Оперативен план за
наставен час по физика за VIII одделение
дата:
наставник:
____________________________
училиште:
_____________________________
|
||
Наставна тема:
|
1.
Електрични и магнетни
појави
|
|
Наставна
содржинa:
|
1.12. Електричен отпор
|
|
Цели
на часот:
|
- Дефинирање на физичката величина –
електричен отпор;
-
Објаснување на зависноста на електричниот отпор;
-
Да се разбере врската помеѓу јачината, напонот и отпорот – Омов закон;
-
Да се применува наученото во секојдневието.
|
|
Услови
за работа:
|
- Училница во која клупите се наместени за
работа во групи;
- Учебник,
тетратка, молив, функционален картон, наставно
ливче, извори на струја, проводници од разни метали, со разни должини и различни напречни пресеци, отпорник со
познат отпор, светилки, прекинувачи, волтметар, амперметар, компјутер, проектор и др.
|
|
Следење, проверување и оценување на
постигнувањата на учениците:
|
- Следење на работата на секој ученик;
-
Оценување на работата на секоја група;
-
Наставно ливче;
-
Евидентен лист.
|
|
Организација и активности на часот:
|
||
Фази на часот:
|
Наставник:
|
Ученик:
|
воведен
дел:
главен дел:
завршен
дел:
|
Обезбедува материјал за работа, функционален картон,
наставно ливче.
-
Поставува прашања на тема јачина на
електрична струја и електричен напон;
-
Дава упатства за работа.
- Функционален
картон;
- Ја следи работата
на групите, помага, објаснува.
-
Наставно ливче;
-
Објаснува доколку има нешто нејасно.
|
-
Одговара на поставените прашања,
бележи, се консултира со групата.
- Одговара на
барањата од функционален картон,
експериментира, соработу
ва вогрупата, донесува заклучоци.
-
Ги решава задачите од наставното ливче, соработува со групата, прашува доколку
има нешто нејасно.
|
Функционален картон
Задача 1.
Потребно: 3
проводници (жици) од бакар со иста должина но со различен напречен пресек, 3
проводници од различен материјал со иста должина и ист напречен пресек, 3
проводници од ист материјал со различна должина и ист напречен пресек, веќе
изработениот електричен струен круг.
-
Според
дадената шема од учебникот страна 19 состави струен круг и менувај ги
проводниците од различни материјали со иста должина и ист напречен пресек.
Измери ја јачината на струјата низ секој од проводниците. Што забележуваш?
-
Повтори
ја вежбата но сега мери ја јачината на струјата низ проводници од ист
материјал,ист напречен пресек но различна должина. Што забележуваш?
-
Во
истиот електричен струен круг поврзувај ги проводниците од ист материјал, иста
должина но различен напречен пресек и мери ја јачината на струјата. Што
забележуваш?
а) Од направените
експерименти изведи заклучок и образложи го.
б) Запиши ја
математички зависноста на на електричниот отпор (R) од должината (l),
напречниот пресек (S) и својствата на супстанцијата од која е направен:
_________.....
Задача 2.
Потребно: батерии,
амперметар, волтметар, отпорник со познат отпор, проводници.
- Состави електричен
струен круг како на сликата од учебникот на страна 20. Затвори го струјниот круг
и забележи ги вредностите што ги покажуваат амперметарот и волтметарот.
- Во истиот
електричен струен круг врзи сериски уште една таква батерија. Што сега покажува
амперметарот? Што заклучуваш?
Задача 3.
Потребно: извор на
струја, проводници, прекинувач, 2 светилки, амперметар, волтметар.
- Состави електричен
струен круг од наведените компоненти со 1 светилка и затвори го. Забележи ја
вредноста на јачината на електричната струја што ја покажува амперметарот.
- Во струјниот круг
врзи ја сериски и другата светилка. Што покажува сега амперметарот? Што забележуваш?
Запиши го твојот заклучок.
Задача 4.
Од втората и третата
задача може да се искаже Омовиот закон кој гласи – “Јачината на струјата е
правопропорционална со напонот, а обратно пропорционална со електричниот
отпор.”
- Изрази го Омовиот
закон математички:_______......
Наставно ливче
Прашања и задачи
1. Електричниот отпор кај металните проводници зависи од: а)
________
б) __________ в)
_________, а математички се изразува со равенката : ___________ .
2. Oмовиот закон гласи: ______________________________....,а
математички се изразува со равенката: ________________.
3.
Единица мерка за електричен отпор е _____ , а се дефинира
__........... .
4.Колкав отпор дава проводник низ кој при
напон од 220 V тече струја со јачина од 5,5 А?
5.Колкав е електричниот отпор на
бакарен проводник со напречен пресек 1 mm2 и должина 1 km?
Нема коментара:
Постави коментар