети. Со ова секој наставник е задолжен во реализацијата на наставните единици, нормално, онаму кадешто е возможно, да изврши или предавања или конкретни нагледни часови во природа според своето поврзување што си го направил по однос на својот наставен предмет. И фаза 5 се спроведува тековно – во текот на целата учебна година и откако истата ќе биде реализирана се преминува на Фаза 6. 
6. Информирање на пошироката јавност со работата на Еко клубот 
Оваа фаза е исто така многу важна, затоа што Еко програмата не останува само во училиштни рамки, туку и пошироката заедница ќе има можност да се запознае со Еко активностите и истата може активно  да се вклучи во ширење на идејата за придржување кон воспоставените Еко стандарди. Нашето училиште, врши информирање на пошироката јавност со својата целокупна работа преку својот блог http://aidafizika.blogspot.com/  (КЕ ОТВОРАМ УЧИЛИШЕН). 
7. Дополнување на Еко кодекс: 
Еко-стандард 1. 
Изјава: Заштеда на енергија. 
Полиса:Рационално користење на електрична и топлинска енергија. 
Цели: Намалување на потрошувачката на енергија за 10% во период од 01. септември до 10 . јуни во споредба на претходната година.

Точка на акција
Предмет
Содржина
Одд.
Време на реализација
1.Топлинска
  Изолација


2.Истакнување на   упатство за
рационално 
користење на електрична и  топлинска енергија

3. Избор на одговорни лица согласно бројот на паралелки

4.  Формирање на еко –  патроли- вклучени  во реализација на
точките на акција
физика



физика






ученичка заедница




ученичка заедница
 Изработка макети на куќи, облека, термос

ЕНЕРГИЈА






одделенски час




одделенски час


7



7






5 – 8 одд





5 – 8 одд







Еко-стандард 2.
Изјава: Заштеда на вода.
Полиса: Рационално користење на водата во училиштето.
Цели: Намалување на потрошувачката на вода.

Точка на акција
Предмет
Содржина
Одд.
Време на реализација
1.Анализа на состојбата на инсталацијата


2. Истакнување на упатства за рационално користење на водата

3.  Назначување на одговорни лица согласно бројот на паралелки и смени во училиштето

4.  Формирање на еко – патроли- вклучени во реализација на точките на акција

5. Учество на конкурсот АРМАЛ
македонски јазик



ликовно
македонски јазик



Час на одд. заедница




Час на одд. Заедница




Ученичка заедница
Изразување и творење- Пишување извештај за грижата во тоалетот

Значење на водата во природата
Изразување и творење составување пораки „ Штеди вода“

Заштита на планетата Земја- работилница – Вода



Тимска работа





Планирање на конкурсен проект
5 – 8 одд.




5 – 8 одд.





5 – 8





5 – 8





1     - 8



Еко - стандард 3.
Изјава: Одржување на зградата и здравата средина во и надвр од училиштето.
Полиса: Здрава и чиста внатрешна средина за учење и работење.
Цели: Обезбедување на здрави услови за работење и  престој во училиштето.
Точка на акција
Предмет
Содржина
Одд.
Време на реализација
1.Ослободување на непотребните  предмети од  зградата

2. Разубавување на ходниците канцелариите и училниците со цвеќе

3 Истакнување на упатства за чистење на зградата и здравата средина во училиштето

4. Формирање на еко- патроли вклучени во реализација на точките на акција

5. Кампања против климатските промени
ФЗО




биологија





ликовно, македонски јазик



ученичка заедница




час на одд. заедница
Животот во заедницата ( училиштето)


растенија





творење





тимска работа





тимска работа
7 и 8




6 одд.





1 – 8





1 – 8





1 - 8


Еко-стандард 4.
Изјава: Уредување на еколошки двор.
Полиса: Уреден и функционален двор кој е во согласност со потребите за заштита на животната средина.
Цели: Функционален уреден според сите еколошки параметри на начин на кој максимално ќе користи за потребите на сите кои престојуваат во училиштето.


Точка на акција
Предмет
Содржина
Одд.
Време на реализација
1 Отстранување на непотребните и нефункционални предмети од дворот

2.Поставување и означување на корпи за органско ѓубре за хартија и пластика

3. Редовно чистење во дворот




4. Истакнување на упатства за чистење во дворот

5. Формирање на еко – патроли- вклучени во реализација на точките на акција
ФЗО




Биологија,
Природа
Техничко


биологија, техничко




македонски, ликовно


одделенски час

 Тимска работа и соработка со комуналец


соработка со
комуналец и општина


Примена на различни материјали
изработка на корпи за отпадоци
творење



тимска работа
5 – 8




8




5 – 8





1 – 8



5 - 8


ЗАВРШЕН ДЕЛ:
ПРИМЕР НА ПЛАН ЗА РАБОТА ВО УЧЕБНАТА 2011/2012 НА ЕДЕН НАСТАВНИК


содржина
активност
Време на реализација


проект - ГЛОБЕ
~ Секојдневно мерење на температурата на воздухот  (минимална, максимална, моментална), влажноста на воздухот, облачност, температура на почва, врнежи и внесување на податоци.
~ Квартални анализи на измерените вредности и подготовки за натпревар од областа на метеорологија и екологија.


Септември - јуни
ЕНО ден за садење дрвја,   Ден на мирот,
Кампања против климатските промени
~ Бирање локации за садење дрвја, изготвување говор за настанот, садење и негување на засадените садници.


21 септември
ЕКО - календар
~ Обработка на фотографии, уредување текст, селектирање на позначајни датуми за нашиот календар.
октомври, ноември
проект - Миење раце
~ Демонстрирање на правилно миење на раце (работилница со помалите ученици).
Октомври - ноември
Македонски ден на дрвото
Садење дрвја
ноември
Изработка на маски – ШАРКО и ЖАБКО, постери, страничници, флаери
~ Изработка на маски, слики, постери, публикации, презентации, работа во Photoshop, Power Point, Publisher, Movie Maker.


ноември
Како јас придонесувам да се намали загадувањети и глобалното затоплување на планетата Земја


Избор на најуспешни маски, слики, постери



декември
Кампања против климатски промени
 Шарко и Жапко  го спасуваат светот
Февруари 2011
Денот на водите
Манифестации – Како да ја зачуваме водата за пиење
март
Македонски ден на дрвото
Садење дрвја
март
Ден на планетата Земја
Акции: чистење на училишните кабинети и училишниот двор
април
Ден на Европа
Приредба на плоштад
април

ЕНО – Ден за садење дрвја
 Бирање локации за садење дрвја, изготвување говор за настанот, садење и негување на засадените садници.
  
мај
Сите акции и кампањи што ќе ги организира нашата Општина Центар, градот Скопје и државата Македонија
Ќе ги следиме инструкциите што ќе ги добиеме од надлежните


Од септември 2010 до јуни 2011

План за работа за една од проектните активности - ШАРКО И ЖАПКО ГО СПАСУВААТ СВЕТОТ – прв дел (од ДЕКЕМВРИ до ФЕВРУАРИ)

1. Распишвање конкурс за постер, маска, парола, есеј,  флаер, брошурка.
декември
2. Изработка на постер, маска, парола, есеј, флаер,  брошурка.
декември и јануари
3. Избор на најубава постер, маска, парола, есеј, флаер,  брошурка.
февруари
4. Изработка на пропаганден материјал за кампањата
февруари
5. Ивестување на јавноста, нашата општина, министерство за образование, министерство за
    екологија, медиумите, ...
февруари
6. Праќање покани до другите училишта да ни се придружат.
февруари
7. Пријавување во МВР
февруари
8. Одржување кампања
февруари
9. Средување впечатоици и заклучоци
март
10. Изработка на развојно проектно портфолио
декември до април
11. Оцена, мнение
мај
12. Публикување
мај

Докази за досега превземени активности:










На  приложените линкови можете да видите:
- Внесовме  околу 10000 податоци на ГЛОБЕ,
- Освоивме награда за труд на тема ГЛОБАЛНО ЗАТОПЛУВАЊЕ – 2009 и 2010,
- Редовно учествуваме на ЕКО конкурси и освојуваме награди,
- Освоивме награди за трудовите на теми од ЕКОЛОГИЈА во 2009 и 2010,
- Освоивме награда во конструкторство 2010 (Теслин трансформатор од отпадоци),
- Изработивме еколошка машина која пренесува енергија,
- Направивме ЕКО календар,
- Садевме дрвја заедно со 150 земји од светот,
- Организиравме неколку кампањи против климатски промени,
- Изработувавме еколошки весници и др.
Наши досегашни резултати:
 Научивме да организираме ефектна ЕКО – кампања,
Научивме да изработиме еко – постер, еко – маска, еко – флаер, еко – парола,  еко – порака и друг пропаганден материјал за подигнување на еколошка свест.;
Ја запонаваме пошироката јавност со наши проекти.
Засадивме многу дрвја.
Исчистивме многу депонии.
Учиме да соработуваме со локалната самоуправа и медумите;
Ги учиме возрасните да ја почитуваат нашата планета, да направат секој ден да биде Ден на планетата Земја и да ни ја остават во наследство здрава  богата со плодна почва и изобилство вода за пиење.   
Како досега го меревме нашиот успех:
По квалитетот на трудовите со кои учествуваме на разни натпревари и добро се пласираме, по заклучоците до кои доаѓаме со нашите истражувања, а подоцна биле потврдени од некои научни институции, по количествата на собраните пластични шишиња, по бројот на засадените дрвца . . .



Нема коментара:

Постави коментар