“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 17. август 2013.

Јаглеводороди - повторување





Наставен предмет/ oдделение

Наставна тема
Наставна содржина/ лекција

Траење


Наставник

хемија
VIII

јаглеводороди
Тематско повторување со примена на компјутери

2 часа
Аида Петровска
ОУ "Димитар Миладинов"
Општина Центар - Скопје

Очекувани резултати:
Учениците:
- Разликваат заситените од незаситените јаглеводороди, воопштуваат, извлекуваат заклучоци;
- Ги применуваат  знаењата при создавањто нa пезенацијата;
- Работат во MS OFFICE;
- Работат во Writer и Impress (Edubuntu).
- Да умеат да демонстрираат наученото;
- Да умеат да наведуваат претствници на заситени и незаситени јаглеводороди;
- Да умеат да ги запишуваат рационалните и  стрктурните формули;
- Да ги знаат својсттвата на јаглводродите.
- Изработена квалитетна презентација

Форми и методи: индивидуална, фронтална, работа во групи, самостојна работа

Потребни материјали и опрема за реализација:
- Функционален картон со насоки за работа и прашалник за самооценување на работа во група ( прилог 1);
- Потсетник за работа во група(прилог 2);
- Евидентен лист за наставникот – за утврдување на успешноста на часот (прилог 3);
- Компјутери (позајмени лаптопчиња од колегите), мобилен телефон (фотоапарат),проектор, стик......

Активности и насоки од претходниот час:
- Наставникот им го објасни ракувањето со наставничките лаптопчиња и ги запозна со работата во Writer и Impress (Edubuntu).
- На учениците им беше најавено дека наредниот час ќе повтоваме за јаглвододи;
- Учениците добија задача да подготват материјали за презентација - јаглеводороди.

Активности на часот:
- Учениците работат во група;
- На учениците им се поделува функционален картон (прилог 1) од каде се запознаваат со задачите на кои ќе раотат.
- Учениците  работат според упатство.
- Наставникот ја следи работата на групите, помага доколку е потребно и пополнува евидентен лист.
- Наставникот дава повратна информација за сработеното.

Посебни активности за учениците кои побрзо напредуваат:
 Им помагаат на сочениците,објаснуваат, креираат.

Забелешки и рефлексија од реализацијата на часот:
Иако со малку потешкотии, учениците дојдоа до саканата цел.
Добивме четири квалитетни продукти – презентации, од кои едната ја прогласивме за најдобра и ја пративме на натпревар во Народна техника.
Презентациите ги објавивме на THINKQUEST, а потоа со јавно гласање избравме најдобра.
Учениците изјавиле дека сакаат што повеќе часови организирани на овој начин.

Прилози
ПРИЛОГ 1:
Функционален картон со прашалник за самооценување:

I FAZA – Прибирање на информации и илустрации
(завршена фаза)
Упатство за прибирање податои:
СЛЕДИ ГИ УПАТСТВАТА ДА ДОЈДЕШ ДО ПОСТАВЕНАТА ЦЕЛ!
( Оваа фаза се спроведува од започнувањето со изучвањето на темата до завршувањето на изучувањето на темата, а доколку има интрнет во училиштето, би било  баво едеден час да се издвоји за прибирање и селектирање на податоци, доколку нема чениците прибираат нформации и ги обработуваат на домашните компјутери како домашна задача и ги  донсуваат снимени на стикче)
Сите прибрани податоци стави ги во една папкаа на desktop. Издвој ги информациите од учебникот, оние што сметаш дека трба да бидат дел од твојата презентација. Изработи еден ВОРД документ во кој ќе запшеш сето онаа што сакаш да биде запшано на сите слајдови (изработи развојната шема). Потоа од документот ќе копираш и внесуваш на сооодветните слајдови.
Мало потсетување  ( доколку работиме во кабинетот по информатика):
Упатство за работа во MS WORD , од пакетот на “Microsoft Office”
1. Програмот се стартува со кликнување на “Microsoft Word”, по стандардна инсталација на програмот, икони се создаваат на работната површина и во стартното мени (кликнуваш  “START”  од левата долна страна на екранот, откако ќе се појави менито, кликнуваш на “PROGRAMS” , “Miscrosoft Office” и во папката на“OFFICE”  кликни на “MS WORD”)
2. Одбери фонт по желба (исклушиво кирилица) со големина 18.
3. Напиши се што сметаш дека ти е потребно за презентацијата.
4. Сними го текстот
II ФАЗА – ИЗРАБОТКА НА ПРЕЗЕНТАЦЈА
Упатство за работа во “POWER POINT” од пакетот на “Microsoft Office”
Програмот се стартува со кликнување на иконата “POWER POINT” , кликни “START” од левата долна страна на екранот, откако ќе се појави менито кликнуваш на  “PROGRAMS” , “Miscrosoft Office” и во папката на  “OFFICE” кликни на  “POWER POINT”.
Отвори нова презентација со кликнување на”NEW” со што ќе се создаде нов образец -“Template”.
Од десната страна на екранот избери празна презентација – “Blank  Prezentation”  т.е. изгледот на слајдот.
 4. Избери наслов на слајдот “Title Slide” и на местото на насловот Јаглеводородиво кое ќе ти се појави мени н а кој начин сликата сакаш да ја внесеш. ЗНАЧИ ти треба постоечки документ, кликнуваш  “FROM FILE”, ја бараш таму каде што си ја зачувал сли ката, ја бележиш со лево кликнување и кликнуваш “INSERT” во даденото прозорче.
5. Вметни нов слајд од менито  “Insert, избери ја опцијата “New Slide”(CTRL+M ). Внеси го твоето име и презиме и училиште.
6. Како наведеното во точка 5 внеси нов слајд и во него внеси ја фотографијата (во горното мени кликни на  “INSERT” и во него ќе побараш “PICTURE” во кое ќе ти се појави мени на кој начин сликата сакаш да ја внесеш, ЗНАЧИ, значи ти треба од постоечки документ, кликнуваш “FROM  FILE”, ја бараш таму каде што си ја зачувал сликата, ја бележиш со лево кликнување и кликнуваш “INSERT” во даденото прозорче.  
7. Како во претходната точка, избираш нов слајд. Во него внеси го напишаниот текст и како во точка 6 ќе внесеш текст наместо слика, ЗНАЧИ, во горното мени кликнеш на  “INSERT” и во него ќе побараш “Slides from Outlines”, во кое ќе треба да го најдеш претходно создадениот текст документ, откако ќе го обележиш со лево кликнување, кликнуваш на “INSERTво даденото прозорче.
ВТОРА ОПЦИЈА е да ископираш текст од веќе напишан документ. Отвори го пишаниот документ и одбери дел од текстот, десен клик на копчето од глувчето врз обележаниот текст, притисни “COPY” да го копираш. За да го вметнеш на друг празен слајд повторно притисни десно копче и кликни “PASTE”.

Упатство за работа во “IMPRESS” од пакетот на “OpenOffice”( исто како за  POWER POINT - od paketot na “Microsoft Office”)
Презентацијата можете да ја израбтите и во ЕДБУНТУ.
Одбери АПЛИКАЦИИКАНЦЕЛАРИСКИIMPRESS,
потоа ВМЕТНУВАЊЕСЛАЈД (бројот на слајдови е по твој избор).
На секој слајд со вметни – слика, посави слики, а со копирај – вметни, внеси текст.
III ФАЗА  - ПРЕЗЕНТИРАЊЕ
  1. Секоја група бира презентер.
  2. Сите групи внимателно слушаат.
  3. По презентирањето даваат свое мислење за секоја презентација.
  4. Прогласваат најдобра презентација која ќе не претставва на натпреварот по применета хемија.

Прилог 1.

ЛИСТА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ       Име и презиме:_______________
1. Какво беше твоето учество во изработка на презентацијата?

2. Што научи од оваа практично искуство?

3. Кои се твоите јаки страни во улогата што ја имаше превземено во процесот на
    создавањето на презентацијата?

4. Кои се твоите слаби страни?

5. Доколку имаше повеќе време што би направил поинаку и зошто?

6. Вреднувај ја твојата работа на часот со оценка од 1 до 5 и објасни зошто.

ПРИЛОГ - 2

ПОТСЕТНИК ЗА ГРУПНА РАБОТА
СЕКОГАШ:
1. Пред да започнеме со решавање на здачата   проверуваме дали сме ја  разбрале.
2. Се држиме до дадената задача што ни е дадена  од наставникот.
3. Додека работиме, секој од групата дава свои предлози и мислења.
4. Секој го слуша мислењето од другарите (го  сослушува).
5. Крајниот заклучок го даваме откако ќе направме анализа на сите идеи и  предлози дадени во  групата.
6. Додека работиме, имаме член од групата кој води белешки за нашата  дискусија и ја координира работата
7. Правилно ги распределуваме задачите во грпата.
8. Сите бележиме што ново научивме на овој час.
Прилог 3:
Листа за проверка  при  оценување на презентација
Подготовка
Проверува дали има се што е потребно и дали функционира.
Организација
Има јасен вовед.
Има логичен развој.
Извлекува заклучок.
Содржина
Презентацијата дава релевантни информации
Презентацијата покажува добро користење на изворите
Презентацијата
Зборува јасно,
користи соодветен јазик,
користи соодветни движења на телото,
поставува прашања и обезбесува одговор на поставените прашања,
ги почитува временските рамки.
Способност за презентација
Ги прилагодува информациите за слушателите,
јасноста и текот се очигледни,
добро одговара на прашањата.
Домашна задача:
Сите презентации објавете ги на вашите страници на THINKQUEST и по пат на гласање одберете ја онаа за која сметате дака е најдобра и ги запазува сите пропозиции на една презентација.
Никој нема право да гласа за сопствената презентација.
Најдобрата презентација  ќе ја испратиме на натпревар во Народна техника.

Нема коментара:

Постави коментар