“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

понедељак, 22. јул 2013.

Риба како извор на минерали и витамини

Веќе сите знаеме зошто на трпезата два до три пати седмично треба да имаме риба како извор на минерали и витамини. Дека навистина е здрава, доволен доказ ни се жителите на приморските земји, кои во исхраната често користат риба па во просек и живеат подолго и имаат помалку проблеми со малигни и кардиоваскуларни заболувања. Она што рибата ја прави посебна е фактот дека содржи малку калории, а многу корисни материи потребни на организмот. Рибиното месо содржи: бакар, калциум, натриум, незаситени масни киселини, протеини, селен, цинк белковини, витамини од Б комплексот, железо, јод, калиум. Месото од риба и рибиното маслио како составен дел на редовната исхрана го намалува ризикот од инфаркт, смртноста од инфаркт, ги штити коските, спречува појава на рак и го успорува процесот на стареење. Рибиното месо делува како лек на многу болести и тегоби: акни, анемија, анксиозност, болести на крвните садови, болести на срцето, дебелина, губиток на помнење, депресија, импотенција, имунодефициенција, некои видови рак, неплодност, несоница, остеопороза, зголемен крвен притисок, ПМС синдром, проблеми со кожата, проблеми во менопаузата, проблеми во бременоста, синдром на хроничен умор, намалени триглицериди во крвта, намалени липиди во крвта, стрес, го успорува стареењето. Јадете почесто риба ако сакате да го зачувате добриот вид. Рибата е особено полезна за очите поради тоа што е богат извор на омега-3 масни киселини. Редовната консумација на омега-3 масни киселини ги заштитува малите крвни садови кои се наоѓаат во очите. Консумирајте риба како лосос, харинга или сардина барем 2 пати неделно.

Диета со риба 
Рибата содржи голема концентрација на витамин Д кој е неопходен за нормален раст и развој како и за формирање на коскеното ткиво. А масните киселини кои исто така ги има во изобилие се превенција од најразлични болести на крвоносниот систем и срцето. Затоа диетолозите препорачуваат вклучување на рибата во многу диети.
Наутро почнувате со 2 чаши зелен чај, две јајца варени, кисело млеко, една таблета витамин Ц, што после петиот ден може да се замени со некое овошје по избор.
Во 11 часот – Испиј пред јадење чаша вода. Во почетокот се јаде само половината риба за да го смириш гладот и да го стартираш процесот на варење на храната.
После половина час се дојадува рибата гарнирана со варен зеленчук. Ограничете ја консумацијата на сол, а зголемете ја употребата на бибер, кромид, лук, кориандар и босилек кои го забрзуваат метаболизмот. Рибата треба да биде печена и не повеќе од 200 гр.
Ручекот започнува најпрво со две чаши вода пред јадење. Менито се состои од 200 гр печена немасна риба со зелена салата или брокули на пареа и кисело млеко.
17 часот – Најпрво испијте голема чаша вода. Секојдневно треба да се консумира 2-2,5 литри вода. Вечерното мени е исто како и ручекот со таа разлика што рибата можете да ја замените со некои други морски плодови по избор, кои исто така треба да бидат печени и без употреба на маснотии.
Пред спиење испијте две големи чаши зелен чај.

Филети од ослиќ 
Потребно: 500 g филети ослиќ, 100 ml суво бело вино, 200 g oриз, 50 ml масло, малку магдонос, 2 чешниња лук,1 главица кромид, 100 g домат малку зачин.
ПОДГОТОВКА:
Филетите измијте ги и зачинете ги со, црн пипер, зачин, сечкан лук и магдонос. Во тенџере или огноотпорен сад ставете малку масло па распоредете го сечканиот кромид. Преку кромидот ставете домати исечени на кришки, па посипете со ориз. Преку оризот наредете ја рибата, налијте со вода, вино и малку масло, сè добро да биде покриено. Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и печете во рерна на 200 степени. 

(Осличот е риба со издолжено тело, широк устен отвор и долга вилица со силни заби. Достигнува должина до 1 m и тежина до 10 kg. Се храни со Сардини, Скуши и Харинги. Живее во Североисточен Атлантик, Црно и Средоземно Море.)


Нема коментара:

Постави коментар