Велигден или Ден на Воскресението Христово е најважниот верски празник во православниот календар. Христијанските верници со овој празник го прославуваат воскреснувањето на нивниот бог Исус Христос по неговата смрт со распнување околу 27-33 година н.е. Тоа се случило на третиот ден по неговата смрт, сметајќи го и денот на смртта т.е. првиот ден недела после Велики петок. Православните христијани на тој ден се поздравуваат со поздравот „Христос воскресна“ на што се одговара „Навистина воскресна“. Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година според грегоријанскиот (цивилниот календар) или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според лунарниот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар. Велигден се празнува после еврејскиот празник Пасха (хеб.pessach), во првата недела после полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај. Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела. Потоа доаѓа празникот Цветна недела (Цветници), Светла седмица, и најпосле самиот Велигден, и постот прекинува веднаш по Божествената литургија. По велигден следи Томината недела, за време на која нема постење дури ни во среда и петок. Велигденската служба започнува на полноќ (почеток на Велигденското утро). Со тоа што оваа служба е на полноќ, на истата ѝ е загарантирано дека ниедна литургија нема да дојде пред неа изутрината. Ова се должи на фактот што Велигден се смета за „празник над празниците“.
Обичаи за прославата
на Велигден
Прославата на најголемиот христијански празник, Велигден,
започнува доцна на Велика Сабота, пред полноќ, кога верниците се збираат околу
храмовите, а трае во текот на целиот ден Велигден, кога се прославува
воскресението Христово. Кога верниците ќе пристигнат пред храмот, неговите
врати се затворени. Сите со нетрпение го чекаат полноќ, кога ќе пристигне веста
за празниот гроб, доказот за воскреснувањето на Исус, што всушност ги поставило
темелите на христијанската религија. Неколку мигови пред полноќ, свештеникот ги
поведува верниците на три кругови околу црквата, во исчекување на радосната
вест. Круговите ги симболизираат трите најтешки денови од Велики Петок (смртта
на Исус) до Велигден. По трите круга, отчукува полноќ, вратите се отвораат и
храмот ја прима реката верници што дошле да го прослават празникот.
Потоа церемонијата продолжува со пеење на песните кои раскажуваат за победата над смртта, за вечниот живот којшто Исус им го подарил на мртвите. По завршувањето на песните, започнува причесната. Тогаш се причестуваат сите оние коишто постеле за време на велигденските пости, примајќи го виното, крвта и нафората, телото Исусово.
Потоа церемонијата продолжува со пеење на песните кои раскажуваат за победата над смртта, за вечниот живот којшто Исус им го подарил на мртвите. По завршувањето на песните, започнува причесната. Тогаш се причестуваат сите оние коишто постеле за време на велигденските пости, примајќи го виното, крвта и нафората, телото Исусово.
Нема коментара:
Постави коментар