Што е мултикултурно образование?
• експонирање на сите ученици на содржини преку кои се запознаваат со
културата на другите (за да се овозможи малцинските култури да учат и за себе,
а мнозинските да учат и за нив)
• целта е да се обезбеди почитување на другите преку
запознавање со нивната култура
• се внесува преку содржини (вербални и сликовни) од
областа на историјата, литературата, музиката, ликовната уметност и сл.
• може, но не мора да се учи преку контакти со другите.
Што е меѓуетничко интегрирано образование во
РМ?
• обезбедување што е можно повеќе заеднички aктивности
меѓу учениците кои учат разделени според јазикот на наставата (на пр., Мак и
Алб) или по друга основа (како Ром)
• кога не е можно преку наставните активности, се
постигнува преку воннаставни активности
• не е толку важно што учениците ќе прават, туку да
прават заедно нешто што е од заеднички интерес
• важен е продуктот од заедничката активност (определен
преку заедничката цел), како што е важен и процесот на доаѓање до продуктот (низ
непосредна интеракција)
Целта на меѓуетничкото интегрирано
образование е учениците да се научат на која им е неопходна за компетентно
живеење во мултиетничко општество
• да се намалат предрасудите преку контакт со припадниците на другите етнички/културни заедници
•да се зголеми соработката
–
активностите треба да се одвиваат во
кооперативна атмосфера, а не во компетитивна
• да се создадат односи на меѓузависност
–
продуктот од активностите да зависи
од заедничкото учество на сите
Нема коментара:
Постави коментар