Оперативен план за
наставен час по физика за VIII одделение
датаум
наставник: ____________
училиште: ____________
|
||
Наставна тема:
|
I тема: Електрични и магнетни појави
|
|
Наставна
содржинa:
|
1.2. Електрични полнежи и нивно заемно дејство
|
|
Цели
на часот:
|
- Развивање интерес кон експериментирање;
-
Усвојување нови поими: електричество, електризирање, електпоскоп, инфлуенца;
-
Поттикнување на самостојност во анализирање, набљудување и мислење;
-
Да разберат што е електризирање, на колку начини може да се наелектризира едно
тело, како взаемно дејствуваат наелектризираните тела и др;
|
|
Услови
за работа:
|
- Училница во која клупите се наместени за
работа во групи;
- Учебник,
функционален картон, хартиени ливчиња, ебонитна прачка, стаклена прачка,
волнена крпа, свилена крпа, сталак, конец, линијари, тетратки, моливи, работна
тетратка или наставно ливче, компјутер, проектор;
-
Учениците активно да комуницираат меѓу себе;
- Се
здобиваатсо знаења преку непосредна ангажираност;
-
Атмосфера на почитување на соговорникот со различно мислење и сослушување;
|
|
Следење, проверување и оценување на
постигнувањата на учениците:
|
- Следење на работата на секој ученик;
-
Проверка на сработеното;
-
Оценување на работата на секоја група;
-
Наставно ливче;
-
Евидентен лист.
|
|
Организација и
активности на часот:
|
||
Фази на часот:
|
Наставник:
|
Ученик:
|
воведен
дел:
главен дел:
завршен
дел:
|
Обезбедува материјал за работа, функционален
картон, наставно ливче, евидентен лист.
-
Кусо повторување за структура на атомот;
-
Дава упатство за работа;
- Надгледува и помага на учениците да преку функционалниот
картон,
учебникот и приборот за работа ја разберат новата
наставна содржина, одговора на прашањата и поттикнува учениците
да поставуват прашања;
-
Наставното ливче со кое се открива степенот на усвоеноста на градивото;
-
Напомнува дека по секоја обработена наставна содржина, прашањата и
задачите
од учебникот им се за домашна работа.
|
-
Активно учествува во одговорањето
на
поставените прашања за структурата на атомот;
- Експериментира, активно соработува
во групата, ги извршува барањата од функционалниот картон,
прашува, донесува заклучоци;
-
се консултира со учениците од групата
за
исправноста на дадените одговори на прашањата од наставното ливче;
-
Одговорените ливчиња ги остава во својата папка доколку не
одговорал во тетратка, употребениот прибор го враќа на соодветно место.
|
Предлог:
Функционален картон:
Задача
1.
На
клупа исечкај малку ситни хартивчиња.
Од
твојата коса или блуза истриј го линијарот или чешелот и доближи го до
хартивчињата.
Што
забележуваш? Објасни ја оваа појава!
Задача
2.
На
сталак обеси 2 топченца од станиол или 2 цилиндерчиња од тенка хартија на
извесно растојание.
Протриј
ја поливинилската прачка со волнена крпа и допри ги двете топченца. Што
забележуваш?
Истото
повтори го со тоа што едно топченце ќе го допреш со поливинилна прачка истриена
со волнена крпа, а другото топченце ќе го допреш со стаклена прачка истриена со
свилена крпа.
Што
забележуваш?
Објасни
ги овие појави!
Задача
3.
Одговори
на следниве прашања:
1.
Дали во негативно наелектризирано тело има позитивен
електрицитет?
2.
Каква трансформација (претворање) на енергијата настанува
при електризирање на прачка со триење?
3.
При чистење на алишта обично прашинките се прилепуваат за
ткаенината. Објасни ја појавата.
Наставно ливче:
Одговори на поставените прашања:
1.
На колку начини може да се наелектризира едно тело? Објасни!
2.
Колку видови електрицитет постојат? Објасни!
3.
Од што се состои атомот?
4.
Каде се наоѓа позитивниот, а каде негативниот електрицитет во атомот?
5.
Како взаемно си дејствуваат разноимените, а како истоимените електрицитети?
6.
Дали има електрични полнежи во ненаелектризираните тела? Објасни!
Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:
Нема коментара:
Постави коментар