“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 01. фебруар 2014.

Јуриј Гагарин


Јуриј Гагарин е роден  на 9 март 1934 година во близината на Смоленск. Го завршил занаетчиското училиште во Луберецк во 1951 година а  1955 година во  Саратово завршил индустриски техникум  и пилотски курс во аеро клуб. Школувањето го продолжил во Оренсбург и веќе во 1957 година станал пилот – ловец, на Советските воздухопловни сили. Гагарин, својот “мал чекор” го направил на 12 април 1961 година кога со вселенскиот брод “Восток”, ја обиколил планетата. Тоа претставувал прв лет на човекот во Вселената и ерата на космонаутиката од тој момент била отворена. На овој лет, Гагарин направил еден круг околу планетата. Полетал од космодромот Бајконур, во 9:07 ч. по Mосковско време, влегол во елиптичната орбита, ја достигнал висината од 327 km и по 108 min се спуштил на територијата на Советскиот Сојуз во селото Смеловк, јужно од Саратов. Загинал на 27 март во 1968 година во авионска несреќа, додека тестирал млазен авион.

Нема коментара:

Постави коментар