ПАЛАЧИНКИ |
Секако, тоа не биле палачинки онакви какви што ние денес јадеме. Печената мешавина од млеко, брашно, јајца и зачини, античките Римјани ја нарекувале "alita dolcia", што во превод би значело "нешто слатко", а истата наликувала на погача или омлет. Палачинките какви што ние денес јадеме се настанати во Европа во средниот век. Самиот збор палачинка доаѓа од унгарскиот збор "palacsinta". Во текот на историјата, состојките за палачинки се менувале и надградувале.
Брашно, пченка и компир се дел од состојките од кои што се правеле палачинките. Некогаш тие се печеле на огниште во импровизирани тави. Денес се печат во специјални тавчиња за палачинки.Тенки или дебели, солени или слатки, прелиени со најразлични сирупи или п осипани со овошје, сите видови на палачинки се прилагодени на најразлични национални кујни и локални обичаи.
Подготвување на смесата:
Се матат добро 3 јајца во подлабока чинија со лажица (обична или лажица за мешање).
Се додава 1/2 кгр. брашно и заедно се промешуваат добро.
Се додава малку сол, а потоа се додава по малку млеко додека не се потроши половина литар.
Се меша добро додека смесата не се изедначи.
Смесата треба да има густина како јогурт. Да не биде многу густа, но и премногу ретка.
Пржење на палачинките:
Во тавче се става малку масло додека добро не се загрее. Со салфета или тоалетна хартија намастете со масло на тавчето по секоја палачинка. На тој начин избегнувате да се лепат палачинките.
Во загреано масло се додава по една кутлача од предходно подготвената смеса. Се разлева веднаш во тавчето за да бидат палачинките што потенки.
Штом ќе се испржи едната страна палачинката се превртува и се пржи и од другата страна.
Во тавче се става малку масло додека добро не се загрее. Со салфета или тоалетна хартија намастете со масло на тавчето по секоја палачинка. На тој начин избегнувате да се лепат палачинките.
Во загреано масло се додава по една кутлача од предходно подготвената смеса. Се разлева веднаш во тавчето за да бидат палачинките што потенки.
Штом ќе се испржи едната страна палачинката се превртува и се пржи и од другата страна.
Кога е готова се става на чинија. Палачинките пржете ги додека се потроши
тестото.
НАЈЕДНОСТАВНО СЕ ПОДГОТВУВААТ ПОСНИТЕ ПАЛАЧИНКИ СО КИСЕЛА ВОДА, БРАШНО,
МАЛКУ СОЛ и МАСЛО ЗА ЈАДЕЊЕ. СЕ ФИЛУВААТ СО ШТО САКАТЕ, СОЛЕНИ или СЛАТКИ.
Дали сте знаеле дека токму денес на 4. март 2014 година, во Велика Британија, Северна Ирска и во некои други делови во светот им се одава почит на палачинките и тоа на најубав можен начин, со приготвување на многу различни типови палачинки.
ОдговориИзбришиНо, зошто токму овој ден?
Денот посветен на палачинките секоја година се слави на различен датум, веќе 500 години, но секогаш е вторникот кој претходи на почетокот на четириесетдневниот пост пред Велигден кој го празнуваат католиците. Се започнало на тој начин што една Британка на велики вторник одлучила да испече палачинки и да ги наполни со сите намирници кои не смеела да ги јаде за време на постот, а постоела можност да и се расипат. Во меѓувреме се чуле црковните ѕвона и таа за да не задоцни на миса трчала со палачинките во раце. Тоа го забележале нејзините комшии и пријатели и оттогаш секоја година во чест на овој настан одлучиле да организираат трка со палачинки. Ние немаме ваква трка, но ги сакаме палачинките и тоа е доволна причина денес да се најдат на нашата трпеза.