Оперативен план за наставен час по физика за
VIII одделение дата:
наставник: ____________
училиште: _____________
|
||
Наставна тема:
|
1. Електрични и магнетни појави
|
|
Наставна
содржинa:
|
1. 4. Струен круг и неговите елементи
|
|
Цели
на часот:
|
- Умее да ги чита симболите во струјниот
круг;
-
Составува едноставни струјни кругови;
-
Применува знаењата во практиката.
|
|
Услови
за работа:
|
- Училница во која клупите се наместени за
работа во групи;
- Учебник,
тетратка, молив, функционален картон, работна тетратка или наставно
ливче, извори на струја, проводници, светилки, прекинувачи, амперметри и др.
|
|
Следење, проверување и оценување на
постигнувањата на учениците:
|
- Следење на работата на секоја група;
-
Проверување на функцијата на сработеното;
-
Наставно ливче.
|
|
Организација и
активности на часот:
|
||
Фази на часот:
|
Наставник:
|
Ученик:
|
воведен
дел:
главен дел:
завршен
дел:
|
Обезбедува материјал за работа,
функционален картон, наставно ливче.
-
Поставува прашања за досега наученото за електричната струја;
-
Дава упатства за работа.
- Функционален
картон
- Ја следи работата
на групите, помага,
објаснува.
-
Ги анализира изработените струјни кругови, коментира;
-
Наставно ливче.
|
-
Oдговара на поставените прашања.
- Изработува
електричен струен круг, експериментира, размислува, се договара, ги решава
поставените барања во функционалниот картон.
-
Одговара на прашањата од наставното ливче, се консултира со групата, за
нејасни работи го прашува наставникот.
|
Предлог:
Функционален картон
Задача
1.
Напиши ја шематската ознака на наведените
елементи од струјниот круг:
а) проводник;
б) прекинувач;
в) потрошувач;
г) вкрстување проводници;
д) извор на електрична струја (галвански
елемент).
Задача
2.
Претстави шематски:
а) Отворен струен круг;
б) Затворен струен круг;
со
произволен број на елементи, а потоа според шемата состави го струјниот круг.
Што
се случува кога кругот е затворен, а што кога е отворен?
Што
заклучуваш?
Задача
3.
-
Пред тебе имаш 2 светилки, прекинувач, извор на електрична струја, амперметар,
проводници и приклучоци.
-
Состави струен круг, а потоа претстави го шематски.
Наставно ливче
Одговори на поставените прашања:
1.
Што е електричен струен круг?
2.
Во која насока се движат слободните електрони низ
проводниците?
3.
На што треба да се внимава при вклучувањето на
амперметарот во струјниот круг?
4.
Во кој случај низ струјниот круг не тече струја?
5.
Од кои елементи е составен прикажаниот струен круг?
додаток - шема на струен круг
Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:
Нема коментара:
Постави коментар