“Секој во себе слободен човек ќе цени едно учење по она што тоа го носи, а не по тоа кој го носи. За секого кој испитува, ова второто гледиште претставува доказ на сиромаштво. Златото е злато и во раката на кнезот и во раката на питачот.” К.К.

субота, 23. јул 2022.

СТАРИ ГРАД ОСТРОЖАЦ, ЦАЗИН, БиХ, УНСКО - САНСКИ КАНТОН


     Многу од средновековните тврдини и градови се зачувани во питомата и убавата област на Босанската краина, која потсетува на минатите времиња и бурните настани во регионот. Старата тврдина и замок Острожац  е вистинска скапоценост меѓу нив.

   Острожац  најдолго се населувал, често се реновирал и се прилагодувал кон сите периоди, затоа што тие што го населувале си го приспособувале на своите потреби. Античките документи велат дека уште во 1286 година неговото име било запишано во историјата. Хроничарот Иван Томашевиќ тврди дека постоел запис и под името Хоросиум или Хостосах уште во 405 година п.н.е. (не е историски докажано.). Уште во 15 век Острожац имал сопствен судија, совет, писар и печат. Во 1577 година  градот паднал под власт на Османлиите. Најголема заслуга за поправката и надградбата на тврдината Острожац има  Осман ага Беширевиќ (1690 - 1727),  кој е и првиот капетан на капетанијата Острожац. На крајот на 16 век  капетанијата броела 150 луѓе, во средината на 17 век броела 204 луѓе, а во 18 век капетанијата броела 266 луѓе и имала 2 поголеми и 4 помали топови. На почетокот на 19 век Острожац бил опремен со 28 топови и капетанијата броела 4150 војници. Со доаѓањето на Австро -Унгарија и нејзината окупација семејството Беширевиќ, поточно нивниот наследник Мехмед Бег Беширевиќ, го продале градот на Лотар фон Беркс, кој истотака и бил началник на тогашниот округ Бихаќ од 1896 до 1905 година. Фон Беркс продолжил со обновување и надградбата на градот во кој и се преселил (во 1902 година). Новото поглавје на старата тврдина и замок Острожац е започната во 1969 година, кога на иницијатива на Републичкиот фонд за унапредување на културни дејности е основана Колонија на скулптори „Острожац“. 
  Секоја година, во јули и август, скулпторите резбаат скулптури од различни формати од  камен бихацитБлагодарение на Колонијата, стариот град Острожац  доби Парк на скулптури, кој е еден вид на галерија  под отворено небо.

Како да го најдете ова место?

     Замокот се наоѓа веднаш до главниот пат кој ги поврзува градовите Бихаќ и Цазин. Само на 9 km од центарот на Цазин и 17 km од центарот на Бихаќ. Има неколку патокази кои ќе не однесат до саканата дестинација. Од кој правец и да дојдеме замокот ќе ни „падне“ во очи и нема да можеме да поминеме без да го забележиме

Паркингот е веднаш до влезот.

Забележливо е дека целиот простор околу а и внатре во замокот е многу чист и одржуван од управата

   Поради раскошната убавина што ја содржи оваа тврдина препорачувам да се одвојат неколку часа за детално да се разгледа и доживее во целост

   Секоја кула ни е достапна и можеме да се искачиме и да направите детална обиколка на утврдувањата на замокот.


     

Само последната кула е во многу лоша, состојба но овозможене пристап да се разгледува секоја просторија.





      На вториот кат има балкон (кој е достапен право низ ходникот),  од кој  се гледа прекрасната река Уна. 








       Покрај кулите, има колекција од (над) 100 камени скулптури  кои ако сакаме да ги разгледаме ќе треба да си дојдете многу порано.  

     Во текот на сите годишни времиња, стариот град Острожац изгледа прекрасно и е привлечен за посетители.  Не постои фотографија која може да ја прикаже оваа несекојдневна убавина, парче рај.






                                                                                       незаборавен јуни 2022

Нема коментара:

Постави коментар