Функционалниот картон
Вежба - Составување струен круг, мерење на јачина на
електричната струјата и електричниот напонот
Потребен прибор: Компјутер, интернет, инструкции изработени
ид наставникот, PHET или CIRCUIT BUILDER
симулација за составување на струен круг.
Тек на работа׃
1. Електричниот
струен круг состави го според дадената шема.
При составување електричен струен круг треба да се запомни
следново׃
а) Составувањето
на електричен струен круг секогаш се врши со отворен прекинувач.
б) Врзувањето во
кругот започнува со едниот пол на изворот и по последователното врзување на
сите елементи во него, се поврзува со другиот пол на изворот.
в) При врзувањето ва инструментите со кои се мери
истонасочна струја секогаш внимавај на поларитетот.
г) Амперметарот во електричниот струен круг секогаш се
врзува сериски со изворот и потрошувачите, а волтметарот секогаш паралелно.
ГЛАВЕН ДЕЛ:
1. Еден од учениците под надзор од наставникот, составува
струен круг според шемата, го мери напонот и јачината на струјата и ги запишува
измерените вредности.
2. Друг ученик го Исклучува прекинувачот, амперметарот и
волтметарот ги врзува во друга положба како на сликата. Го вклучува
прекинувачот. На амперметарот ја прочитува вредноста на јачината на струјата, a
на волтметарот ја прочитува вредноста на напонот и ги внесува во табелата.
3. Задолжение за сите ученици: Избери сам некоја трета
положба во која ќе ги врзеш амперметарот и волтметарот. Прочитај ги вредностите
за јачината на струјата и за напонот па внеси ги во табелата.
Завршен дел:
- Спореди ги вредностите на јачините на струјата. Што
заклучуваш?
- Врз основа на добиените вредности за напонот одговори на
следниве прашања:
а) Колкав е напонот меѓу половите на изворот на струја кога
електричниот круг е затворен?
б) Колкав е напонот меѓу половите на изворот кога
електричниот струен круг е отворен?
в) Дали се сеќаваш како се вика напонот што постои меѓу
половите на изворот на струја кога струјниот круг е отворен?
Нема коментара:
Постави коментар