Ф 'стак |
Под лушпата се наоѓа виолетова кожичка, а под неа зелен плод со препознатлив вкус. При созревање лушпата пука. Секое стебло на ф'стак во просек дава околу 50 kg плодови. На дрвото му се потребни 20 години да почне да дава квалитетни плодови а живее со векови доколку расне во поволна сончева клима. Татковината на ф'стакот е југозападна Азија, Иран, Сирија, Авганистан, но успева и во јужна Франција, Грција и Шпанија.
Ф'стаците се едни од највкусните јаткасти плодови. Со 100 g Фстаци добивате 550 калории, содржат Витамин Ц, одлични се антиоксиданти, Витамин А, калиум, железо, витамин Б6, тиамин, бакар и манган. Во 100 g фстаци има 5,9 g протеин, 51,6 g јагленихидрати, 17,4 g масти и 6,5 g диетални влакна.
Ф 'стаците се добар извор на витаминот
Б6 кој е основен за создавање на хемогоблин, а тој, пак, клетките ги снабдува
со кислород. Витаминот Б6 е добар и за поттикнување на имунитет, создавање на
црвени и бели крвни зрнца, одржување на слезинката и лимфните јазли во здрава
состојба. Всушност, недостатокот на витаминот Б6 ја намалува способноста на
организмот да се бори со инфекции. Ја збогатуваат кожата со витаминот Е, а тој
ја штити од прерано стареење, од
ултравиолетовите зраци и од рак. Го одржуваат видот здрав затоа што ф
'стаците содржат каротеноиди, зеаксантин и лутеин, кои ретко се наоѓаат во
другите јаткасти плодови. Каротеноидите штитат во форма на антиоксиданти, кои
го спречуваат штетното влијание на слободните радикали. На ф'стаците им се
припишува и способноста да го намалат ризикот од макуларна дегенерација (т.н.
старечко перде). Ф'стаците се добар извор на фосфор, што е поволно за гликозна
толеранција и за претворање на протеините во аминокиселини. Една рака суви
ф'стаци е одличен лек за дијабетичари. Се смета дека ф'стаците го намалуваат
лошиот и го зголемуваат процентот на добриот холестерол во телото. Ова помага
да се намали ризикот од срцеви заболувања. Како дел од исхраната, помагаат во
регулацијата на крвниот притисок. Луѓе со нарушена работа на бубрезите треба да
го ограничат внесот на ф'стаците во организмот, поради калиумот.
Баклава со чоколадо и ф'стаци |
Потребни состојки: 100 g чоколадо, 100 g ф'стаци сечкани, 1
лажица мед , 8 кори за баклава, 20 g путер растопен, шеќер
во прав, за декорација, 1/2 лажичка цимет , 1/4 чаша хопла
Подготовка: Рерната ја загреваме на 180
степени, ги сечкаме ги ф'стаците на парчиња и ги оставеме на страна. Во
помало тенџере ја ставеме хоплата и половина лажичка цимет и ја вариме на оган
со средна јачина. Кога ќе се загрее го додаваме чоколадото искршено на коцки и
мешаме додека да се растопи. Потоа ги додаваме во чоколадото ф'стаците и ги
промешуваме. Го тргаме тенџерето од оган и го оставаме да се излади.
Го топиме путерот во мало тенџере. Земаме една кора за баклава, ја превиткуваме на половина, ја мчкаме со малку растопен путер, земаме две лажици од чоколадото и ставаме на средина од кората. Ја превиткуваме кората од двете страни за да го преклопиме чоколадото, а потоа ја виткаме во ролна. Продолжуваме со останатите кори.
Ги ставаме свитканите парчиња баклава во тавче. Ги мачкаме одозгора со остатокот од путерот. Ги ставаме во загреаната рерна да се печат околу 10 минути додека да добијат златно жолта боја.
Ги сервираме изладени, пресечени на половина и декорирани со шеќер во прав.
Го топиме путерот во мало тенџере. Земаме една кора за баклава, ја превиткуваме на половина, ја мчкаме со малку растопен путер, земаме две лажици од чоколадото и ставаме на средина од кората. Ја превиткуваме кората од двете страни за да го преклопиме чоколадото, а потоа ја виткаме во ролна. Продолжуваме со останатите кори.
Ги ставаме свитканите парчиња баклава во тавче. Ги мачкаме одозгора со остатокот од путерот. Ги ставаме во загреаната рерна да се печат околу 10 минути додека да добијат златно жолта боја.
Ги сервираме изладени, пресечени на половина и декорирани со шеќер во прав.
Нема коментара:
Постави коментар