“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 27. април 2013.

КРОМИД

Кромид
Кромидот е еден од најстарите зеленчуци познати на човештвото. Постојат неколку сорти од овој тркалезен зеленчук: жолт, црвен (полут и поблаг), бел, бисерен и благ кромид. Тој се употребува како додаток или зачин во сите светски кујни. Може да се најде во свежа, замрзната, конзервирана и дехидрирана состојба, како и во прав. Овој зеленчук може да се користи во речиси секој вид на храна. Може да се јаде пржен или свеж во салати, но и како зачин. Во зависност од врстата, кромидот може да биде со остар или благ вкус.
Кромидот е многу здрав зеленчук. Луковицата од кромидот содржи вредни лековити материи и може да се користи како природен лек за многу заболувања.
Во исхраната се користи преку цела година: млад (зелен) кромид, во пролет, млади главици кромид, преку летото и зрел кромид во зимата.
Од хранливи состојки кромидот содржи многу јагленохидрати, во мали количини растителни белковини и масти. Но, вистинската вредност на кромидот во исхраната потекнува од содржината на витамини и минерали. Тој е вистинска ризница на витамини, минерали, олигоелементи, билни хормони... Содржи калиум, сулфур, витамини Б1, Б2, Ц, К, П, бета каротин. Кромидот во организмот дејствува слично како инсулинот.
Се смета дека кромидот помага при широк спектар на заболувања, од обична настинка, па сè до срцеви заболувања, дијабет, остеопороза, реума и некои други болести. Тој содржи хемиски соединенија за кои се верува дека имаат антивоспалителни, антихолестеролски, антиканцерогени и антиоксидативни својства. Едно од тие хемиски соединенија, на кое му се препишуваат многу корисни својства е кверцетинот.
Кверцетинот има антиканцерогени ефекти. Тој спаѓа во групата растителни пигменти наречени флавоноиди, кои се раствораат во вода. Се однесува како антихистамин и има антивоспалителни карактеристики. Меѓу многуте евидентни дејства на кверцетинот се и силните антиоксидантни карактеристики. Ја намалува оксидацијата на ЛДЛ (лошиот холестерол), односно го заштитува срцето.
Големиот број студии сугерираат дека кверцетинот може да има антиканцерогени својства. Кверцетинот како диетален додаток во исхраната станува сè попопуларен.
Кверцетинот се смета за фитоестроген (растителна супстанција со симулирачки функции како хормонот естроген). Се верува дека некои фитоестрогени имаат антиестрогенски ефект, што може да доведе до намалување на ризикот од некои видови на рак (рак на дојка, рак на простата). Со лабораториски тестови е докажано дека кверцетинот има антиестрогенска активност.
Лабораториски испитувања од Мayo клиниката покажуваат дека кверцентинот може да помогне во третирањето на рак на простатата, бидејќи ги блокира машките хормони што го стимулираат растот на раковите клетки на простатата. Според други студии, кромидот помага и во лекувањето на воспалението на простатата мажите со воспалена простата (простатитис) што земале кверцетин се редуцирале уринарните симптоми.
Кај луѓето што внесувале храна која содржи кверцетин и други флавоноиди е забележан намален ризик за рак на бели дробови, на желудник, на панкреас и на дојка.
Резултатите од испитувањата за флавоноидите сугерираат дека постојаното консумирање растителни продукти кои содржат кверцетин може да претставува висок заштитен ефект од рак на бели дробови.
Некои истражувања покажале дека зголемената исхрана со кромид доведува до намалување од ризикот за добивање рак на главата и вратот.
Во кромидот се наоѓаат многу состојки кои делуваат бактерицидно, т.е се борат против бактериите и другите микроорганизми, кои се причинители на разни воспаленија. Бактериостатиците во кромидот го даваат неговото лековито својство. Затоа често се препорачува при настинки, кашлица, акутен и хроничен бронхит, астма и други воспалителни заболувања.
Покрај тоа, кромидот ја прочистува и крвта, ги прочистува крвните садови и ја спречува атеросклерозата.
Со еден збор, кромидиот е здрава храна и природен лек.
Според гастрономската литература,најмногу го сакаат Французите. Нашироко е популарна нивната супа од кромид.
Присутен е во многу јадења во турската кујна, а најпознате е јадењето Соган долма со извлечени слоеви кромид полнети со мелено месо. Кај нас речиси е задолжителен во секое готвено јадење и како прилог кон месо на скара, состока во бројни салати. Македонската, шопската и компир салатата не можат да се замислат без кромид. Потекнува од Азија, а во Месопотамија и Египет го одгледувале уште пред шест милениуми. Денес е едно од најраспространетите растенија на светот. Во нашите краишта доаѓа во средниот век преку Италија. Иако исто како и во љубовта предизвикува солзи, не ни паѓа на памет да се откажеме од него.

Кога чистиме или сечкаме кромид, нашите очи се нападнати од киселина. Додека расте, кромидот собира сулфур од земјата, кој потоа се спојува со аминокиселина во клетките на кромидот и на тој начин се создава аминокиселината - сулфоксид.
Јапонските научници издвоиле ензим кој се наоѓа во кромидот, а благодарение на него се ослободуваат сулфоксиди кога се сече кромидот.
Со реакцијата се произведува киселина која со голема брзина се претвора во гас пропанетиол С-оксид. Кога тој ќе стаса до површината на окото, реагира со водата од солзите, и се создава сулфурна киселина која почнува да пече, поради што доаѓа до поинтензивно лачење на солзите.
Како да го решите овој проблем? Најдобар совет е кромидот пред сечење да се држи во ладилник, бидејќи со ладењето се забавуваат хемиските реакции кои го поттикнуваат „плачењето“.



Нема коментара:

Постави коментар