Долината
на реката Уна е едно од најубавите природни богатства на целиот Балкан. Уна
извира во Хрватска кај Доња Суваја, а нејзиниот извор е најдлабокиот карстен извор во Хрватска
и е меѓу петте најдлабоки извори од овој вид во светот.
Јаподските острови се неописиво убав зелен рај кој го крие реката Уна. По својот тек, поточно околу 90 километри, оваа река ја формира административната граница меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска. Се влева во реката Сава во близина на градот Јасеновац, од каде обично започнуваат туристичките тури за запознавање на овој крај.
Јаподските острови се некогашен дом на најстарото илирско
племе Јаподи. Самите острови формираат облик на срце и се
интересни како форма, местоположба, клима и природна убавина.
Јаподите
претставуваат етничка група на илирски племиња, кои во текот на средниот век ја
населувале територијата на денешна централна Хрватска. За нив е интересно што
тие беа мнозински политеистички луѓе кои имаа свои посебни богови, а во близина на градот Бихаќ можете да
ги најдете урнатините на храмот на Богот на водата Биндус, нивниот врховен Бог,
кој најмногу наликува на Нептун од римската
митологија. Меѓу другите богови се издвојуваат Видасус - покровител на лекарите, како и божицата Тхана, чија фигура е
исклесана во камениот релјеф кај Јастребарско.
Јаподите оставиле траги од живот на неколку локации по долината на реката Уна, особено во областа Рачиќ.
Уна,
една од најубавите реки во Босна и Херцеговина, го опкружува островот од сите
страни нудејќи рафтинг, кајак, нуркање ,
а кањонот планинарење и
фотосафари.
Нема коментара:
Постави коментар